сикрет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Nov 2018 07:41:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сикрет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бети -„Сикрет“ „удри“ по Сергеј Варошлија: „Се прашувам дали дното на кариерата изгледа вака“? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/beti-sikret-udri-po-sergej-varoshlija-se-prashuvam-dali-dnoto-na-karierata-izgleda-vaka-foto/ Fri, 03 Aug 2018 07:57:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=41345

Сергеј Варошлија, некогаш врвен фризер и стилист, денес е водител на новоотворената интернет телевизија „1ТВ“. Неговиот фах се модата, модниот изглед, облекувањето, стајлингот, шминката, фризурата, гардеробата, обувките... па таква му е и емисијата! Во неа, македонскиот „моден гуру“ не ретко знае да ги „исплеска“ во контекст на споменатото и познатите и непознатите личности... И тоталните анонимуси, но и оние, јавните лица, градските фаци, познатите, повеќе или помалку популарните, се неретко под „ножот на критиката“ на модниот ТВ селектор Варошлија.
Ексцентричен на изглед, остар на јазик, пис на зборови, тој не штеди „епитети“ кога треба да ги критикува оние кои тој ден се на неговото модно мени! Така, дошол и денот, кога на листата за „отстрел“ се нашла и Бети Цонева, во македонската метропола и пошироко попозната како Бети - „Сикрет“, повеќе од десет години сопственичка на истоимениот салон за убавина во Скопје.
Имено, откако нашиот „фешн гуру“ го „прочешлал“ нејзиниот моден изглед, имиџ, стил, начин на облекување... и слично, а неговиот коментар очигледно не и се допаднал на навредената газдарица, Бети одлучи да му одговори. Да му врати, како „осамен џедај кој решил да и го возврати ударот на империјата“... која стои зад Варошлија и за која тој работи. Нејзе, преку него - лично!
И можеби  сопственичката на „тајната на убавината“ нема телевизија, ама затоа ја има силата на социјалните мрежи, па  Цонева „удри“ по нејзиниот „моден душман“ со сета сила... Со зборови, секако!
„Се прашувам дали дното на кариерата изгледа вака? Врвен талент кој од седативи и алкохол не се будеше со денови и изневери 250 невести и клиенти во својата кариера, стаса на ТВ да коментира малолетнички со отворени профили и кутри деца кои нема кој да ги одбрани, па малку беше, и се фати да ме коментира мене, на која споредна работа во животот ми е Фејсбук сликање од причина што сум презафатена со бизнисот, кој успешно го водам деценија и кусур. Нека му служи на чест и нему и на оние кои му купуваат цигари... Пепел со секој салон, пепел ќе биде и емисијава... Со среќа... ќе ти треба“ - напиша револтираната газдарица, покрај постираните фотографии на својот Инстаграм профил!
Сергеј е во Охрид, заедно со својата екипа и телевизијата која оттаму летово емитува програма. Ќе го возврати ли и „ТВ империјата“ одново ударот преку својот моден „Дарт Ведер“ или се' ќе се сведе само на „една рунда препукување“, останува да гледате телевизија и да ги чешлате социјалните мрежи... Или што ви е поедноствно, само да читате Вистина.мк!]]>