силви и влатко плевнеш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Nov 2023 10:11:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png силви и влатко плевнеш – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејството на Силви и Влатко Плевнеш станува поголемо – наскоро доаѓа принова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/semejstvoto-na-silvi-i-vlatko-plevnesh-stanuva-pogolemo-naskoro-doaga-prinova/ Wed, 29 Nov 2023 10:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328981

Брачно музичката двојка Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ живеат денови на радост и исчекување на најубавото. Имено, нивната единица, ќерката Деа наскоро ќе стане мајка и ќе ги направи горди баба и дедо. Деа на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиното патување во Индија, а од приложеното каде голиот труднички стомак е во прв план, може да се забележи дека таа е кон средината на бременоста. Идните баба и дедо, Силви и Влатко ги гледаме и слушаме за нив само кога имаат некој настап, како неодамнешниот на „Макфест“, така што од нив засега нема јавна објава за убавите моменти од приватноста и она што допрва ги чека. Деа за разлика од мама и тато е активна на социјалните мрежи, а иако од одамна живее во Амстердам, често си доаѓа во родната Македонија кај родителите. За потсетување, наследничката на Силви и Влатко се одлучи да оди по стапките на своите родители, односно да ја избере музиката за своја професионална животна определба. Таа дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, свири како перкусионист во „Перија“, а голема љубов и е јогата и медитацијата. фото: Facebook/ Dea Plevneš / Silvy Band / Силви Бенд / Instagram printscreen / deaplevnesh]]>

Силви и Влатко Плевнеш папарацо уловени како вистински домаќини: „Делат се’, па заедно товарени и ќесите ги носат“ https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-i-vlatko-plevnesh-paparatso-uloveni-kako-vistinski-domakini-delat-se-pa-zaedno-tovareni-i-kesite-gi-nosat/ Fri, 19 May 2023 07:40:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302565

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или обајцата членови на легендарното семејно македонско поп дуо „Силви бенд“ се поретко ги гледаме во јавност, освен кога доаѓа време за изведба на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои редовно и успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија. Овој пат, фотообјективот на Вистина.ком.мк ги „улови“ Влатко и Силви во едно поинакво светло надвор од сцената. „Неразделни“ гласи и насловот на една нивна песна, а тоа нималку не е далеку од реалноста, како професионално, така и приватно. Заедно на сцена, заедно дома, ама и заедно на пазар. Да не се наруши брачниот балас, Силви и Влатко одат на пазар заедно, а за да бидат задоволени желбите и на едниот и на другиот, изборот на здрави намирници се прави заеднички. Кај нив се’ е поделено рамномерно, па дури и купеното од ќесите кои се најдоа во нивните раце. Едната половина кај Силви, другата кај Влатко – фифти-фифти. Овошје и зеленчук од пазар, но и пешачење за здрави навики и здрав живот. Брачната двојка е препознатлива, па тешко дека ќе поминат незабележано како во случајов. Автомобилот не им беше опција овој пат, а очигледно дека иако беа вака натоварени, тие уживаа во пешачењето и попладневниот муабет и прошетка низ центарот на Скопје. фото:Приватна архива/Принтскрин Јутјуб/фејсбук]]>