си до – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 04 May 2023 08:09:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png си до – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Димитар Андоновски пресреќен за привилегијата што преку својот наследник уживаше во патување низ времето (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dimitar-andonovski-presreken-za-privilegijata-shto-preku-svojot-naslednik-uzhivashe-vo-patuvane-niz-vremeto-foto/ Thu, 04 May 2023 07:00:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=300527

Телепортирање низ времето постои само во филмовите, но доколку во нашата фантазија сами го направиме тоа во даден момент, тогаш и ова е возможно. Една таква пријатна и несекојдневна прилика и привилегија имаше пејачот и композитор Димитар Андоновски. Во далечната 1994 година на детскиот фестивал „Си-До“, тој ги направи првите чекори на сцена и ги отпеа првите стихови за една Ема, а сега историјата се повтори. На негово место сега беше наследникот Михаил кој дебитираше на „Си-До“ во родната Битола, а тато горд и пресреќен ова го доживеа како тој да се гледа повторно како дете. „Денес Михаил дебитираше на фестивалот „Си - До“. Беше цел ден возбуден и среќен дека ќе пее. Кога го гледав на сцена како да се гледав самиот јас кога за првпат пеев на истиот фестивал во 1994 година. Крвта не е вода“ - напиша Димитар покрај фотографијата на која позираше со неговиот наследник. Чувството неописливо убаво, ежење и топење од љубов што може родител да ја чувствува, особено пак кога детето оди по неговите стапки и покажува слични или исти афинитети. Дали и Михаил ќе продолжи да ја сака музиката и пеењето, останува времето да покаже колку се силни гените од тато и дека тука ќе важи она „крушата под круша паѓа“. Инаку, освен Михаил, Димитар со сопругата Христина го има и синот Гаврил, кој во јануари оваа година наполни една годинка. фото:Инстаграм принтскрин/ Димитар Андоновски]]>