силви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png силви – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Силви бенд“, Џон Апелгрен и Дамјан Пејчиновски со заедничка латино смут џез балада ќе ве внесат – „Како во сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-dhon-apelgren-i-damjan-pejchinovski-so-zaednichka-latino-smut-dhez-balada-ke-ve-vnesat-kako-vo-son-video/ Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332811

Влатко и Силви или обајцата попознати како „Силви бенд“ со децении упсешно опстојуваат на македонската естрадна сцена. Токму на ова брачно - музичко дуо, во нивната семејна хармонија им се приклучија уште две познати имиња. Најдобриот македонски џез изведувач Џон Апрелгрен и гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиновски,па сите здружени дадоа секој свое парче умешност и душа во нивната заедничка тема во вид на  латино смут џез балада „како во сон“ со која полека ќе ве внесат во новогодишното расположение пред дочекот на Новата 2024 година. Автор на оваа ненаметливо, а сепак толку слушливо музичко парче е Бобан Мучиќ, текстот е на Силвана Мучиќ  Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш. Покрај несомнено маестралната свирка, Силви и Џони уште еднаш ги потврдуваат своите вонсериски вокални можности, со својот сугестивен ненаметлив, а толку впечатлив вокал, која за ваков тип на музика бара посебно умешна изведба. Се разбира тука се и гитарските делници, особено забележливи во акустичното латино џез соло на Пејчин, кој по кој знае кој пат ја потврдува својата гитарска класа. Пеењето по принципот малку соло, малку дует, малку на македонски малку на англиски и дава необична нота и дополнителна доза на шарм на темата која бргу влегува во уши и го освојува срцето. Кога  сето тоа ќе се naдополни со визуелизацијата во која покрај споменатите изведувачи главни протагонисти се младата латино танчарска двојка која и дава доплнителен шарм и топлина на целокупната атмосфера создадена од  звучната слика која го милува слухот, станува јасно дека имаме можеби за овие времиња нетипична музичка тема, но затоа иден евергрин класик кој останува засекогаш. Како сето тоа звучи и изгледа кога Силви, Влатко, Џон, Пејчин и младите танчари ќе се обидат да ве внесат „Како во сон“ кој ќе посакате уште неколку пати „на repeat да го сонувате“ без сомнение, проследете од видеото во продолжение... ]]>