симбол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 11 Apr 2023 11:04:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png симбол – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Најубавиот украс на велигденската трпеза: Овие три цвеќиња штитат од болести, носат среќа, успех и љубов во домот https://arhiva.vistina.com.mk/najubaviot-ukras-na-veligdenskata-trpeza-ovie-tri-tsvekina-shtitat-od-bolesti-nosat-sreka-uspeh-i-lubov-vo-domot/ Tue, 11 Apr 2023 11:30:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297741

Иако јајцата се најголемиот симбол на Велигден, а свеќите имаат многу важна улога,цветовите имаат многу важно место во празнувањето на Велигден, еден од најрадосните христијански празници. Давањето јајца симболизира нов живот, додека цвеќињата имаат посебно значење. Меѓутоа, во недела, според едно старо верување, важно е на масата да имате една од следните три или букет направен од нив. Момина солза Момината солза го симболизира враќањето на среќата и чистотата на срцето. Според традицијата, се верува дека солзите на Богородица пред крстот на Исус Христос се претвориле во цвет од момина солза. Од друга страна, една легенда исто така вели дека цветот бил создаден од солзите на Ева кога таа морала да ја напушти рајската градина. Во старите времиња, момчињата и девојчињата береле момина солза, бидејќи верувале дека носи среќа во љубовта. Исто така, овие опојни цвеќиња беа подарени на празникот на младото сонце, во месец мај. Оттогаш, потекнува и фразата дека младоста брои години по момината солза, а староста по зимите. Јоргован Јоргованот комбинира кралско, достоинствено однесување, страстен, речиси опоен мирис и сепак успева да ја задржи својата вродена нежност и невиност. Тоа е важен симбол на милосрдие и безусловна љубов. Овој прекрасен цвет е директно поврзан со надежта, верата, плодноста и раѓањето и често се нарекува „рајски цвет“. Лале Лалето отсекогаш се сметало за симбол на убавина, раскош и богатство, слава. На прв поглед, лесно е да се поврзе овој цвет со изобилство, гордост и амбиција, а бидејќи е и растение кое ја најавува пролетта – во него ја гледаме и сликата на секој нов почеток. Доколку го изберете да ја украси вашата празнична велигденска трпеза, ќе имате силен знак на успех. извор:курир.мк]]>

Симбол на пролетта и новиот живот: Каква поврзаност има зајакот со празникот Велигден? https://arhiva.vistina.com.mk/simbol-na-proletta-i-noviot-zivot-kakva-povrzanost-ima-zajakot-so-praznikot-veligden/ Wed, 28 Apr 2021 13:45:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=200856

Сите верници се радуваат на шарените јајца за Велигден. Скоро сите знаат дека јајцето е симбол на нов живот и затоа се користи и како симбол за Велигден и новото раѓање на Исус. Но, гледајќи ги сите декорации што се продаваат во овој период од годината, неминовно се наметнува прашањето – што симболизира велигденскиот зајак? Како тој се поврзува со Велигден? Зајците можат да се најдат на сите континенти, освен на Антарктикот. Тие се познати по тоа што многу брзо се размножуваат, особено на пролет, а сите знаеме дека Велигден се паѓа секогаш во пролетната сезона. Како резултат на нивната плодност и нивната активност во ова годишно време, зајаците станале симбол на пролетта и новиот живот. Сепак, ова не е единствената причина. Долго време луѓето верувале дека зајаците се хермафродити и дека можат да зачнат без да ја изгубат невиноста. Ова верување започнало уште од старите Грци и се одржало дури до раниот среден век. Зајакот често пати може да се види на слики како асоцијација за Дева Марија, бидејќи се верувало дека и тој може да затрудни без да ја изгуби невиноста. Ова значи зајакот има двојна улога, како симбол на плодноста и пролетта и дополнително како симбол на невиноста на Дева Марија. Се верува дека зајакот бил популаризиран како симбол за овој период од годината од страна на германските протестанти, па така кога тие емигрирале во американските колонии во 18 век, верувањето се раширило низ цела северна Америка, а подоцна со маркетингот, слично како Дедо Мраз, се проширило и низ целиот свет. Кокошкините јајца за Велигден се друг независен симбол којшто има слично значење со зајакот, па така со тек на времето двата симболи се споиле во еден, со цел да се анимираат децата во целата религиозна прослава за Исусовото воскреснување. Така јајцата почнале да се фарбаат во силни бои, а зајакот почнал да ги крие, за да ги најдат добрите деца. извор:курир.мк]]>

Зошто овие две бои се симбол на Божиќ и Нова година? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ovie-dve-boi-se-simbol-na-bozikj-i-nova-godina/ Mon, 14 Dec 2020 13:45:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180767

Продавниците се веќе полни со украси, а боите што без сомнеж преовладуваат се црвената и зелената. Дали некогаш сте се запрашале зошто баш овие две бои се синоним за Нова година и Божиќ? Зелена Божиќното дрвце (Ilex aquifolium) и смреката веќе долги години се користат при украсување за време на новогодишните празници. Зимата е ладна и тмурна, па токму поради тоа зимзелените билки се користат за декорација – како потсетник дека зимата нема да трае вечно. Црвена Црвената боја на бобинките за Христијаните ја претставува Исусовата крв затоа што тој се жртвувал за луѓето. Таа е потсетник за тоа што Спасителот направил за верниците. Други бои што често се користат за новогодишните и божиќните украси се златната, белата и сината. Еден од трите светски цареви му донел злато како подарок на малиот Исус, а златото ја симболизира и ѕвездата што тројцата кралеви ја следеле на патот кон Витлеем. Белата симболизира мир и чистота, додека сината боја е симбол на мајката на Исус, Дева Марија, а исто така се толкува и како синоним за небото и рајот. извор: курир.мк ]]>

Ова цвеќе симболизира среќен брак – ако сте љубители на цвеќе мора да го имате https://arhiva.vistina.com.mk/ova-cvekje-simbolizira-srekjen-brak-ako-ste-ljubiteli-na-cvekje-mora-da-go-imate/ Thu, 14 May 2020 13:00:41 +0000 https://vistina.com.mk/?p=149645

Според легендата, младите брачни парови треба да го засадат овој цвет во својот двор за да ги следи среќа. Опојниот сладок мирис и големите раскошните ливчиња во слоеви го прават божурот еден од најомилените цветови. Без разлика дали е свежо набран или само мотив на садовите или на постелнината, божурот дава допир на софистицираност во секој ентериер. Божурот цвета во мај и во јуни, а во вазна може да трае околу 5 дена. Колку почесто цветовите имаат свежа вода, толку подолго ќе траат. Купете ги цветовите додека сè уште се во пупки, но кога веќе имаат боја. Кога ќе ги ставите во вазна, дајте им средство што го продолжува животниот век на цвеќето, ставете ги во млака вода и потоа, по еден или два часа, преместете ги на поладно место. 5 факти за божурот: 1. Божурите се карактеризираат со женственост и нежност во секоја боја, а постојат розови, бели, жолти и во боја на вино. Во една пригода, Марко Поло ги опишал како рози со структура слична на зелка, што е прилично точен опис бидејќи ливчињата се отвораат на многу интересен начин. 2. Овој фотогеничен цвет потекнува од Азија и е донесен во европските и во американските градини заедно со хризантемата, со магнолијата и со други цвеќиња. 3. Кинезите ги опишуваат божурот како симбол на мирот, на стабилноста и на здравјето и се верува дека носи среќа. Сликите со божур често се подаруваат и се користат во ентериерите како талисман за успех и среќа. 4. Друго кинеско верување го опишува божурот како цвет што позитивно влијае на хармоничниот брачен живот. Белиот божур се сметаат за симбол на мислите на девојчињата, но и на нивната убавина. 5. Покрај својот раскошен изглед, божурот има и лековити својства. Се смета дека има позитивен ефект врз нервниот систем, ја подобрува меморијата, го намалува холестеролот и има позитивен ефект врз работата на црниот дроб. извор:кафепауза.мк]]>

Изберете еден симбол и дознајте што ве чека во иднината https://arhiva.vistina.com.mk/izberete-eden-simbol-i-doznajte-shto-ve-cheka-vo-idninata/ Mon, 02 Sep 2019 13:15:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=104720

Дали нешто ве мачеше во претходниот период? Дали се обидувате да откриете што ви е потребно за да се мрднете од место и да напредувате. Овој тест ќе ви открие како стојат работите… Кој симбол највеќе ви го привлекува вниманието? Лав Лавот ја симболизира вашата потреба да имате контрола над својата судбина. Овој избор укажува на тоа дека сте направиле сѐ за да живеете добро, но сепак се чувствувате заробено и имате чувство дека не можете да продолжите понатаму. Ве грижат прашања околу тоа што да правите и како да продолжите и дали треба да одите по друг пат. Морате да прифатите дека вашиот живот е токму онаков каков што треба да биде, а кога ќе се помирите со тоа, ќе ви се отворат и други можности. Сите вашите досегашни избори се направени со причини и морате да се синхронизирате со тоа спознание. Песочен часовник Доколку го избравте овој симбол, тоа значи дека се чувствувате заробени во времето. Премногу сте свртени кон иднината и некое болно искуство. Се чувствувате како да се гушите, немате енергија и помирени сте со тоа дека вашиот живот не е убав. Но, верувајте дека можете да се помирите со минатото и да продолжите понатаму. Ќе бидете посилни од порано и сите трагедии во суштина се лекции за иднината. Живејте во сегашноста, затоа што кога тоа ќе го научите, времето ќе стане ваш пријател. Месечина Ако го избравте овој симбол, тоа значи дека вашето срце моментално е како воено поле. Нешто силно во вас не ви дозволува да имате мирен сон или ве мачи несоница. Дали е тоа омраза, лутина или само страст? На вашиот дух му е потребен мир и најдобар начин за тоа е да ги изнесете чувствата на виделина. Признајте си себеси, но и на другите луѓе, како се чувствувате. Кога не се тајни, чувствата не нѐ јадат одвнатре, а нивното потиснување ви носи повеќе штета отколку корист. Клуч Ако го избравте клучот, тоа значи дека на вашиот дух очајно му се потребни одговори. Сѐ што мислевте и во што верувавте одеднаш е ставено на испит. Можно е да се уморивте од потрагите по вистината и точните одговори. Можеби и веќе ви е здосадено од сето тоа. Време е да се впуштите во авантури и така да ја спознаете и другата страна на животот. Наскоро ќе забележите одредени манифестации кои ќе ви помогнат да го совладате моменталниот период. Неопходно е некаде да отпатувате, макар и на еден еден. Рака Овој избор укажува на тоа дека сте опкружени со негативна енергија. Вашиот дух тежнее да се ослободи од тоа и ако забележувате чудни работи, тоа значи дека нешто одвнатре се обидува да ве предупреди. Но, интересно е тоа што ние секогаш сме заробени од нешто, но секогаш имаме избор да се ослободиме од тоа. Патот кон ослободувањето подразбира простување и љубов, прво кон себе, а потоа и кон другите. Пронајдете време за луѓето кои ги сакате и време за одмор. извор:курир.мк]]>

Кој е симболот на вашиот живот? Месецот на раѓање го открива одговорот https://arhiva.vistina.com.mk/koj-e-simbolot-na-vashiot-zivot-mesecot-na-ragjanje-go-otkriva-odgovorot/ Fri, 12 Jul 2019 13:40:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=97450

Кој е симболот на вашиот живот? Каков живот живеете и каква иднина ве очекува? Месецот на раѓање го крие одговорот. Јануари – змеј Како и првиот месец во годината, вие сте личност која сите ја следат. Имате силна волја и потенцијал да преминете преку сите пречки во животот. Сепак, внимавајте на своето трпение. Некогаш можете да се најдете во ситуација да реагирате пребурно, а потоа да се каете. Потребно е да најдете некакво хоби, или нешто друго кое ќе може да ве смири за да живеете посреќно и поспокојно. Февруари – феникс Како и вашиот симбол, вие секогаш се кревате од пепелта. Растете посилни и помоќни. Во тоа лежи вашата главна сила. Делувате нежно и кревко, и секој би помислил дека може да ве повреди, но имате огромна сила во себе. Март – јинг јанг Вие барате баланс во животот и секогаш ги разгледувате добрите и лошите страни на сите работи. Имате позитивен пристап кон животот и животните ситуации. Сепак, често го гледате само доброто и постојано преговарате и решавате проблеми. Бидете повнимателни кога станува за луѓето. Не се сите добри личности. Април – лав Исполнети сте со неверојатна страст, но сте и многу храбри. Секогаш лесно се справувате со предизвиците. Освен тоа, вие сте многу лојален пријател. Секогаш ги штитите оние кои ги сакате и би го ризикувале својот живот само тие да се среќни. Мај – волк Вие сте роден лидер, но секогаш ја преферирате осаменоста и не ви е проблем да останете во сенка. Не сакате да се наметнувате, но штом ви се даде шанса ја користите и секогаш испаѓате победници во сите нешта. Јуни – риба Вие сте безгрижна личност и се грижите само за слободата во својот живот. Кога би можеле би ги прескокнале сите обврски и одговорности, но тоа не е возможно за вас. Имате огромна сила во себе и затоа не треба да ги игнорирате своите инстинкти. Можете да постигнете многу. Јули – оган Секогаш сте водени од страст и ако нешто ви е важно, не гледате на страна. Сакате силен интензитет, без оглед на тоа дали станува збор за кариера, врски, пријателства или нешто што го сакате. Сепак, чувајте ја таквата страст за да не прерасне во опсесија. Август – коњ Како и коњите, вие сте горди и грациозни, но и сигурни во себе. Сакате слобода и авантури. Само верувајте во себе и можете да постигнете што и да посакате. Септември – цвеќе Вие сакате спокој и мир. Вие носите убавина во овој свет. Имате силна харизма со која ги освојувате другите луѓе. Обожавани сте во секое друштво, а можете да постигнете што и да посакате само со вашата насмевка. Октомври – ѕвезда Вие сте светлината за другите луѓе, секогаш им го покажувате патот. Успехот никогаш не е само за вас, туку вие го постигнувате така што им помагате на другите. Сепак, треба некогаш да помислите и на себе за да не изгорите за другите. Ноември – дрво Вие сте поддршка и рамо за плачење за другите. Им давате сила и знаат дека секогаш можат да се потпрат на вас. Ви одговара работа која ќе ве направи среќни помагајќи им на оние на кои им е потребно тоа. Декември – вода Како водата која тече, вие се однесувате различно во сите ситуации. Можете да бидете смирени со едни пријатели, а а опасни и турбулентни со други. Се зависи од вашето расположение во конкретниот момент. извор:Курир.мк]]>