сигурен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 30 Jan 2023 08:56:27 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сигурен – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Значи алал да ми е”: Виктор Апостоловски задоволен од одлуката, а следбениците му посакаа добредојде во клубот на брачните парови (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/znachi-alal-da-mi-e-viktor-apostolovski-zadovolen-od-odlukata-a-sledbenitsite-mu-posakaa-dobredojde-vo-klubot-na-brachnite-parovi-foto/ Mon, 30 Jan 2023 08:54:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286273

Пејачот Виктор Апостоловски неодамна пред јавноста обелодени дека одлучил да се жени и јавно ја запроси неговата девојката на Босфор. Апостоловски, тогаш ги изненади своите следбеници кога на  интересен, спонтан начин ја побара  раката на неговата сакана Милена Доневска, па со тоа стави крај на една етапа од неговиот живот. Овој пат, пејачот, кој на јавност и стана познат од шоуто  „Македонски Идол“ потврди дека е сигурен во одлуката која ја донесе, па напиша: „Значи алал да ми е“ - на шеговит начин си потврди  битолчанецот сам на себе кој успеал да ја сликне раката на саканата и одблизу. Сега доби силна поддршка и потврда од неговите фанови кои му посакаа добредојде во клубот на „впловени во брачните води“, откако тој уште еднаш потврди дека нема бегање и дека си стои на дадениот збор: „Убава невеста и убав прстен“, „Честитки уште еднаш и добредојдовте во клубот на брачните парови“, „Навистина секоја чест Виктор, среќни и вечни“ - му посакаа тие. Дали наскоро ќе има и официјален чин во матично, а можеби набрзо и свадба пред олтар и дали одлуката била неизбежна, зашто невестата е во „блажена состојба“, се е информации  кои најдобро им се познати само  на вљубените гулапчиња. Епа Виктор,  навистина  алал да ти е , среќни и вечни и од Бога благословени! Фото: Принтскрин/Инстаграм/Виктор Апостоловски]]>

Падна во канџите на порокот, помина две недели во кома и пет месеци во болница: Чендлер го обожаваат сите, а ова е неговата исповед (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/padna-vo-kandzite-na-porokot-pomina-dve-nedeli-vo-koma-i-pet-meseci-vo-bolnica-chendler-go-obozavaat-site-a-ova-e-negovata-ispoved-foto/ Thu, 20 Oct 2022 09:14:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272210

Актерот Метју Пери беше обожаван од публиката ширум светот кога ја презеде улогата на саркастичниот и малку извртен Чендлер во сега култната серија „Пријатели“. По глобалниот успех, Метју Пери наиде на голема популарност и пари, но и големи животни предизвици. Меѓу другото, проблеми со осаменоста, симптоми на депресија и зависност од дрога и алкохол. По многу неуспешни рехабилитации и загрижувачки папарацо фотографии, Метју Пери во ексклузивно интервју за магазинот „People“ вели дека успеал да се избори со своите демони. Актерот (53) одлучил да ја каже вистината за својот живот во мемоарите кога бил сигурен дека никогаш нема да им се врати на најлошите навики. - Сакав да споделам кога бев сигурен дека нема повторно да навлегувам во темната страна на сè. Морав да почекам додека не бидам целосно трезен и подалеку од активната болест на алкохолизам и зависност. Главната работа беше што бев прилично сигурен дека тоа ќе им помогне на луѓето – изјави Пери за „People“. Пери откри дека за малку ќе умрел пред неколку години, на 49-годишна возраст. Јавно признавајќи дека во тоа време боледувал од гастроинтестинална перфорација. Актерот поминал неколку недели борејќи се за живот откако му пукнало дебелото црево од предозирање со опиоиди. Тој поминал две недели во кома и пет месеци во болница, пишува „People“. - Докторите му рекоа на моето семејство дека имам 2 отсто шанси за живот - искрено изјавил актерот. Кога Пери за првпат добил улога во „Пријатели“ на 24-годишна возраст, неговата зависност од алкохол само што почнала да се појавува. - Можев да се справам со тоа, на некој начин, но на 34 години навистина бев вкоренет во многу неволји. Имаше години кога бев трезен во тоа време. Деветтата сезона на шоуто беше годината кога бев трезен цело време. И погодете која сезона бев номиниран за најдобар актер? Си помислив: „Тоа треба да ми каже нешто“. Метју ја продолжува својата искрена исповед објаснувајќи дека сега живее здрав начин на живот и дека успеал да се извлече: - Не знаев како да престанам. Ако полицијата дојде кај мене дома и рече: „Ако пиеш вечерва, ќе те однесеме во затвор“, ќе почнам да се пакувам. Не можев да престанам затоа што болеста и зависноста напредуваат, станува се полошо и полошо како што старееш. „Сега сум прилично здрав“, вели тој. Фото:Принтскрин/Профимедиа]]>