сида – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 13 Jan 2023 11:57:16 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сида – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Живееше и умре како ангел: Ги создаде култните „Шарло акробата“ и „ЕКВ“, сите го знаеја како ВД, а на крај заврши осамен, напуштен и тажен, заборавен од сите… (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/zhiveeshe-i-umre-kako-angel-gi-sozdade-kultnite-sharlo-akrobata-i-ekv-site-go-znaeja-kako-vd-a-na-kraj-zavrshi-osamen-napushten-i-tazhen-zaboraven-od-site-foto/ Fri, 13 Jan 2023 11:47:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=284157

80-тите години на минатиот век во Југославија дефинитивно беа одбележани со „новиот бран“ во рок ен рол музиката,  уметноста, субкултурата и културата воопшто и бендовите кои „жареа и палеа“ во тие години. Таквата музика предизвика бунт кај младите, а авторите ги користеа своите песни за справување со светот и често создаваа стихови со содржини инспирирани од социјални теми. Најголем од најголемите, според многумина, беше белградскиот бенд „ЕКВ“. Иако денес не е прва асоцијација со култниот бенд, Ивица Вдовиќ кого сите го знаеја како ВД беше една од иконите на југословенскиот рок и, според некои, човекот кој ги создаде бендовите  „Шарло акробата“ и „ЕКВ“, онаков како што го знаеме. За жал, В.Д. беше и првото официјално регистрирано ХИВ-позитивно лице во поранешна Југославија. Кога еднаш зборуваше за Вдовиќ, покојната актерка Соња Савиќ, инаку голема пријателка на „ЕКВ“, изјави дека Белград веднаш му свртел грб и дека луѓето масовно го избегнувале поради неговата болест, пишува index.hr. Легендарната актерка тврдеше дека Вдовиќ е најважната личност на „ЕКВ“ и човекот кој го создал Милан Младеновиќ. В.Д. ја создаде и Маргита Стефановиќ, бидејќи ја внесе во бендот кога таа му беше девојка. Поради болеста, ВД ја напушти групата бидејќи со текот на времето свирките му станаа премногу заморни. Почина во Белград во 1992 година, од СИДА. Соња Савиќ во интервју изјави дека по смртта на Ивица Вдовиќ тажната вест му ја соопштила на нивниот пријател од Загреб, пејачот и автор Дарко Рундек. „Кога ме праша како умре, реков дека само паднал од креветот во некаква „инфективна кеса“ која никој не сакал да ја крене“ - се расплакала актерката, а Рундек наводно и одговорил: „ Живееше и умре како ангел“. По ВД речиси сите членови на „Шарло акробата“ и „ЕКВ“ завршија трагично. Милан Младеновиќ, Маргита Стефановиќ, Бојан Печар... починаа млади од последици на ХИВ, срцев удар или прекумерно земање дрога... Како и самата актерка Соња Савиќ, додека еден од основачите на „Шарло...“, подоцна лидер на култните „Дисциплина кичме“, Душан Којиќ - Која, едвај преживува како последица од мозочниот удар кој го доживеа пред неколку години. Вака изгледаше ВД и вака звучеа „Шарло акробата“ на една од песните („Нико као ја“) од нивниот единствен албум (КЛИКНИ ТУКА). ]]>

Најтажната песна од „Квин“ ја крие вистината за тешката борба на Фреди со болеста и неговите последни денови https://arhiva.vistina.com.mk/najtaznata-pesna-od-kvin-ja-krie-vistinata-za-teshkata-borba-na-fredi-so-bolesta-i-negovite-posledni-denovi/ Tue, 22 Nov 2022 11:58:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=276950

Легендарната група „Квин“ беше еден од најпопуларните рок бендови којшто некогаш постоеше. Иако во текот на кариерата направиле многу хитови, сепак една песна посебно се издвоила. „The Show Must Go On“ е песната која групата ја објавила на нивниот албум „Innuendo“ во 1991 година. Таа станала една од најпознатите песни која одбележала цела една генерација. Иако важи мислењето дека ја напишал Фреди Меркјури и дека таа претставува негова збогувачка песна, тоа е само делумно точно. Во суштина, основата ја напишал гитаристот Брајан Меј, инспириран токму од борбата на Меркјури со болеста, неговата храброст и истрајноста во последните денови од животот.
Меркјури боледувал од сида, иако тогаш официјално не се знаело тоа. Кон средината на 1991 година веќе бил толку болен што одвај одел, па Меј бил загрижен дали тој ќе биде физички способен да ја отпее поради тоа што таа е тешка песна. Затоа демо верзијата ја отпеал токму Меј иако морал да користи фалсет на одредени, превисоки делови од песната. Меѓутоа, на изненадување на сите членови на групата, кога дошло време за снимање, Фреди влегол во студиото, испил малку вотка и рекол: „Има да ја отпеам песната, душо!“, и ја отпеал цела песна без грешка од прв обид. „Почна и „растури“, целосно го „скина“ тој вокал“, изјавил Меј подоцна. Потоа Фреди веќе бил преслаб за да сними спот, па за него не е направен нов материјал туку составен е колаж од спотови од групата меѓу 1981 до 1991 година. Песната говори за животот на сцена воопшто, за тоа дека сите лични проблеми мора да се остават настрана кога се настапува, а текстот е полн со метафори. На крајот текстот зборува за одлучноста и желбата за живот „I have to find the will to carry on with the show“ (Морам да најдам волја за да го продолжам шоуто). Џим Хатон, партнерот на Меркјури, во последните шест години од неговиот живот еднаш изјавил дека постои стих кој најдобро ги опишува последните денови од животот на Фреди.
„Според мое мислење стихот којшто најмногу е автобиографски е „My make-up may be flaking but my smile still stays on“. Беше тоа токму така. Без оглед на тоа колку на Фреди му беше лошо, тој никогаш не бараше никакво сочувство. Таа битка беше само негова и ничија и тој секогаш покажуваше храбро лице, без оглед на својата ситуација“, изјавил Џим во едно интервју во 1994 година. За жал, Фреди не успеа песната да ја изведе во живо на некој настап. Починал на 24 ноември 1991 година недолго по објавување на албумот. Тој и денес важи за еден од најдобрите пејачи кои некогаш живееле на планетата Земја. фото:Јутјуб принтскрин/Инстаграм]]>