силви бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 06 Feb 2024 11:54:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png силви бенд – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Семејството на „Силви бенд“ се прошири: Ќерка им Деа се породи, Силви и Влатко Плевнеш станаа баба и дедо (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/semejstvoto-na-silvi-bend-stana-pogolemo-kerka-im-dea-se-porodi-silvi-i-vlatko-plevnesh-stanaa-baba-i-dedo-foto/ Tue, 06 Feb 2024 11:47:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337551

Музичко - брачната двојка Влатко Плевнеш и Силвана Мучиќ или попознати како  „Силви бенд“  станаа баба и дедо. Откако плодот на нивната љубов, нивната единица, ќерката Деа  која тргна по нивните музички стапки стана мајка и ги  направи горди на неа и новороденото внуче. Деа неодамна од нејзиното патување во Индија, на социјалните мрежи објави фотографија од трудничкиот стомак на која веќе нараснатото меше го покажа во преден план. Деа е прилично активна на социјалните мрежи, па иако живее во Амстердам , таа споделува моменти од незините активности, за разлика од родителите кои новто време во ваквиот тип на комуникации веројатно многу не ги занима и им создава само компликации. Дури сега, три месеци подоцна на кратките приказни на Инстаграм започнаа честитките за радосната вест.   Додека кај новите баба и дедо - Силви и Влатко, засега нема јавна објава за убавите моменти од приватноста и прекрасната вест. Инаку, Деа е  музички едуцирана, со  завршено основно и средно музичко на ударни инструменти и студиски престој во Холандија. А освен ова, таа пушта музика како диџејка, но и  работи и како јога инструктор. Честитки и нека е жива и здрава приновата во едно од нашите најмузички семејства! фото: printskrin/instagram/ deaplevnesh / Silvy Band / Facebook/Силви Бенд]]>

„Силви бенд“, Џон Апелгрен и Дамјан Пејчиновски со заедничка латино смут џез балада ќе ве внесат – „Како во сон“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-dhon-apelgren-i-damjan-pejchinovski-so-zaednichka-latino-smut-dhez-balada-ke-ve-vnesat-kako-vo-son-video/ Thu, 28 Dec 2023 11:52:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332811

Влатко и Силви или обајцата попознати како „Силви бенд“ со децении упсешно опстојуваат на македонската естрадна сцена. Токму на ова брачно - музичко дуо, во нивната семејна хармонија им се приклучија уште две познати имиња. Најдобриот македонски џез изведувач Џон Апрелгрен и гитарскиот виртуоз Дамјан Пејчиновски,па сите здружени дадоа секој свое парче умешност и душа во нивната заедничка тема во вид на  латино смут џез балада „како во сон“ со која полека ќе ве внесат во новогодишното расположение пред дочекот на Новата 2024 година. Автор на оваа ненаметливо, а сепак толку слушливо музичко парче е Бобан Мучиќ, текстот е на Силвана Мучиќ  Плевнеш, а аранжманот на Влатко Плевнеш. Покрај несомнено маестралната свирка, Силви и Џони уште еднаш ги потврдуваат своите вонсериски вокални можности, со својот сугестивен ненаметлив, а толку впечатлив вокал, која за ваков тип на музика бара посебно умешна изведба. Се разбира тука се и гитарските делници, особено забележливи во акустичното латино џез соло на Пејчин, кој по кој знае кој пат ја потврдува својата гитарска класа. Пеењето по принципот малку соло, малку дует, малку на македонски малку на англиски и дава необична нота и дополнителна доза на шарм на темата која бргу влегува во уши и го освојува срцето. Кога  сето тоа ќе се naдополни со визуелизацијата во која покрај споменатите изведувачи главни протагонисти се младата латино танчарска двојка која и дава доплнителен шарм и топлина на целокупната атмосфера создадена од  звучната слика која го милува слухот, станува јасно дека имаме можеби за овие времиња нетипична музичка тема, но затоа иден евергрин класик кој останува засекогаш. Како сето тоа звучи и изгледа кога Силви, Влатко, Џон, Пејчин и младите танчари ќе се обидат да ве внесат „Како во сон“ кој ќе посакате уште неколку пати „на repeat да го сонувате“ без сомнение, проследете од видеото во продолжение... ]]>

Семејството на Силви и Влатко Плевнеш станува поголемо – наскоро доаѓа принова (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/semejstvoto-na-silvi-i-vlatko-plevnesh-stanuva-pogolemo-naskoro-doaga-prinova/ Wed, 29 Nov 2023 10:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=328981

Брачно музичката двојка Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ живеат денови на радост и исчекување на најубавото. Имено, нивната единица, ќерката Деа наскоро ќе стане мајка и ќе ги направи горди баба и дедо. Деа на социјалните мрежи објави фотографија од нејзиното патување во Индија, а од приложеното каде голиот труднички стомак е во прв план, може да се забележи дека таа е кон средината на бременоста. Идните баба и дедо, Силви и Влатко ги гледаме и слушаме за нив само кога имаат некој настап, како неодамнешниот на „Макфест“, така што од нив засега нема јавна објава за убавите моменти од приватноста и она што допрва ги чека. Деа за разлика од мама и тато е активна на социјалните мрежи, а иако од одамна живее во Амстердам, често си доаѓа во родната Македонија кај родителите. За потсетување, наследничката на Силви и Влатко се одлучи да оди по стапките на своите родители, односно да ја избере музиката за своја професионална животна определба. Таа дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, свири како перкусионист во „Перија“, а голема љубов и е јогата и медитацијата. фото: Facebook/ Dea Plevneš / Silvy Band / Силви Бенд / Instagram printscreen / deaplevnesh]]>

Викендов во Штип започнува 38-то издание на „Макфест“: Дводневна фестивалска фешта за сите вкусови https://arhiva.vistina.com.mk/vikendov-vo-shtip-zapochnuva-38-to-izdanie-na-makfest-dvodnevna-festivalska-feshta-za-site-vkusovi/ Thu, 19 Oct 2023 06:01:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=322995

Викендов во Штип, поточно овој петок и сабота (20 и 21 октомври 2023 г.) ќе се одржи 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Утревечер ( 20 октомври) во домот на културата „Ацо Шопов“ ќе настапат 13 помалку афирмирани македонски музички имиња или како што еснафот ги нарекува „со помал багаж“ зад себе, но доволно атрактивни со модерни песни кои се очекува да го побудат интересот на публиката, а некои од нив и да станат радиски хитови. Петте кои ќе ја добијата довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота (21 октомври). По завршувањето на официјалниот дел на првата вечер во петок (20 октомври) за време на паузата додека трае гласањето на жирито и публиката во домот на културата, на сцената свој настап со сплет изведби на макфестовски теми ќе имаат „Силви бенд“ и Лидија Кочовска, кои и самите се некогашни учесници на „Макфест“, чии фестивалски изведби и песни оставиле траг на македонската музичка сцена и станале македонски евергрини. Организитарот, општина Штип на чело со градоначалникот Иван Јорданов и главниот координатор на фестивалот, Александар Арсовски заедно со целокупната екипа и тимот кој работеше на подготовките,  за се' да биде беспрекорно и функционира совршено,  ја подготвија и агендата за двата фестивалски дена. Во неа точно и прецизно се вткаени саатниците за Прес конференциите, генералните проби, сместувањето на изведувачите и претставниците на медиумите од цела Македонија, кои се очекува годинава во голем број да бидат присутни за следење на фестивалот. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и петте избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи.  Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и  уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди. Што значи фестивлот да биде еден широк полигон за прва промоција на новите песни на веќе проверените музички ѕвезди, но и помладите имиња кои се помалку имаат простор каде да се презентираат себеси и своите нови остварувања. За визуелно-техничките аспекти и максималното користење на новите технологии на самата сцена, како и при презентацијата и медиумската промоција на „Макфест“ уште на првата Прес конференција во Скопје говореше членот на уметничкиот совет Јован Јованов, кој рече дека фестивалот годинава ќе изгледа и звучи сосема поинаку и многу побогато... И технички и визуелно и содржински, во што ќе се уверат и присутните во салата и ТВ гледачите. А годинава како што во неколку наврати изјави уметничкиот директор на фестивалот, Роберт Саздов: „На овој Макфест очекувам да има повеќе хитови отколку на последните две евровизиски изданија. Според мене десеттина песни претендираат да станат радиски хитови и да бидат многу вртени во етерот“ - потенцираше Саздов кој со задоволство го истакна квалитетот и потенцијалот на она што публиката ќе го слушне и види на макфестовската фестивалска сцена годинава. Единствената награда која ќе биде доделена е онаа за „Најслушана песна меѓу два фестивала“ која годинава со право ја понесе песната „Бела“ на Пајак и Лара Иванова од минатогодишното издание, која стана регионален хит со фасцинантни над 25 милиони прегледи на Јутјуб. Истата ќе биде изведена и на годинешното макфестовски издание при предавањето на наградата на втората фестивалска вечер, во сабота. И годинава и двете фестивалски вечери на „Макфест 2023“ ќе бидат директно пренесувани на националниот сервис, на првиот канал на МТВ 1, но и на првата програма на Македонското радио- Радио Скопје. Како генерален спонзор, но и медиумски поддржувач на „Макфест“, Урбан ФМ исто така ќе оди со директен пренос и отворено студио од Штип на својата програма на фреквенцијата 90.8 Скопје. По завршувањето на фестивалот е предвидена и постфестивалска забава и дружење со учесниците и претставниците на медиумите со публиката во еден од елитните штипски локали.      ]]>

Силви и Влатко Плевнеш папарацо уловени како вистински домаќини: „Делат се’, па заедно товарени и ќесите ги носат“ https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-i-vlatko-plevnesh-paparatso-uloveni-kako-vistinski-domakini-delat-se-pa-zaedno-tovareni-i-kesite-gi-nosat/ Fri, 19 May 2023 07:40:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302565

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или обајцата членови на легендарното семејно македонско поп дуо „Силви бенд“ се поретко ги гледаме во јавност, освен кога доаѓа време за изведба на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои редовно и успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија. Овој пат, фотообјективот на Вистина.ком.мк ги „улови“ Влатко и Силви во едно поинакво светло надвор од сцената. „Неразделни“ гласи и насловот на една нивна песна, а тоа нималку не е далеку од реалноста, како професионално, така и приватно. Заедно на сцена, заедно дома, ама и заедно на пазар. Да не се наруши брачниот балас, Силви и Влатко одат на пазар заедно, а за да бидат задоволени желбите и на едниот и на другиот, изборот на здрави намирници се прави заеднички. Кај нив се’ е поделено рамномерно, па дури и купеното од ќесите кои се најдоа во нивните раце. Едната половина кај Силви, другата кај Влатко – фифти-фифти. Овошје и зеленчук од пазар, но и пешачење за здрави навики и здрав живот. Брачната двојка е препознатлива, па тешко дека ќе поминат незабележано како во случајов. Автомобилот не им беше опција овој пат, а очигледно дека иако беа вака натоварени, тие уживаа во пешачењето и попладневниот муабет и прошетка низ центарот на Скопје. фото:Приватна архива/Принтскрин Јутјуб/фејсбук]]>

„Силви бенд“ со нов албум „Како во сон“ и преработка на старата македонска песна – „Ја излези стара мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-so-nov-album-kako-vo-son-i-prerabotka-na-starata-makedonska-pesna-ja-izlezi-stara-majko-video/ Wed, 11 Jan 2023 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283609

Брачната музичка двојка Силви и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ во последната недела од годината што измина, го издадоа најновиот  нивни албум, осми по ред насловен: „Како во сон“. Од него како сингл се издвои пилот темата „Ја излези стара мајко“, што е всушност своевидна преработка во поп, амбинтален и џез стил на старата традиционална добро позната македонска изворна песна. Истата се нашла на албумот зошто е инспириран од вистинскиот настан кој пред многу години се случил токму во семејна куќа на Влатко Плевнеш во Охрид. „Во семејната куќа на  Плевнеш во стариот Охрид, а во која сега доаѓаме само преку лето, настанала таа толку убава песна - 'Ја излези стара мајко'. Тоа ни го откри еден охриѓанец кој го знае богатото минато на градот и песната. Човекот со многу емоции и со голема радост ни раскажа дека една млада мома - охриѓанка, која во тоа време живеела во оваа куќа, се вљубила во младото момче, а тоа бил Осман бег. Таа често ја повикувала својата мајка да излезе на пенџерето за да го види нејзиното момчето Осман бег, кое тука поминувало на коњ покрај куќата“ - ја раскажува Силви приказната за настанокот на песната кои тие со задоволство ја преработија како дел од новиот албум, чија промоција се одвиваше на 22 декември во кафулето Филхармонија во Скопје, каде воедно беше промовиран и видеозаписот за споменатата нумера. Спотот се снимал на неколку локации во Охрид, а го реализираше охридската „ИН продукција“, а во него како Осман бег  се појавува охриѓанецот Благоја Ристески. Како звучи современата верзија на „Ја излези стара мајко“ во изведба на „Силви бенд“  визуелизирана со видозапис, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Влатко и Силви од „Силви бенд“ се дефинитивно – „Неразделни“ (АУДИО) https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-i-silvi-od-silvi-bend-se-definitivno-nerazdelni-audio/ Tue, 22 Dec 2020 13:47:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=182119

Познатите Силвана Мучиќ и Влатко Плевнеш или обајцата членови на легендарното семејно македонско поп дуо „Силви бенд“ деновиве го претставија новиот сингл „Неразделни“. Со оваа песна тие го најавуваат својот 8-ми албум. Инаку, Силви и Влатко на македонската музичка јавност за прв пат и се преставија уште во почетокот на  90-тите години, кога особено станаа популарни со големиот макфестовски хит, песната „Ангели ме носат“ и оттогаш па се' до денес, зад себе имаат безброј настапи, хитови, музички видеоспотови. Покрај песните и естрадните настапи, тие се познати и по своите изведби на мјузиклите како што се „Коштана“ или „Ромален“, кои успешно ги изведуваат и надвор од границите на Македонија. Во продолжение слушнете го нивното најново, своевидно автобиографско музичко оставрување, симболично насловено „Неразделни“: https://www.youtube.com/watch?v=GruxBLr1Zng]]>

„Силви Бенд“ на сцена во Германија заедно со ќерката Деа: „Мојата мајка е вистинска ромска кралица“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-na-scena-vo-germanija-zaedno-so-kjerkata-dea-mojata-majka-e-vistinska-romska-kralica-foto/ Mon, 19 Oct 2020 07:25:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=171894

Изминатиот викенд во германскиот град Ахен се случи концертот насловен „Ромален“ на „Силви Бенд“. Во време на корона криза Влатко и Силви отпатуваа во Германија каде успеаја во организација на нивната продукција „Сил-Вла“ да го одржат „Ромален“, концерт богат со впечатлива короеографија и песни. Интересно беше тоа што на сцената Влатко и Силви беа дополнително исполнети затоа што заедно со нив настапи и ќерката Деа Плевнеш. Деа живее во Холандија каде дипломираше џез тапани, работи и како диџеј, а голема љубов и е јогата и медитацијата. За концертот на кој заедно ги споија своите уметнички души, наследничката на Влатко и Силви се пофали на својот Инсатграм, објавувајќи неколку фотографии. -Срце полно благодарност што имав можност да создадам магија заердно со моето семејство, напиша Деа во описот на една од фотографиите. Посебно место на својот Инстаграм и даде на мајка си Силви која ја објави неколкупати облечена во специфичниот костим во кој изгледаше автентично на темата на концертот. -Мојата мајка е вистинска ромска кралица, горда сум на неа, напиша Деа за мајка си. Инаку додека траеше карантинот во Македонија, Силви своевремено изјави дека заедно со Деа се посветени на јогата и медитадијата, се разбира со заедничка онлајн дружба на релација Скопје-Амстердам.]]>

„Силви бенд“ со изведба на мјузиклот „Ромален“ во Сули Ан https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-so-izvedba-na-mjuziklot-romalen-vo-suli-an/ Wed, 03 Oct 2018 13:02:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=51346

„Силви бенд“, во петок, на 5 октомври, ќе го изведат мјузиклот „Ромален“ во старата скопска чаршија, во Сули Ан од 20 часот. Настанот е во рамките на манифестацијата „Нов културен бран“ , а го организира нивната продукција „Сил-Вла“. „ Се работи за новото аудио издание „Ромален“ седмо по ред, кое влегува во вековните проекти, со рустичноста, древноста и оригиналноста. Инаку е прво вакво издание на сите времиња во нашата држава. Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика. Овој перформанс е масовен проект, кој го изведуваат околу 15-тина луѓе на сцената облечени во прекрасни народни и традиционални носии. Се работи за исклучително квалитетен ноасач на звук, исполнет со прекрасна музика и тоа најубавите ромски романси од целиот свет“, изјави Влатко Плевнеш од „Силви бенд“, кој најави богати кореографии,  оркестар и шоу со 15 луѓе на сцената.
“Ромален” во превод би значело луѓе. Влатко го даде името на овој проект. Јас сум Ромка.  Овој албум содржи познати светски ромски романси, руски, како и дел од романсите што се изведуваат тука кај нас. Секако неизоставни се двете композиции на Димитар Масевски , едната добро позната со која што ние и почнавме “Романса” и уште една “Вино црвено”. Се работи за проект кој повторно наликува на Коштана. Во него се пренесува номадскиот живот на Ромите, нивните патувања низ светот и сите случки и настани било да се позитивни или негативни кои се провлекуваат низ патувањето“ - истакна Силвана Мучиќ.
]]>

„Силви бенд“ во Охрид со музичко-сценски перформанс за убавата Коштана! https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-vo-ohrid-so-muzichko-scenski-performans-za-ubavata-koshtana/ Mon, 23 Jul 2018 07:40:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=39804

Силви и Влатко Плевнеш или „Силви бенд“ уште еднаш преку музичко-сценски перформанс ќе ја раскажат приказната за убавата Коштана – вечната инспирација на сите театарски творци на Балканот. В недела, на сцената во Долни Сарај – Охрид, брачно-музичката двојка, односно Силви во улогата на Коштана и Илија Струмеников со своите рецитали како Митке ќе не вратат во старо Врање, презентирајќи го богатиот фолклор преку автентичниот звук и носии. „Концертот ќе биде вистинско доживување за сите сладокусци на убавата музика, исполнет со богати кореографии, најубавите реплики на Митке и Коштана од истоимената драма, богат оркестар, многу фолклор и огромен перформанс на сцената со дваесетина луѓе“, откри Силви. Концертот е по повод издавањето на материјалот „Песни од Коштана“, кој беше поддржан од Министерството за култура. Извор:РадиоМК]]>