симон трпчески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 04 Nov 2022 12:57:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png симон трпчески – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Лара, Јован и Ирина ја промовираа „My life ahead of me” со која ќе ја претставуваат Македонија на детскиот Евросонг 2022 во Ерменија (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/lara-jovan-i-irina-ja-promoviraa-my-life-ahead-of-me-so-koja-kje-ja-pretstavuvaat-makedonija-na-detskiot-evrosong-2022-vo-ermenija-video/ Fri, 04 Nov 2022 12:57:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=274434

Eксклузивна премиера на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Македонија  ќе биде претставена на  претстојната „Детска Евровизија 2022“ се случи вчеравечер, 3-ти ноември во Дневник 2 на МРТ. Песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) со која Лара, Јован и Ирина ќе ја претставуваат Македонија на Јуниорскиот Евросонг во Ереван по промоцијата во Дневник 2 на првиот програмски сервис на МРТ, веќе од 20:30 часот со видеозаписот стана достапна онлајн на официјалната Јутуб платформа на Junior Eurovision Song Contest. Автор на песната „My life ahead of me” (Животот е пред мене) е маестро Симон Трпчески, музички продуцент е Дарко Димитров, а текстот е заедничко дело на Јован Трпчески и Лара Трпческа. На евровизиската сцена на која годинава ќе се пее под мотото: „Завртeте ја магијата“, нашите мали претставници ќе застанат на 11-ти декември во Ереван, по победата која Малена ѝ ја донесе на Ерменија. Ерменскиот национален сервис како домаќин и ЕБУ ветуваат одлична програма. Директен пренос ќе има и на програмите на Македонската Радио Телевизија. Доколку се' уште не сте ја слушнале и виделе видеото, проследете ја  „My life ahead of me” (Животот е пред мене)  во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Стоечки овации за Симон Трпчески и Максим Венгеров во Лондон https://arhiva.vistina.com.mk/stoechki-ovacii-za-simon-trpcheski-i-maksim-vengerov-vo-london/ Tue, 11 Jan 2022 14:06:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=234470

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески месецов настапува три од најпрестижните светски концертни сцени заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. Вчеравечер (10 јануари), серијата камерни концерти стартуваше на сцената на лондонската сала Барбикан. Двајцата врвни уметници настапија со дела од Моцарт, Прокофјев, Франк и Равел.
„Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од ЕМИ Класикс, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам“ – изјави Трпчески по повод стартот на оваа извонредна концертна комбинација.
Таа очигледна радост на двајцата безвременски уметници резултираше со стоечки овации и дури 3 изведби на бис за пребирливата лондонска публика. Тандемот Венгеров-Трпчески веќе на 20 јануари ќе настапи во Карнеги Хол во Њујорк, а на 27-ми овој месец и на големата сцена на Париската филхармонија.]]>

Со концерт на маестро Симон Трпчески Македонската филхармонија ја отвора новата сезона https://arhiva.vistina.com.mk/so-koncert-na-maestro-simon-trpcheski-makedonskata-filharmonija-ja-otvora-novata-sezona/ Mon, 04 Oct 2021 12:31:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221645

Со концерт на светски познатиот пијанист Симон Трпчески в четврток, во 20 часот се отвора новата сезона на Филхармонија. На програмата се две дела од Франц Лист, а диригент е Габриел Бебешелеа. Концертот е насловен „Данте 700“ . Солистот Трпчевски вели дека е пресреќен што ќе настапи заедно со маестро Бебешелеа и оркестарот на Филхармонија.
Овој концерт се реализира на покана на Габриел со кој досега сме имале повеќе заеднички настапи во различни делови на светот, но ова ни е прв во Македонија. Станува збор за голем професионалец, музичар, кој ќе понуди многу свежина во програмскиот концепт на Филхармонија. Програмата на концертот „Данте“ е целосно изградена на опусот на Лист, неговиот Концерт бр. 2 е исклучителен како и целокупниот негов опус, има многу иновации во формата и во начинот на кој го претставува пијаното – изјави Трпчески на денешната прес-конфрецнија.
За настапот пред домашната публика Трпчески вели:
Секогаш сум давал сè од себе кога сум настапувал на сцените во светот. Чинам дека е природно чувство да се носи еден поголем интензитет на емоција кога се свири дома. Секогаш кога сум свирел дома, радоста била уште поголема.
Бебешелеа, шеф-диригент на Филхармонија вели дека е среќен сум е повторно тука и  што се враќа со исклучителен концерт со кој беше затворена концертната серија која ја започна минатата година, која му е посветена на исклучителниот италијански писател Данте Алигиери и неговата „Божествена комедија“.
Тоа што сум заедно на сцена со мојот долгогодишен пријател Симон Трпчески е исто така важно за мене, досега сме настапувале насекаде низ светот, но ова ни е прв заеднички настап во Македонија. Моите концерти оваа сезона во Филхармонија се на некаков начин врзани со времето, како тоа се отсликува на позитивен и на негативен начин. Таков ќе биде и проектот насловен „Време“ со кој ќе ја затвориме оваа концертна сезона, вели маестро Бебешелеа.
Тина Иванова, в.д директорка на Филхармонија информираше дека со новото мото е „Филхармонија во движење“ кое алудира на фактот дека во екот на најголемата пандемија Филхармонија  не ги затвори портите за својата публика, туку продолжи да се „движи“ и да ја реализира својата програма. Иванова рече дека во новата концертна сезона ќе настапат исклучителни солисти како Тимоти Рајдаут (виола, Англија), Јеил Еум Сон (пијано, Ј.Кореја), Марија Солозлобова (виолина, Русија), Андреи Коробејников (пијано, Русија), Елишија Силверштајн (виолина, САД), Сајака Соџи (виолина Јапонија), кваретот „Баланеску“… Со оркестарот ќе диригираат Паскал Галоа, Емил Табаков, Конрад ван Алфен, Урош Лајовиц, Михал Нестерович и др. Освен солистите кои доаѓаат од различни краишта на светот, ќе настапат и домашни уметници – Анна Кондратенко, Ева Богоевска, Маја Чаначевиќ, Паскал Краповски. На програмата, освен „железните“ класици на симфонизмот се и дела од модерни и современи автори кои за првпат ќе прозвучат кај нас – како антологиското дело „Музика за 18 музичари“ од американскиот композитор Стив Рајх кое премиерно ќе биде изведено на 14 октомври.]]>

Симон Трпчески настапи на фестивалот „Музика мунди“ заедно со легендарниот Максим Венгеров https://arhiva.vistina.com.mk/simon-trpcheski-nastapi-na-festivalot-muzika-mundi-zaedno-so-legendarniot-maksim-vengerov/ Fri, 06 Aug 2021 11:15:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=213982

Нашиот пијанист од светски глас Симон Трпчески настапи на фестивалот „Музика мунди“, покрај Брисел, во Белгија, заедно со легендарниот Максим Венгеров, кој се смета за еден од најголемите виолинисти на сите времиња. На програмата беа камерни дела од Моцарт, Франк, Прокофјев и Равел. - Нашето пријателство датира веќе неколку години. Уште пред 20 години нашиот заеднички продуцент од „Еми класикс“, Џон Фрејзер, ни зборуваше на двајцата посебно дека еден ден треба да се споиме на сцена, аналогно на нашите музички темпераменти и менталитети. По толку долго време, на наша лична иницијатива, спонтано доаѓа до оваа соработка, која за мене претставува огромна чест и некаков врв во нашата професија, бидејќи се работи за човек што има создадено историја на многу млади години и остава длабока неизбришлива трага во историјата на интерпретативната уметност. Многу се радувам – вели Трпчески, додавајќи дека во наредната концертна сезона оваа соработка се очекува да продолжи буквално на најпрестижните светски концертни сцени. Рускиот виолинист Максим Венгеров, според музичките критичари, е еден од најдинамичните изведувачи во светот, добитник е на наградата „греми“ и настапувал заедно со најпрестижните оркестри и диригенти во светот. Исто така, тој има одржано и соло-рецитали речиси во сите поголеми градови низ светот. Роден во 1974-та, својата кариера ја започнал како соло-виолинист на петгодишна возраст, победил на меѓународните натпревари „Виењавски“ и „Карл Флеш“ на 10 и на 15-годишна возраст, студирал со Галина Турчанинова и Захар Брон. Го остварил својот прв запис на 10 години и продолжил да снима за еминентни музички куќи. Во 2007-та продолжил по стапките на својот ментор Мстислав Ростопович и му се посветил на диригирањето и оттогаш диригира со позначајните оркестри низ светот. Во 2010 година беше назначен за диригент на „Гштад фестивалскиот оркестар“, а во јуни 2014 специјализирал на московскиот институт „Иполитов-Иванов“, во класата на професорот Јури Симонов. Комбинирајќи ги двете пасии, изведување и диригирање, Венгеров влегува како постојан артист во Оксфордскиот оркестар, со кој ги снимил верзијата од 1903 на Виолинскиот концерт на Сибелиус, Виолинскиот концерт на Брамс и Шкотска симфонија на Менделсон. Венгеров е првиот уметник во класичната музика што е назначен за интернационален амбасадор на добрата волја од УНИЦЕФ. Свири на виолина „страдивари“ што му припаѓала на Кројцер ]]>

„Сандеј Тајмс“ за „Македонисимо“: Вонсериско издание на маестро Симон Трпчески https://arhiva.vistina.com.mk/sandej-tajms-za-makedonisimo-vonserisko-izdanie-na-maestro-simon-trpcheski/ Fri, 28 May 2021 07:42:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204569

„Вонсериско издание“ – оценува лондонски „Сандеј Тајмс“ образложувајќи го својот избор за албум на неделата! Во издание на престижната британска етикета „Лин Рекордс“, од денеска (28 мај) официјално излегува најновиот компакт-диск на македонскиот пијанист Симон Трпчески на кој заедно со Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава, Чешка и прославениот диригент Кристијан Мачелару од Романија, изведуваат програма со дела од Шостакович. – Станува збор за еден производ од оваа пандемија што јас го иницирав за да бидам продуктивен кога веќе немав концерти. Заедно со „Лин Рекордс“, Јаначек филхармонискиот оркестар од Острава и романскиот диригент Кристијан Мачелару, кој е шеф-диригент на Националниот оркестар на Франција, како и првиот трубач на овој оркестар – Андреј Кавалински од Белорусија, на моја иницијатива успеавме да организираме снимање на двата пијано концерти на Дмитри Шостакович, како и на Второто трио за виолина, виолончело и пијано, со моите драги колеги од проектот МАКЕДОНИСИМО – Александар Краповски и Александар Сомов. Овој избор е еден опис на различните творечки периоди од животот на Шостакович, а кои сведочат за неговата креативност и оригиналност. Мило ми е што уште и пред официјалното денешно излегување пред пошироката публика ова ЦД доби прекрасни критики, вели Трпчески во изјавата за Македонското радио. Симон Трпчески сношти во Стразбур настапи како солист на првиот од двата концерта со Стразбуршката филхармонија на затворањето на нејзината сезона. Вечерашниот втор концерт на кој под диригентската палка на маестро Марко Летоња од Словенија, нашиот пијанист настапува во изведбата на Концертот број 2 за пијано и оркестар од Сергеј Рахмањинов, директно ќе биде емитуван на телевизијата „Медичи“, соопштува „КултурОп“. Веќе в недела (30 мај) Трпчески во бугарската престолнина ќе го има својот деби настап со Софиската филхармонија. На покана од неговите големи пријатели, виолинистот Александар Краповски и бугарскиот виолончелист Александар Сомов, под диригентската палка на Григор Паликаров, на програмата ќе биде Тројниот концерт за виолина, виолончело, пијано и оркестар од Бетовен. Во јунскиот распоред се и настапите како солист со Санкт Петерсбуршката филхармонија и диригентот Николај Алексеев на нивната матична сцена, потоа и двата концерта со Симфонискиот оркестар на регионот Астуриас во Шпанија, како и концертот на затворањето на сезоната на Романскиот радиски камерен оркестар во Букурешт под палката на актуелниот шеф-диригент и на македонските филхармоничари, Габриел Бебешелеа. На овој концерт се поканети и играчите и стручниот штаб на македонската фудбалска репрезентација како поддршка за нивните историски настапи на Европското првенство, а на кои Трпчески возвратно ќе ги бодри од трибините.]]>

Патниците при летовите со „Луфтханза“ ќе уживаат во музиката на Симон Трпчески https://arhiva.vistina.com.mk/patnicite-pri-letovite-so-lufthanza-kje-uzivaat-vo-muzikata-na-simon-trpcheski/ Thu, 03 Dec 2020 14:06:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=179448

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески стана дел и од елитното друштво ѕвездени имиња кои познатата авиокомпанија „Луфтханза“ им ги препорачува на своите патници. Имено, како што посочуваат од КултурОп прес, сите патници во воздухопловите на овој гигант во иднина ќе можат да уживаат и во изборот што македонскиот пијано виртуоз го направи од свои, но и од изведби на светски уметници. Секако, додаваат, Трпчески и во оваа прилика на патниците им нуди и фрагмент од својот проект „Македонисимо“, инспириран од македонскиот фолклор. Трпчески ексклузивно за „Луфтханза“  избра некои од своите омилени музички дела, а патниците веќе можат да уживаат во 16 внимателно одбрани дела (од кои осум се во негова изведба). Пет од нив се фрагменти од прославата на македонската музика низ проектот „Македонисимо“ што Трпчески го изведува со своите музички пријатели. – „Во изјавата за Македонското радио по овој повод, Симон Трпчески подвлече: „Навистина ми е многу мило што сум дел од програмата на летовите на „Луфтханза“, компанија која е еден од реперите во авиосообраќајот. Да се биде дел од нивните програми што ги слушаат илјадници патници е голема чест, а јас се определив за дела секако во рамките на правилата на Уметничкиот одбор на компанијата и можностите со авторските права. Се надевам дека на патниците ќе им се допадне мојот разновиден избор од пијанистичка и симфониска литература, но и со мал дел од „Македонисимо“, во функција на натамошна афирмација на македонската народна музика изведена на такво високо ниво. Ова е многу убаво и се надоврзува на номинацијата во потесен круг на Наградите на Германската музичка критика токму со албумот „Македонисимо“ што излезе под етикетата на „Лин Рекордс“.
]]>