шведски претставник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 20 May 2019 09:09:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шведски претставник – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Tамара не претстави гордо на „Евровизија“, а сега подготвува нешто со овој евровизиски претставник https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-ne-pretstavi-gordo-na-evrovizija-a-sega-podgotvuva-neshto-so-ovoj-evroviziski-pretstavnik/ Mon, 20 May 2019 07:55:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=88688

Викендот зад нас беше полн со еуфорија, навивчка атмосфера, емотовен... Во сабота вечер се одржа 64 издание на Избор на песна на „Евровизија“ на кое по седум години учествуваше и нашата држава. Тамара Тодевска  во финалната вечер со песната „Proud“  покажа и докажа како се пее и не направи сите горди. Позитивните коментари за нејзиниот настап на Евровизија не престануваат, а ние имаме на што да бидеме горди. Тамара долго време не држеше на прво место на листата, а потоа настана пресврт и со гласовите од телевоутингот завршивме на осмо место.
Меѓутоа, Тодевска испиша историски успех за нашата држава и го освои најдобриот пласман. Тамара ја претстави нашата држава во најдобро светло не само пред сцената, туку и зад неа кога ќе се исклучат камерите. Според приложените фотографии и видеа можевме да видиме дека меѓу нашиот тим владееше позитивна енергија, но тие беа отворени за дружење и со останатите претставници. Тијана Дапчевиќ која истакна дека е најгорда сестра во Европа, раскажа дека Тамара воопшто немала тремала пред настапот. „Нема да верувате, но ми се јави четири минути пред да излезе на сцена. Ние сите кои сме биле на Евровизија знаеме дека во тие минути немате крв во себе. Таа не знае што е трема, таа е човек кој не знае што е трема. Тоа е човек кој е на сцена од својата шеста година. Ми се јави четири минути пред да настапи, јас и реков: „Ти нормална ли си,  оди диши, медитирај“, откри Тијана во емисијата „Премијера викенд специјал“.
Таа исто така откри и една ексклузива, односно откри дека Тамара подготвува дует со шведскиот претставник на Евровизија, Џон Лундвик..
„Еве една ексклузива, снима дует со Швеѓанецот. Тој и се доближил на втората полуфинална вечер и кажал: „Чекај бре, можно ли да не си црнкиња? Зарем е можно некој кој не е црнкиња да пее така? Се спријатели и со претставникот на Италија“ истакна Дапчевиќ во емисијата. https://www.youtube.com/watch?v=per9LXOh9zY Инаку, сношти Тамара по враќањето од Тел Авив беше гостинка во отворено студио на 1тв каде откри дека  добила многу понуди од европски композитори. „Запознав многу луѓе, направив некои контакти, па се надевам дека ќе излезе и некоја добра соработка. Добив понуди од шведски, германски композитори, еден дури дојде да ме покани да пеам на мјузикл во Лондон“ вели Тодевска и додава дека ова е нов почеток за нејзината кариера.
„Сега треба да се искористат овие пет минути. Следната недела имам состанок во Софија со еден дечко, за нова песна која сакам да ја издадам за летово. Тоа е Борислав, што ја правеше песната „Dance alone“ на Јана Бурче и сега на преставникот на Азербијџан.  Следната недела треба да се видиме, би сакала да прошарам со различни луѓе да поработам“ истакна Тамара. Дали Тамара ќе оствари соработка со шведскиот претставник и што ни подготвува за летото, останува да видиме.]]>