симон трпчевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 15 Aug 2023 10:20:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png симон трпчевски – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонисимо на Трпчески и пријателите со бесплатен концерт во струмичкото село Секирник https://arhiva.vistina.com.mk/makedonisimo-na-trpcheski-i-prijatelite-so-besplaten-kontsert-vo-strumichkoto-selo-sekirnik/ Tue, 15 Aug 2023 10:20:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=313778

Македонисимо, проектот со македонска музика на пијанистот со светски глас Симон Трпечески и пријателите ќе биде прикажан в сабота, на 26 август во 20 часот во струмичкото село Секирник, соопшти КултурОп прес. Селото Секирник се наоѓа во општина Босилово, Струмица, во подножјето на планината Беласица и е родно место на мајката на Трпчески. Концертот во Секирник ќе биде организиран на отворено и ќе биде со слободен влез за сите заинтересирани љубители на Симон Трпчески и проектот Македонисимо. „ Како што минатата година ја стартувавме македонската турнеја Македонисимо 2022, со организациски исклучително предизвикувачкиот концерт во с. Збажди, Струга – родното место на таткото на Симон Трпчески на 1000 метри надморска височина, на планината Караорман, така оваа година со овој исто така несекојдневен концерт ја стартуваме Балканската турнеја на Македоносимо, што ќе трае до октомври и ќе ги вклучи настапите во Хрватска, Србија, Словенија, Црна Гора, Романија - велат од КултурОп. Овој проект ја имаше својата светска премиера на 18 мај 2017 година, на фестивалот Лудвигсбург, Германија. Македонисимо вклучува плетенки на македонски ора со неколку песни. Македонскиот композитор Панде Шахов ја направи транскрипцијата на музичките дела. Проектот вклучува квинтет, камерен поглед на нашата музика, кој вклучува пијано, виолина, виолончело, кларинет, саксофон, кавал и удиралки. Успешно беше претставен во неколку земји, вклучувајќи ги Франција, Германија, Црна Гора, Полска, Романија, Србија, Словенија, Холандија, Обединетото Кралство и Јужна Кореја каде што се емитуваше директно на Јутјуб. Извор: Република.мк]]>

„Пријателство“ нов албум на Трпчески за британски „Лин Рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/prijatelstvo-nov-album-na-trpcheski-za-britanski-lin-rekords/ Sat, 22 Apr 2023 12:25:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298973

„Лин рекордс“ денеска го објави најновиот албум на македонскиот пијанист Симон Трпчески, насловен „Пријателство“ (Friendship), кој е достапен на дигиталните мрежи за преземање.
-На албумот се наоѓаат „огнениот Квартет за пијано на Брамс бр. 3 во Це-мол, фантастичниот нов аранжман на прекрасното „Дивертименто“ на Конесон и триумфалниот квинтет во три става на Панде Шахов“, информираат од КултурОп прес.
Како што се наведува во денешното соопштение, нашиот пијанист во моментов е во Соединетите Американски Држави. Таму го очекува серија концерти, што ќе стартува во Денвер.
- Исполнетиот распоред до крајот на мај го води и во Сараево, Целје, Билбао и во Женева, се додава во соопштението на КултурОп прес. Извор: МакПрес
]]>

Симон Трпчески конечно дома: Бесплатен концерт на „Македонисимо“ во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/simon-trpcheski-konechno-doma-besplaten-koncert-na-makedonisimo-vo-skopje/ Wed, 14 Sep 2022 12:31:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266924

Македонскиот пијанист со светски глас Симон Трпчески вечерва на платото пред Националната опера и балет (НОБ) во 20 часот премиерно ќе го изведе животниот музички проект Македонисимо, пет години по светската премиера. По Скопје, Македонисимо ќе биде изведен во Штип на 25 септември и ден подоцна во Битола. Влезот за сите настани ќе биде бесплатен. Трпчески на прес-конфренцијата на која го најави концертот откри дека пред светската премиера, четири години работел во својата глава на овој проект, а креативниот процес со композиторот Панде Шахов траел една година. На крајот е добиен сплет од 23 нумери, главно ора и по некоја песна. „'Македонисимо' конечно доаѓа дома и горд сум што ќе имаме можност да го претставиме проектот пред народот на кој му е посветен. Имав желба ова да се случи порано и малку жалам што порано не го иницирав, но агендата е набиена и притоа цело време треба да се биде на нивото што се очекува од вас. Жалам што толку време помина, но истовремено сум свесен за одговорноста. Ќе имате можност да чуете малку поинаков музички јазик, да ја чуете македонската народна музика во автентична изведба од класично образовани музичари“ -  рече Трпчески. Трпчески и пријателите ќе го изведат албумот Македонисимо што во издание на британската етикета „Лин Рекордс“ го обиколи светот – проект во чии рамки на оригинален начин се обработува македонската народна музика од страна на нашиот композитор Шахов. Уникатниот тим на „Македонисимо квинтетот“ и на оваа серија концерти го сочинуваат и Александар Краповски на виолина, Александар Сомов на виолончело; на кларинет, саксофон и на кавал Хидан Мамудов, а зад удиралките е Влатко Нушев. „Македонисимо“ досега е изведен во Словенија, Полска, Франција, Велика Британија, Холандија, Србија, Романија, Црна Гора, Јужна Кореја и Канада, Швајцарија. „‘Македонисимо‘ ќе добие и своја оркестарска верзија, која премиерно ќе се изведе на 2 март во култната сала Музикферајн во Виена. Со оваа домашна турнеја ќе се одбележи и 15-годишнината на Здружението за култура и уметност „КултурОп“, чија основна задача е токму поддршката на нашиот пијанист од светски глас.]]>

Трпчески со номинација за Меѓународните награди за класична музика https://arhiva.vistina.com.mk/trpcheski-so-nominacija-za-megjunarodnite-nagradi-za-klasichna-muzika/ Mon, 13 Dec 2021 13:26:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=230996

Во три етапи, жирито ги соопшти номинираните во секоја од 16-те категории за влез во Салата на славните на Меѓународните награди за класична музика – ИЦМА (ICMA – International Classical Music Awards). Меѓу трите проекти номинирани во категоријата „разновидна програма“ е и последниот компакт диск на кој македонскиот пијанист Симон Трпчески заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович, а што во мај годинава го издаде престижната британска етикета „Лин Рекордс“. Во изјавата за Македонското радио по повод ова издание, Симон Трпчески тогаш појасни: -Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар – Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност.“ – рече тогаш Трпчески. Имињата на добитниците на наградените ќе бидат соопштени на 18 јануари, а признанијата на лауреатите ќе им бидат врачени на свеченоста извор: Курир.мк]]>

Маестро Симон Трпчевски со концерт во Букурешт ја загрева атмосферата пред Украина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/maestro-simon-trpchevski-so-koncert-vo-bukuresht-ja-zagreva-atmosferata-pred-ukraina-foto/ Wed, 16 Jun 2021 06:17:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207347

Македонскиот пијанист Симон Трпчески, инаку еден од најголемита навивачи на македонската фудбалска репрезентација во Букурешт за време на дебитантскиот настап на нашата фудбалска репрезентација, денеска на ден пред вториот меч на Македонија на Еуро 2020 ќе се престави и самиот пред романската публика. Нашиот маестро вечерва има концерт во „Сала Радио Букурешт“ од 19 часот, кој ќе биде своевидна подгововка за утрешниот дуел со Украина. Маестро Трпчески беше на трибините на Националната Арена во Букурешт и на дуелот со Австрија, а таму ќе биде и на дуелот со Украина утре. Неговата поддршка е несебична и добредојдена, како и од секој вистински Македонец кој ужива во момемтите за фудбалски незаборав. А својата виртуозност на пијаното ќе ја потврди денеска пред романскиот аудиториум. ]]>

Симон Трпчески со одбрана екипа снима албум во студиото „М1“ на МРТ https://arhiva.vistina.com.mk/simon-trpcheski-so-odbrana-ekipa-snima-album-vo-studioto-m1-na-mrt/ Tue, 06 Apr 2021 12:19:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197842

Македонскиот пијанист со светски глас Симон Трпчески со одбрана екипа колеги во легендарното студио М1 на Македонската радио телевизија ги снима материјалите за новиот компакт диск, соопшти  КултурОп.
Чест ми е што можеме на некој начин да го оживееме ова фантастично студио што Македонската радио телевизија и Македонија воопшто го поседува. Тука во моментов снимаме материјал за нов албум со дела од современата класична литература за камерна музика: „Квинтет“ на Панде Шахов, специјално адаптиран за нас, како и делото „Дивертименто за секстет“ од францускиот композитор Гијом Конесон, во аранжман на нашиот перкусионист Влатко Нушев. Со мене се дел од колегите од проектот „Македонисимо“: освен Нушев, Хидан Мамудов и Александар Сомов, како и уште двајца фантастични колеги: нашиот врвен виолинист Ѓорѓи Димчевски и одличниот виолист Сорин Спасинович од Романија. Се надеваме дека ова ЦД многу скоро ќе излезе под престижната етикета на британскиот „Лин Рекордс“. Драго ми е што овој проект во време на пандемија се остварува со еден поголем тим во кој се и „КултурОп“ и Македонската радио телевизија, изјави за МРТ Трпчески.
Изминатиот период Трпчески во Берлин сними материјал за уште еден нов албум со солистичка пијанистичка литература од германски автори што исто така ќе го издаде „Лин Рекордс“. Концертната рестрикција предизвикана од пандемијата остави печат и на неговиот распоред, па минатиот месец се одржаа само концертите во Букурешт. Веќе в петок (9 април) Трпчески во Катовице ќе настапи со Оркестарот на полското национално радио. Во план се и настапите со Оркестарот на Минесота во САД и концерт со Националниот оркестар на Франција во Париз на крајот од април. Наредниот месец најавени се рецитал во рамките на Интернационалните пијано серии во Лондон, како и концерт со Софиската филхармонија, соопшти „КултурОп“.]]>

Концерт на маестро Симон Трепчески на „Деновите на македонска музика“ во Македонска филхармонија https://arhiva.vistina.com.mk/koncert-na-maestro-simon-trepcheski-na-denovite-na-makedonska-muzika-vo-makedonska-filharmonija/ Mon, 23 Nov 2020 14:11:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=177583

Светски познатиот македонски пијанист Симон Трпчески по подолго време е повторно пред македонската публика, заедно со неговите пријатели, врвни македонски уметници: Влатко Нушев, Илинка Велкова, Александар Стојчески, Владимир Крстев, Паскал Краповски, Гонца Богоромова, Иван Наумовски, Милена Арсовска и Шкељзен Бафтијари. Трпчески ќе настапи на 43. Денови на македонска музика, утре (24 ноември), во 19 часот, во соработка со „КултурОп“ во големата сала на Филхармонија. На програмата се дела од: Гоце Коларовски, Борјан Цанев, Димитрије Бужаровски, Панде Шахов, Александра Наумоски-Потиск, Томислав Зографски, Томе Манчев, Стојан Стојков, Фатос Лумани, Дарија Андовска и Александар Лековски. „Уметноста на Трпчески е да истражува длабоко под нотите и да ги извлекува неопходниот карактер и суштината на партитурата…. Умешноста и страста создадоа перформанс што беше вонредно привлечен со својата свежина и со неговиот капацитет да го разоткрие срцето на музиката“ – напиша престижниот „Телеграф“ за неговото музицирање. Симон Трпчески настапувал со оркестри како Кралскиот Концертгебау оркестар, Националниот оркестар на Русија, ВДР Синфониеоркестер, Националниот оркестар на Франција, Њујоршката филхармонија, Кинескиот филхармониски оркестар и Симфониски оркестар на Сиднеј. Тој редовно изведува солистички рецитали во културните престолнини Њујорк, Париз, Минхен, Прага, Сао Пауло, Сиднеј, Пекинг, Токио и Лондон, каде што неодамна беше резидентен уметник во салата Вигмор. Настапува на престижни фестивали, меѓу кои Вербие, Берген, Фестивал Балтичко Море, Мекленбург Западна Померанија, Робеко, Аспен, Кабрило, Равинија, Блосом и БиБиСи Промс. Во текот на сезоната 2020/2021, Трпчески ќе се врати како солист со Националниот оркестар на Франција, Филхармонија оркестар, Руски национален оркестар, Филхармонија на Монте Карло, Симфониски оркестар на градот Бирмингем, Тонхале – Оркестер Цирих, Минесота и Санкт Петербург филхармонија, како и симфониските оркестри на Балтимор и Чикаго. Тој ќе ја заврши сезоната настапувајќи со Кралскиот филхармониски оркестар на Ливерпул на последниот концерт на Василиј Петренко како музички директор.]]>

Албумот „Македонисимо“ на Симон Трпчески и пријателите ќе го објави престижната британска етикета „Лин Рекордс“ https://arhiva.vistina.com.mk/albumot-makedonisimo-na-simon-trpcheski-i-prijatelite-kje-go-objavi-prestiznata-britanska-etiketa-lin-rekords/ Mon, 13 Jul 2020 11:10:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158529

Албумот на врвниот македонски пијанист со светскоо реноме Симон Трпчески и пријателите, насловен „Македонисимо“, ќе излезе на 28 август под престижната британска етикета „Лин Рекордс“, соопшти Здружението за култура и уметност „КултурОп“. Тој беше најавен со синглот „Не си го продавај, Кољо, чифликот (Омаж за Брамс)“. Албумот е фузија на фолк и класична музика, која ги дефинира неверојатните ритми и прогонувачки мелодии на мојата татковина Македонија,  вели Трпчески во изјавата за македонските медиуми. По идеја на Трпчески, композитор е Панде Шахов, а во изведбата учествуваат и Александар Краповски на виолина, Бугаринот Александар Сомов на виолончело, Хидан Мамудов на кларинет, саксофон и кавал, а зад удиралките е Влатко Нушев. Светската премиера на проектот се случи на фестивалот во Лудвигсбург, Германија, во мај 2017 година. Трпчески во моментов е во Софија и заедно со Краповски и Сомов го започнува снимањето на материјалот со дела од Шостакович, а во тек се и завршните подготовки за снимање оркестарско цеде за оваа еминентна етикета“, додава „КултурОп“.]]>

Виртуозот Симон Трпчевски го прекинал концертот во Штип поради лошите услови во салата – немало греење и струја (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/virtuozot-simon-trpchevski-go-prekinal-koncertot-vo-shtip-poradi-loshite-uslovi-vo-salata-nemalo-greenje-i-struja/ Fri, 17 Jan 2020 12:44:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=129674

Светски познатиот пијанист Симон Трпчевски деновиве по пауза од 11 години повторно настапи во Штип. Концертот кој што го започнал и требало да се одржи во просторот на  Домот на културата „Ацо Шопов“, клавирскиот  виртуоз бил приморан да го прекине поради лошите услови, односно поради фактот што во салата немало греење, а имало постојани проблеми и со струјата. Општината која троши илјадници евра за штипската „Пастрмајлијада“ каде во музичкиот дел царуваат невкусот, кичот и шундот, не најде за сходно ни да ја затопли салата на домот на културата и да му овозможи елементарни услови за настап на нашиот светски познат и признат музички уметник. Во видеото во продолжение ќе можете целосно да видите за што точно станува збор: Извор:Курир.мк]]>

Симон Трпчески со концерт во Калифорнија https://arhiva.vistina.com.mk/simon-trpcheski-so-koncert-vo-kalifornija/ Tue, 07 Aug 2018 12:37:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41901

По распродадените концерти, полните сали, овациите од публиката, но и од критиката на настапите од турнејата низ Австралија и Нов Зеланд во текот на минатиот месец, нашиот пијанист Симон Трпчески ја продолжува соработка со македонскиот композитор што живее и работи во Велика Британија, Панде Шахов. По импресивниот прием на проектот „Македонисимо“ ширум светот, овој победнички тандем пред американската публика ќе ја претстави светската премиера на Концертот за пијано и оркестар број 2 на Панде Шахов. Најновото дело инспирирано од македонскиот фолклор ќе биде изведено на отворањето на музичкиот фестивал за современа музика во Санта Круз, Калифорнија – „Кабриљо“. Со фестивалскиот оркестар ќе диригира романскиот маестро Кристијан М’челару, новиот шеф диригент на Симфонискиот оркестар на ВДР од Келн, Германија, но и музички директор на оваа манифестација со безмалку шестдецениска историја. Трпчески утре ќе биде во Чикаго, каде со еден од водечките светски ансамбли каков што е Чикашкиот симфониски оркестар, ќе го изведе Петтиот концерт за пијано и оркестар од Бетовен. Диригент ќе биде Василиј Петренко. Тандемот Трпчески-Петренко „ќе се дружи“ и на сцената во Кливленд, пред кој настап нашиот пијанист ќе концертира и на музичкиот фестивал во монденското место Аспен. Крајот од месецов е резервиран и за холандската премиера на „Македонисимо“ во престижната концертна сала „Концертгебау“ во Амстердам.]]>