силбана арменулиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Sep 2022 20:46:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png силбана арменулиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ова се ќерките на Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ: Жаклина и Гордана се нивни наследнички (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ova-se-kjerkite-na-toma-zdravkovikj-i-silvana-armenulikj/ Sat, 17 Sep 2022 08:37:47 +0000 https://vistina.com.mk/?p=233527

Иако во филмот „Тома“ не беа прикажани ниту едната ниту другата и Тома Здравковиќ и Силвана Арменулиќ имаат ќерки. Тома Здравковиќ има ќерка Жаклина, која ја добил со својата прва сопруга Олгица која исто така ја нема во филмското сценарио, од која подоцна ќе се разведе. Жаклина живее во Холандија и има два сина, а во Србија доаѓа повремено за да учествува во манифестациите кои се поврзани со нејзиниот татко. Жаклина не контактира често со последната сопруга на Тома, но тие две имаат сосема коректни односи. „Живеев еден период од мојот живот со него, но кога почина многу ми беше тешко. Тој постои во сите нас, во нашите спомени и во неговата музика“ – вели Жаклина Здравковиќ за српските медиуми. Таа вели дека секогаш се потсетува на неговата музика и дека нејзина најомилена песна е „Киша је падала“. Силвана Арменулиќ кога починала во страотната сообраќајна несреќа на 37 годишна возраст, зад себе ги оставила сопругот Радмило и ќерката Гордана. По повод 45-годишнината од заминувањето на Силвана Арменулиќ, големата љубов на Тома Здравковиќ, но и по повод филмот „Тома“, нејзината ќерка Гордана остави трогателна емотивна порака на социјалните мрежи. „Драга мајко, се враќам во детството, во тие среќни денови што ги поминавме заедно… Тешко е без тебе… Ти благодарам за сите прегратки, топли зборови и бакнежи што ми ја загреваат душата. Живееш секој ден низ моите мисли сите овие години. Ќе живееш во мене засекогаш. Копнеев по тебе, мајко. Нека те чуваат ангелите и Бог. Те сакам многу“ - напишала ќерката на Силвана Арменулиќ во посветата. Фото: Приватна архива/Gordana Goga Armenulić  ]]>