силуета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 29 Mar 2023 09:26:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png силуета – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Драган Бјелогрлиќ објави фотографија од сопругата: Ова е Маја со која актерот со децении е во хармоничен брак (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dragan-bjelogrlik-objavi-fotografija-od-soprugata-ova-e-maja-so-koja-akterot-so-detsenii-e-vo-harmonichen-brak-foto/ Wed, 29 Mar 2023 09:26:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295614

Актерот и режисер Драган Бјелогрлиќ е во брак повеќе од 25 години со сопругата Маја, со која има две деца. Маја, поранешна манекенка, со децении е голема поддршка на Бјела, но не се знае многу за нивниот брак. Актерот сега ги изненади сите кога на Инстаграм објави фотографија од својата сакана.
Имено, парот отпатувал во потоплите краишта, а Драган со своите следбеници ја споделил фотографијата на Маја од плажа на која се гледа нејзината силуета. Инаку, Маја никого не остава рамнодушен со својата убавина, а многумина ја споредуваат со Моника Белучи. Сопругата на Драган Бјелогрлиќ студирала англиски јазик и книжевност, а на манекенската кариера ставила точка штом му кажала „да“ на познатиот актер и режисер. Интересно е што таа се запознала со Бјела благодарение на нејзината тогашна работа. Двајцата се запознале на почетокот на деведесеттите додека снимале реклама за мебел, а се венчале во 1996 година. Бјелогрлиќ еднаш јавно истакна колку му значи неговата сопруга: - Навистина, најгорд сум што во оваа моја тешка работа успеав да го спасам семејството, што сум во брак 25 години, што имам две прекрасни деца и прекрасна сопруга. Така што мојот најголем успех е мојата сопруга - рече тој. Фото: Принтскрин/Инстаграм/Ата Имаџес]]>

Пронајдете ја својата силуета и откријте важни факти и совети https://arhiva.vistina.com.mk/pronajdete-ja-svojata-silueta-i-otkrijte-vazni-fakti-i-soveti/ Wed, 17 Jul 2019 12:00:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=98063

Конвенционално, женската фигура може да подели на 4 типа. Секако, оваа класификација не може да се нарече идеална и непогрешна, затоа што работата на нашиот организам зависи од многу фактори. Но, овие 4 силуети се сметаат за најраспространети – нивните карактеристики се застапени кај повеќето жени. Одберете еден од 4 типа фигури кој е најсличен на вашиот и дознајте повеќе за тоа што кажува тоа за вас и неколку совети во однос на исхраната. Јаболко (доминантна – надбурбежната жлезда) Основни карактеристики: горниот дел од телото е забележително покрупен од долниот. Кај жените кои го имаат овој тип на тело, обично се забележуваат широки рамена, изразени гради, помал задник и силни раце и нозе. Во поголемиот дел од случаевите, кожата е природно цврста и немаат наклонетост кон целуит. Во случај на наталожување вишок килограми, прво се здебелуваат градите, рацете и стомакот. Психолошки карактеристики: Дамите со оваа фигура обично поседуваат изразени лидерски вештини, многу брзо носат одлуки и се многу независни и одговорни. Сепак, постои една маана: тие немаат мерка во работењето, одморот, храната или занимавањето со спорт. Препораки: Совршено ви одговара вегетаријанската исхрана. Понекогаш треба да се исклучите од грижите и да научите да уживате во едноставни работи. За одржување на формата највеќе ви одговара: пливањето. Правоаголник (доминантна жлезда: хипофиза) Основни карактеристики: тесни колкови, нема јасно изразена половина. Рацете и нозете обично не се долги, а главата изгледа поголема. За овој тип е карактеристична долгата половина и малиот заоблен задник. Жените со оваа фигура тешко накачуваат килограми, а кога тоа се случува, прво се дебелеат во стомакот. Слабиот лимфен состав може да биде причина за отоци и сува кожа. Психолошки карактеристики: Дамите со оваа фигура најчесто се интроверни, наклонети кон уметноста и науката. Можат да делуваат недруштвени и затворени, но не поради тоа што не сакаат да комуницираат, туку проади фактот дека си се доволни сами на себе. Понекогаш, предолго навлегуваат во светот на своите мисли, заборавајќи на реалноста и секојдневните работи. Препораки: Вам одлично ќе ви одговара прехрана на основа на протеини и намалено внесување на јаглехидрати. За хармонија на душата, треба да бидат опкружени со убави работи. Во куќата треба да има што е можно повеќе цвеќиња и миризливи свеќи. Што се однесува до вежбањето, одлично ќе им одговараат вежби со кревање тежина. Песочен часовник (доминантна жлезда: штитната жлезда) Основни карактеристики: Фигурата потсетува на песочен часовник. Кога качуваат килограми, обично мастите се таложат околу стомакот и колковите. Недостатоците се слаби мускули и кревки коски. Можни се и проблеми поради тенката и сува кожа, а имаат и наклонетост кон целуит. Психолошки карактеристики: Овие жени се весели, активни и дружељубиви. Тие се многу комуникативни. Благодарејќи на тоа, лесно се вклопуваат во кое било друштво. Препораки: Во прехраната треба да му давате предност на зелениот зеленчук: марула, брокула, зелка, грашок, итн., но и на млечни производи со помалку масти. Трудете се максимално да ограничите продукти како: овошје, леб, алкохол, кофеин. За намалување на стресот и напнатост на крајот на денот, одлично ќе ви дојде топол туш. Од спортски активности ви се препорачуваат групни активности и танц. Круша (доминантна жлезда – јајници) Основни карактеристики: Кај претставниците на овој тип може да се види класичното женско тело, со тесен горен дел, заоблени колкови и заоблен задник. Силуетата потсетува на круша. Мастите највеќе се таложат околу колковите, а последни на удар на мастите се половината и стомакот. Имаат наклонетост кон целуит. Психолошки карактеристики: Овие дами се многу грижливи, добродушни и чувствителни. Лесно се вклопуваат со нови луѓе, како да ги чувствуваат нивните мисли и тешкотии. Поради бавниот метаболизам, може да се забележи некоја надворешна незаинтересираност, но тоа само делува така, затоа што во внатрешноста на оваа жена има вистинска бура од емоции. Препораки: Обрнете внимание на овошјето и зеленчукот, како и на лесни протеини. Подобро е да заборавите на зејтин, маргарин, чоколади и тестенини. За психолошка удобност, вам ви е потребна комуникација. Избегнувајте ја самотијата, но бегајте од агресивни и нервозни луѓе. Дишењето и јогата ќе ви помогнат за ослободување од напнатоста и акумулирање на позитивна енергија. Не заборавајте дека имате бавен метаболизам и затоа неопходно е да се занимавате со некаква физичка активност, особено вежби за издржливост. извор: Курир.мк]]>