Симфониски концерт за деца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 13 Sep 2021 12:34:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png Симфониски концерт за деца – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Симфониски концерт за деца „Петре и волкот“ во Прилеп https://arhiva.vistina.com.mk/simfoniski-koncert-za-deca-petre-i-volkot-vo-prilep/ Mon, 13 Sep 2021 12:34:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=218947

На 17 септември 2021 (петок) од 19.00 ч. во ЦК „Марко Цепенков“ – Прилеп ќе биде изведен симфонискиот концерт за деца „Петре и волкот“. Диригент е Борјан Цанев, наратор Мартин Јорданоски. Влезниците за концертот се бесплатни, а ќе можат да се подигаат во четврток од 10 до 12 часот и во петок од 10 до 12 часот и од 17 до 19.00 часот. Ќе бидат запазени сите протоколи за заштита од корона вирусот. Симфониската поема „Петре и волкот“ е едно од најпознатите дела на рускиот композитор Сергеј Прокофјев и е неизоставен дел од репертоарот на сите симфониски оркестри, особено во театрите за деца. Напишана за наратор и оркестар, чии поединечни инструменти или групи на инструменти ги претставуваат ликовите во приказната. На тој начин, младите слушатели се запознаваат со составот на оркестарот. Наратор е миленикот на детската публика, актерот Мартин Јорданоски, кој ќе ги води децата низ авантурите на Петре. Гостувањето на НУ Филхармонија на РСМ во Прилеп, е поддржано од Министерството за култура и е дел од мисијата да се влијае врз музичката едукација на младите.]]>