сила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:26:48 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сила – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Концерт „Сила“ во Филхамронија https://arhiva.vistina.com.mk/kontsert-sila-vo-filhamronija/ Mon, 04 Mar 2024 12:26:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=341041

Овој четврток, со почеток во 20 часот, оркестарот на Македонската Филхармонија ќе го изведе концертот насловен „Сила“, на кој како солисти ќе настапат Пачо Флорес (Венецуела) на труба, Лео Рондон на венецуелска гитара (Венецуела), а диригент е маестро Мануел Хернандез – Силва (Венецуела/Шпанија). Концертот не случајно носи наслов „Сила“, затоа што сите композиции, ако може да им се даде една генерална оцена, се фокусирани на моќта на интерпретацијата, страста и енергијата којашто и самите изведувачи треба да ја донесат на сцената. Почнувајќи од симфонискиот став „Музи и здив“, чиј автор е солистот на труба Пачо Флорес, став кој е посветен на врвниот Астор Пјацола, аргентинскиот композитор што го донесе на свет „танго нуево“, и во кој се чувствува неговото силно влијание, особено во оркестарските делници. „Приказни за цвеќиња и танго“ е композиција на Даниел Фрајберг, еден од новите водечки композиторски имиња, и „Симфонискиот сјај на Маргарита“ на композиторот Иносенте Хозе Карењо негово најпознато дело во кое се содржани многу влијанија од народната музика од северниот брег на Венецуела, поточно од островот Маргарита. Мануел Хернандез-Силва дипломира на престижниот Државен конзерваториум во Виена со највисоки оценки, а професори му биле Рејнхард Шварц и Георг Марк. Добитник е на наградата на натпреварот за диригирање „ЈунгерКунстлер“, што ја доделува Виенскиот камерен оркестар, со кој Силва диригира во Виена. Диригирал на значајни интернационални фестивали, а често настапува како гостин диригент со шпански и со други оркестри во Европа. Бил шеф-диригент на Оркестарот на Кордоба, на Филхармонијата во Малага, на симфонискиот оркестар „Навара“, и почесен шеф-диригент на оркестарот „Симон Боливар“ во Каракас, со кој интензивно работел повеќе од пет години. Диригирал со Виенскиот симфониски оркестар, Израелскиот симфониски оркестар, оркестарот на Радио Прага, Симфонискиот оркестар на Биел, со оркестарот на Мулхаус, Симфонискиот оркестар на Вупертал, Филхармонијата на Сеул, Филхармонијата на Буенос Аирес, Националниото ркестар на Венецуела, Симфонискиот оркестар на Чиле и со сите водечки оркестри во Шпанија. Како оперски диригент доби одлични критики за неговите изведби на „Волшебната флејта“ и „Така прават сите“ од Моцарт, за Бетовеновата „Фиделио“ и за „Боеми“, „Џани Скики“, „Тоска“ и „Мадам Батерфлај“ од Пучини. Маестро Хернандез-Силва работи и како професор, постојано е активен во педагошката сфера, каде посветено едуцира млади диригенти. Трубачот Пачо Флорес критиката го оценува како еден од најатрактивните уметници денес, кој е фокусиран на промоција на современата музика. Првите награди што ги освоил на најпознатиот меѓународен натпревар за труба во светот „Морис Андре“, како и на „Филип Џонс“, ја потврдуваат неговата висока репутација во светот на музиката. Уште за време на неговите студии во Оркестарот за млади и деца во Венецуела, Флорес добил врвно признание за неговите интерпретации како солист, способен подеднакво да управува со класичните и со популарните жанрови. На своите магични изведби, тој им додава огромна доза енергија обоена со најубавите инструментални бои. Како солист настапувал со Филхармонијата на Киев, Камерата од Санкт Петербург, со оркестри во Париз, Токио, Осака, Германија, секако во неговата родна Венецуела, рецитални настапи во „Карнеги хол“ во Њујорк, во „Плејел“ во Париз или „Опера Сити“ во Токио. Како еден од основачите на Дувачкиот квинтет „Симон Боливар“, учествувал на бројни турнеи низ Европа, Јужна Америка, САД и Јапонија, а како оркестарски музичар ја имал водечката позиција како трубач во Симфонискиот оркестар „Симон Боливар“ во Венецуела и во Симфонискиот оркестар на Мајами, соработувал со диригенти како Клаудио Абадо, Сер Симон Ратл, Сеиџи Озава, Густаво Дудамел… Основач и директор е на латиноамериканската Академија за труба во Венецуела и ја негува традицијата за изучување на млади таленти. Неговиот репертоар е широк и вклучува премиери на дела од голем број современи композитори. Неодамна одржа значајна концертна турнеја низ Норвешка и Австрија со Арктичката филхармонија, под водство на маестро Кристијан Линдберг, изведувајќи го неговиот концерт „Акбанк Бунка“ за труба и оркестар, дебитирајќи во „Фестпилхаус“ во Салцбург и во „Музикеверин“ во Виена. Неговиот прв албум носи наслов „Ла Тромпета Венецолана“, а Флорес е ексклузивен уметник на „Дојче грамофон“ со веќе три снимки – „Кантар“ со Концертхаус оркестарот во Берлин и маестро Кристијан Васкез, „Ентропија“ за кој освои Златен медал на Глобал мјузик авардс, „Фрактали“ со Арктичката филхармонија и маестро Кристијан Линдберг и двојното цеде „Песни и танци“ со маестро Мануел Хернандез-Силва. Лео Рондон е познат интерпретатор на венецуелска куатро гитара, аранжер и продуцент на квартетот „Авила“, на Венецуелскиот музички квартет, како и на ансамблот „Л’Арпеџата“, покрај неговиот соло проект едноставно насловен „Лео Рондон“. Добитник е на значајни награди во Венецуела и Колумбија како изведувач на куатро гитара, а настапува на престижни фестивали во Венецуела, Колумбија, Португалија, Шпанија, Франција, Германија, Италија, Луксембург, Швајцарија, Мароко…, во разни ансамбли и со разновидни уметници.]]>

Александра Младеновиќ го предизвика посилниот пол и ги исплаши додворувачите (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/aleksandra-mladenovik-go-predizvika-posilniot-pol-i-gi-isplashi-dodvoruvachite-video/ Wed, 18 Jan 2023 10:23:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284775

Александра Младеновиќ е една од најзафатените пејачки на српската естрада во последно време, а нејзините настапи се закажани речиси секој ден. Пејачката кратката пауза меѓу концертите ја искористи за да им приреди необично изненадување на своите внуци Уна и Филип.
„Ѕвездата на Гранд“ отиде во игротека со најмалите за сите да се забавуваат, но малкумина очекуваа дека во играта ќе се вклучи и гордата тетка и тоа не било каква игра. Додека децата беа окупирани со видео игри и други и машини, Александра со сета сила удри во „крушката“. Бројчаникот достигна бројка на која би позавиделе и мажите, со оглед на тоа дека оваа направа е омилена за тестирање на силата на посилниот пол.
- И секако тетката полудува - напиша Александра со моќното видео кое го сподели на Инстаграм. Пејачката обично е приврзана за децата на својот брат и често поминува време со нив кога должноста и го дозволуваат тоа, а тие исто така со нетрпение очекуваат да поминат време со тетка им. Така ја бодреа од првите редови на концертот што го одржа пред неколку илјади луѓе во рамките на Жупската берба во Александровац. Најемотивниот момент на тој концерт беше кога на сцената се појави нејзината внука, што ја изненади и самата Александра. фото:Инстаграм принтскрин/Александра Младеновиќ]]>

Трпение или сила – еве што одбра Сани Гроздановска за да го издржи тридневниот споен викенд-карантин, без излегување надвор! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/trpenie-ili-sila-eve-shto-odbra-sani-grozdanovska-za-da-go-izdrzi-tridnevniot-spoen-vikend-karantin-bez-izleguvanje-nadvor-foto/ Sat, 11 Apr 2020 08:52:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=144468

Деновите во изолација на сите тешко ни паѓаат, времето споро минува... Денот како година, часовите како денови, минутите мислиш се часови...  Што и да работиш, што и да правиш и чиниш, сепак си „затворен“ во 4 ѕида. А, меѓу врати и ѕидови, се раѓаат и нови идеји, нови облици на забава, дружење, понекоја нова или обновена љубов... а, Бога ми и многу кавги и расправии, зашто очигледно не сме навикната толку долго да бидеме едни покрај други во домашниот кафез. Уште пак ако е и брачен...! Но, што е - тука е, мора да издржи, а што се мора - не е тешко! Така барем велат, ама од муабет до практично спроведување, разликата е огромна. Особено ако тоа „мора“ треба да трае 41 час, од петок до понеделник сосе викенд, без нос да провириш надвор. Евентуално низ прозорец, до балкон или тераса или дворче кој го има. Затоа многумина велат дека во вакви ситуации, во верата е спасот. Во молитвата се наоѓа утехата и спокојот на душата, да се собере сила која Бог ќе ни ја даде, сето ова да издржи, да се истрпи за да го пребродиме и поминеме без последици. Во вербата и трпението е спасението, ама и дилемата?! Особено за некои, меѓу кои и македонската фолкерка, Сања Сани Гроздановска. За прв пат од корона пандемијата имаме споен полициски час од петок до понеделник, што значи два и пол дена и фазла, нема излегување од дома.   Па, за да не и се „спојат жижичките“, Сани  превентивно чарето си го побара во молитва и молба кон Бога. Заедно сосе дилемата, што Бог да и даде повеќе, овие три дена: трпение или сила? Најдобро познавајќи се себе си, еве што одбра темпераментната кумановка!  ]]>

Пет совети кои ќе ви дадат сила кога најмногу ви е потребна https://arhiva.vistina.com.mk/pet-soveti-koi-kje-vi-dadat-sila-koga-najmnogu-vi-e-potrebna/ Mon, 15 Jan 2018 13:10:46 +0000 http://vistina.mk/?p=9749

Доаѓа време кога мислиме дека сите луѓе и нешта се против нас. Се чувствуваме како да сме заглавени во место и како да не можеме да продолжиме понатаму. Но, ништо не е готово, туку само мислиме така. Ова се пет совети кои ќе ни дадат сила кога најмногу ни е потребна. 1 – Што и да се случи, секогаш можеме да ги добиеме битките кои ги водиме. Понекогаш губиме, понекогаш победуваме, но вистинскиот пораз доаѓа кога ќе се откажеме. 2 – Никогаш не претпоставувајте дека сте заглавени. Животот се менува во секоја секунда, а исто така и вие самите. 3 – Животот почнува сега, во овој момент. А, не утре или некој друг ден. Тоа значи дека можеме да имаме нов почеток кога ќе посакаме. 4 – Дури и кога е најтешко, насмевнете се. Тоа не значи дека сте среќни, туку дека сте силни. И, навистина сте. 5 – Помислете на сите стотици и илјадници чекори и ситуации кои ве донесоа таму кадешто сте денес. Сфатете дека вие сте работа во прогрес и дека секој успех бара некаков вид на борба за да се стигне некаде. Заклучокот е дека можете да ја искористите болката, фрустрацијата и сомнежот за да се мотивирате себеси, наместо да очајувате и да се самосожалувате. Бидете свесни за ситуациите во кои се наоѓате и немојте да мислите дека една лоша ситуација или лош ден автоматски значат дека немате среќа. Стресот највеќе доаѓа од тоа како одговарате на ситуациите во вашиот живот, а не од тоа каков всушност е животот. Изградете силен став и стресот ќе се минимизира. Во вас лежио контролата како ќе гледате на животот.]]>