шведска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 06 Dec 2023 13:32:21 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.1.6 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шведска – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Втора година по ред без свој претставник: Македонија нема да учествува и на „Евровизија 2024“ https://arhiva.vistina.com.mk/vtora-godina-po-red-bez-svoj-pretstavnik-makedonija-nema-da-uchestvuva-i-na-evrovizija-2024/ Wed, 06 Dec 2023 13:32:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=330247

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска Македонија нема да учествува, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во овој шведски град, во мај следната година, а учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. „Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме“ - објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х. Од Македонската Радио Телевизија се' уште нема официјално соопштение во врска со нашето неучество на Евровизија следната година, но неофицијално добивме потврда дека веста е точна. Впрочем објавена е и од страна на ЕБУ. Се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме причините за оваа одлука. Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.

Повеќе на vistina.mk]]>

На Изборот за песна на Евровизија 2024 година во Малме, Шведска Македонија нема да учествува, што е втора година без наш претставник на ова музичко натпреварување. На најголемиот светски музички настан во живо, што ќе се одржи во овој шведски град, во мај следната година, а учеството го потврдија јавните радиодифузери од 37 земји. „Со длабока тага потврдуваме дека Македонија ќе отсуствува од Изборот за песна на Евровизија втора година по ред. Со среќа на сите 37 земји кои се натпреваруваат и со нетрпение го очекуваме големото шоу во Малме“ - објави македонскиот Фан сајт за изборот на песна на Евровизија на платформата Х. Од Македонската Радио Телевизија се' уште нема официјално соопштение во врска со нашето неучество на Евровизија следната година, но неофицијално добивме потврда дека веста е точна. Впрочем објавена е и од страна на ЕБУ. Се надеваме дека наскоро ќе ги слушнеме причините за оваа одлука. Од земјите од регионот, учество потврдиле Албанија, Хрватска, Грција, Србија и Словенија.]]>
Диаверум клучен учесник во прва ренална експертска академија во Македонија https://arhiva.vistina.com.mk/diaverum-kluchen-uchesnik-vo-prva-renalna-ekspertska-akademija-vo-makedonija/ Fri, 03 Nov 2023 10:39:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325286

Повеќе од педесетина експерти од Шведска и Македонија учествуваа на првата ренална експерстка академија во организација на Министерството за здравство, Шведската амабасада и мултинационалната организација за здравствена заштита Диаверум. На Академијата, тие споделија нови сознанија и добри практики за подобрување на реналната нега на пациентите во двете земји. Експертската академија ја отвори министерот за здравство, Фатмир Меџити, според кој хроничната бубрежна болест е ургентен здравствен предизвик во Европа кој погодува милиони луѓе и ги оптоварува здравствените системи.
„Според регистарот на Европската Ренална Асоцијација, инциденцата на нови пациенти на хемодијализа е околу 160 - 180 на милион жители за нашата држава. Во време на Ковид кризата, смртноста на пациентите на хемодијализа, хоспитализирани на одделите за ковид пациенти, се движеше околу 20 - 25%. Тоа укажува дека овие пациенти се со висок ризик за морталитет, со многу придружни заболувања и со особена потреба да се стават во приоритетните групи на третман во здравствениот систем“, посочи Меџити.
Министерот Меџити објасни дека Академијата е можност преку разговори, дебати и размена на искуства, експертите придонесуваат да се подобри квалитетот на здравствена грижа на пациентите. „Шведска со години наназад дава поддршка на нашата земја во размена на знаења и искуства, со што Северна Македонија е активен партнер за натамошно осовременување на здравствените услуги. Нашите две држави во сферата на здравството имаат исти приоритети. Посветено работиме на тоа здравствените услуги да бидат достапни за сите, инсистирајќи да се запазат најсовремените медицински протоколи“. Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик, кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. Првенствено е предизвикана од болести на животниот стил, како што е дијабетесот и распространетоста се зголемува, особено во земјите во развој и меѓу поединците со ниски приходи. Во Северна Македонија, околу 10% од населението се погодени од ХББ. Фернандо Макарио, извршен медицински директор за Диаверум групацијата, во своето обраќање на Академијата, вели дека иако Диаверум се присутни во 24 различни земји, Северна Македонија е една од врвните земји каде се врши многу квалитетен третман за хронични бубрежни пациенти на дијализа.  „Сепак, се разбира дека има работи што може да се подобрат. Една од работите што можат да се унапредат е пред-дијализното следење на пациентите. Со зголемување на капацитет во предијализно следење може да ја одложиме прогресијата на болеста и да ја подобриме состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации. Тоа се двата клучни критични аспекти за подобрување на грижата за бубрезите во Северна Македонија во овој момент“. Димитар Клисаровски, извршен директор за Диаверум во Северна Македонија, истакна дека Академијата е  доказ дека за краткиот период колку што Диаверум е активен во земјата, нашата култура на вистинска нега и холистички пристап кон бубрежната нега веќе имаат значително влијание. „Со нетрпение очекувам да бидеме силен и стабилен партнер кој помага во обликувањето на идната ренална грижа во Северна Македонија", вели Клисаровски. Н.Е. Ами Ларсон Џејн, амбасадорка на Шведска во земјава, рече дека одржувањето на реналната академија е првиот чекор во долгорочната здравствена партнерска програма за борба против хроничната бубрежна болест. „За да создадеме промени, треба да имаме холистички пристап, каде што Владата, болниците, индустријата и академијата работат партнерски. Со веќе воспоставени деловни интереси и реномирани експерти во областа, Шведска со задоволство има улога во собирање на претставници од сите овие четири полиња. Академијата е резултат на одличната соработка помеѓу Шведска во форма на Бизнис Свиден и Амбасадата и нашите партнери во Министерството за здравство“, рече Ларсон Џејн. Од влегувањето на македонскиот пазар на крајот од 2018 година, Диаверум стана еден од водечките провајдери на бубрежна нега во Северна Македонија, со вкупно 9 клиники и повеќе од 250 вработени кои се грижат за над 700 пациенти низ целата земја.

Повеќе на vistina.mk]]>

Повеќе од педесетина експерти од Шведска и Македонија учествуваа на првата ренална експерстка академија во организација на Министерството за здравство, Шведската амабасада и мултинационалната организација за здравствена заштита Диаверум. На Академијата, тие споделија нови сознанија и добри практики за подобрување на реналната нега на пациентите во двете земји. Експертската академија ја отвори министерот за здравство, Фатмир Меџити, според кој хроничната бубрежна болест е ургентен здравствен предизвик во Европа кој погодува милиони луѓе и ги оптоварува здравствените системи.
„Според регистарот на Европската Ренална Асоцијација, инциденцата на нови пациенти на хемодијализа е околу 160 - 180 на милион жители за нашата држава. Во време на Ковид кризата, смртноста на пациентите на хемодијализа, хоспитализирани на одделите за ковид пациенти, се движеше околу 20 - 25%. Тоа укажува дека овие пациенти се со висок ризик за морталитет, со многу придружни заболувања и со особена потреба да се стават во приоритетните групи на третман во здравствениот систем“, посочи Меџити.
Министерот Меџити објасни дека Академијата е можност преку разговори, дебати и размена на искуства, експертите придонесуваат да се подобри квалитетот на здравствена грижа на пациентите. „Шведска со години наназад дава поддршка на нашата земја во размена на знаења и искуства, со што Северна Македонија е активен партнер за натамошно осовременување на здравствените услуги. Нашите две држави во сферата на здравството имаат исти приоритети. Посветено работиме на тоа здравствените услуги да бидат достапни за сите, инсистирајќи да се запазат најсовремените медицински протоколи“. Хроничната бубрежна болест (ХББ) е глобален и ескалирачки предизвик, кој влијае на околу 10% од возрасната популација во светот. Првенствено е предизвикана од болести на животниот стил, како што е дијабетесот и распространетоста се зголемува, особено во земјите во развој и меѓу поединците со ниски приходи. Во Северна Македонија, околу 10% од населението се погодени од ХББ. Фернандо Макарио, извршен медицински директор за Диаверум групацијата, во своето обраќање на Академијата, вели дека иако Диаверум се присутни во 24 различни земји, Северна Македонија е една од врвните земји каде се врши многу квалитетен третман за хронични бубрежни пациенти на дијализа.  „Сепак, се разбира дека има работи што може да се подобрат. Една од работите што можат да се унапредат е пред-дијализното следење на пациентите. Со зголемување на капацитет во предијализно следење може да ја одложиме прогресијата на болеста и да ја подобриме состојбата на пациентите доколку треба да започнат со дијализа и со зголемување на капацитетите за васкуларен пристап и поставување соодветен васкуларен пристап пациентите ќе имаат подобар квалитет на живот и помалку хоспитализации. Тоа се двата клучни критични аспекти за подобрување на грижата за бубрезите во Северна Македонија во овој момент“. Димитар Клисаровски, извршен директор за Диаверум во Северна Македонија, истакна дека Академијата е  доказ дека за краткиот период колку што Диаверум е активен во земјата, нашата култура на вистинска нега и холистички пристап кон бубрежната нега веќе имаат значително влијание. „Со нетрпение очекувам да бидеме силен и стабилен партнер кој помага во обликувањето на идната ренална грижа во Северна Македонија", вели Клисаровски. Н.Е. Ами Ларсон Џејн, амбасадорка на Шведска во земјава, рече дека одржувањето на реналната академија е првиот чекор во долгорочната здравствена партнерска програма за борба против хроничната бубрежна болест. „За да создадеме промени, треба да имаме холистички пристап, каде што Владата, болниците, индустријата и академијата работат партнерски. Со веќе воспоставени деловни интереси и реномирани експерти во областа, Шведска со задоволство има улога во собирање на претставници од сите овие четири полиња. Академијата е резултат на одличната соработка помеѓу Шведска во форма на Бизнис Свиден и Амбасадата и нашите партнери во Министерството за здравство“, рече Ларсон Џејн. Од влегувањето на македонскиот пазар на крајот од 2018 година, Диаверум стана еден од водечките провајдери на бубрежна нега во Северна Македонија, со вкупно 9 клиники и повеќе од 250 вработени кои се грижат за над 700 пациенти низ целата земја.]]>
„Bye for now“ со виодео спот од Благој Ламјов (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/bye-for-now-so-viodeo-spot-od-blagoj-lamjov-video/ Mon, 07 Aug 2023 11:23:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312849

Десеттата песна од албумот „ Nostalgic Love“ на велешанецот Благој Ламјов, насловена како „Bye for now“ или во превод „Збогум за сега“ после четири години од издавањето доби видео запис. Според Ламјов луѓето кои што го слушаат неговиот албум, музиката ја чувствуваат некаде длабоко во себе и не им е потребен спот за да конзумираат убава музика. Тој додава дека спотот само им смета при слушањето, па затоа и четири години немал снимено видео запис. Во разговорот за Дума.мк тој ја откри и причината за снимање на истиот. – Не планирав да правам типичен спот затоа што тоа не е мој стил и не се совпаѓа со мојот албум. Затоа е вака минималистички. Не сакав да не дозволам да спотот го превземе просторот и да доминираа пред музиката туку сакав да делува само како еден мал украс во стилот на целиот албум. А што се крие… Па едноставно кажано, видеото е подарок за некого, како што е всушност и целиот мој албум “Nostalgic Love”, рече Ламјов . Видео записот за песната „Bye for now“ е снимен во Шведска, додека идеајата за изгледот е на Ламјов. Дизајн на светлото е самата видео продукција, Marcus Lundgren Production.

Повеќе на vistina.mk]]>

Десеттата песна од албумот „ Nostalgic Love“ на велешанецот Благој Ламјов, насловена како „Bye for now“ или во превод „Збогум за сега“ после четири години од издавањето доби видео запис. Според Ламјов луѓето кои што го слушаат неговиот албум, музиката ја чувствуваат некаде длабоко во себе и не им е потребен спот за да конзумираат убава музика. Тој додава дека спотот само им смета при слушањето, па затоа и четири години немал снимено видео запис. Во разговорот за Дума.мк тој ја откри и причината за снимање на истиот. – Не планирав да правам типичен спот затоа што тоа не е мој стил и не се совпаѓа со мојот албум. Затоа е вака минималистички. Не сакав да не дозволам да спотот го превземе просторот и да доминираа пред музиката туку сакав да делува само како еден мал украс во стилот на целиот албум. А што се крие… Па едноставно кажано, видеото е подарок за некого, како што е всушност и целиот мој албум “Nostalgic Love”, рече Ламјов . Видео записот за песната „Bye for now“ е снимен во Шведска, додека идеајата за изгледот е на Ламјов. Дизајн на светлото е самата видео продукција, Marcus Lundgren Production. ]]>
Малме ќе биде домаќин на 68-от Избор за песна на Евровизија во Шведска https://arhiva.vistina.com.mk/malme-ke-bide-domakin-na-68-ot-izbor-za-pesna-na-evrovizija-vo-shvedska/ Wed, 12 Jul 2023 12:49:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=310015

На 68-та Евровизија, која годинава се одржа во мај во Велика Британија, победи Шведска, а нејзин претставник беше пејачката Лорен со песната „Тетоважа“. И денеска, по долго размислување, на официјалната веб-страница на Евровизија беше објавен датумот на настанот, како и градот кој ќе биде домаќин на следниот, 68. Избор за песна на Евровизија. Официјалните лица денеска соопштија дека финалето ќе се одржи на 11-ти мај во Малме, а датумите на првото и второто полуфинале се 7-ми и 9-ти мај. Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување да се одржува во Шведска. Ова, исто така, ќе биде прв пат во историјата на натпреварот Евровизија да не биде домаќин на главниот град пет последователни години. „Фала боже, повторно не е досаден Стокхолм. Одличен избор“, напиша еден од обожавателите. Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.

Повеќе на vistina.mk]]>

На 68-та Евровизија, која годинава се одржа во мај во Велика Британија, победи Шведска, а нејзин претставник беше пејачката Лорен со песната „Тетоважа“. И денеска, по долго размислување, на официјалната веб-страница на Евровизија беше објавен датумот на настанот, како и градот кој ќе биде домаќин на следниот, 68. Избор за песна на Евровизија. Официјалните лица денеска соопштија дека финалето ќе се одржи на 11-ти мај во Малме, а датумите на првото и второто полуфинале се 7-ми и 9-ти мај. Ова ќе биде трет пат Малме да биде домаќин на Евровизија, по 1992 и 2013 година, а вкупно 7-ми пат големото музичко натпреварување да се одржува во Шведска. Ова, исто така, ќе биде прв пат во историјата на натпреварот Евровизија да не биде домаќин на главниот град пет последователни години. „Фала боже, повторно не е досаден Стокхолм. Одличен избор“, напиша еден од обожавателите. Третиот по големина град во Шведска со 350.000 жители беше избран за град-домаќин по ригорозен процес кој ги испитуваше капацитетите на местото на одржување, способноста да се сместат илјадници делегации во посета, екипажи, навивачи и новинари.]]>
Ја раситни 32-ката и замина да го слави животот: Ја препознавате ли оваа русокоса, некогаш позната македонска музичка ѕвезда? (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ja-rasitni-32-kata-i-zamina-da-go-slavi-zhivotot-ja-prepoznavate-li-ovaa-ruskosa-nekogash-poznata-makedonska-muzichka-zvezda-foto/ Tue, 04 Jul 2023 09:27:08 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308769

Ја препознавате ли оваа русокоса, која некогаш беше позната македонска музичка ѕвезда? Успеа далеку да дотурка дури и во популарното регионално музичко шоу Х- фактор каде го шокираше и жирито со својот изглед, однесување, а најмногу со својот настап и пеење, оставјќи го тогаш дури еден Жељко Јоксимовиќ посрамотен и без зборови? Само што тогаш ТАА се' уште официјално беше ТОЈ и изгледаше малку поинаку. Со црна долга пократка коса и без сите останати атрибути што денес го красат како жена. Филип Јаневски попознат како Фифи подоцна замина да живее во Шведска, го смени името во Џиа, се подложи на хормонски терапии, го промени полот, направил  надградба каде што треба и сега коечно е свој. Онака како што Фифи отсекогаш се чувствувал - како жена! Само што од раѓање бил заробен во машко тело. „Уште кога се родив, знаев дека сум девојче. Никогаш не се ни однесував како машко. Бидејќи имам машки полов орган, тоа е единствената работа што не ме прави вистинска жена. На петгодишна возраст станав свесен за „проблемот“ затоа што во тоа време сфатив дека нешто не е во ред со мене. Сакав да шминкам, да се облекувам како принцеза, а моите родители не би го дозволиле тоа, и тогаш сфатив дека сум роден(а) во погрешно тело“ – раскажуваше своевремено Фифи. Иако патот до трансформацијата бил тежок, болен, полн со препреки и разочарувања, Фифим сега Џија никогаш не ја загубил(а) самодовербата. „Јас пораснав со мајка ми и татко ми, а имам помлад брат и сестра. Моите родители отсекогаш биле ужасно конзервативни затоа што живееме во такво опкружување и тешко им беше да прифатат да имаат дете како мене, но многу се мачев да докажам дека е тоа во ред и нема од што да се срамат. Страшно е тоа за едно дете. Порано ја губев желбата да живеам, но на крајот на денот, сфатив дека морам да се борам за себе. Моите родители не успеаја да ме поколебаат или да ме сменат“. По преселбата во Шведска Џиа конечно ќе го најде својот мир и ќе успее да додјде до толку посакуваното остварување на својот сон - да биде она за што е чувствува. Љубовниот живот јавно не го открива, иако претходно, додека беше во Македонија Фифи знаеше да зборува и на таа тема: „Никогаш не сум бил во врска со жена затоа што јас навистина сум вистинска жена. Во Македонија,  бев претежно со мажи кои ја криеја својата определба. Тие не сакаа да се знае дека сакаат мажи. Пред една година, бев во врска со човек кој не се плашеше да каже дека е со мене, убаво ни беше, но траеше само кратко време. Тој очигледно ме сакаше, но неговата мајка беше против нашата врска и заедно решивме да се разделиме после девет месеци. Не ги сакам феминизираните, туку вистинските мажи. Отсекогаш сум била со вистински, стрејт мажи, никогаш со геј, затоа што јас сум жена“ - гоореше тогаша Фифи Јаневски, а денес...? Денес тој е сосема друга личност. Русокосата Џиа деновиве ја раситни 32-ката, си посака среќен роденден и замина да го слави животот... Онака како што отсекогаш посакувала, а сега тоа може и да си го дозволи неоптоварена од туѓите предрасуди, непријатни муабети, тешки осуди! Фото: Инстаграм принтскрин/giajanevska  

Повеќе на vistina.mk]]>

Ја препознавате ли оваа русокоса, која некогаш беше позната македонска музичка ѕвезда? Успеа далеку да дотурка дури и во популарното регионално музичко шоу Х- фактор каде го шокираше и жирито со својот изглед, однесување, а најмногу со својот настап и пеење, оставјќи го тогаш дури еден Жељко Јоксимовиќ посрамотен и без зборови? Само што тогаш ТАА се' уште официјално беше ТОЈ и изгледаше малку поинаку. Со црна долга пократка коса и без сите останати атрибути што денес го красат како жена. Филип Јаневски попознат како Фифи подоцна замина да живее во Шведска, го смени името во Џиа, се подложи на хормонски терапии, го промени полот, направил  надградба каде што треба и сега коечно е свој. Онака како што Фифи отсекогаш се чувствувал - како жена! Само што од раѓање бил заробен во машко тело. „Уште кога се родив, знаев дека сум девојче. Никогаш не се ни однесував како машко. Бидејќи имам машки полов орган, тоа е единствената работа што не ме прави вистинска жена. На петгодишна возраст станав свесен за „проблемот“ затоа што во тоа време сфатив дека нешто не е во ред со мене. Сакав да шминкам, да се облекувам како принцеза, а моите родители не би го дозволиле тоа, и тогаш сфатив дека сум роден(а) во погрешно тело“ – раскажуваше своевремено Фифи. Иако патот до трансформацијата бил тежок, болен, полн со препреки и разочарувања, Фифим сега Џија никогаш не ја загубил(а) самодовербата. „Јас пораснав со мајка ми и татко ми, а имам помлад брат и сестра. Моите родители отсекогаш биле ужасно конзервативни затоа што живееме во такво опкружување и тешко им беше да прифатат да имаат дете како мене, но многу се мачев да докажам дека е тоа во ред и нема од што да се срамат. Страшно е тоа за едно дете. Порано ја губев желбата да живеам, но на крајот на денот, сфатив дека морам да се борам за себе. Моите родители не успеаја да ме поколебаат или да ме сменат“. По преселбата во Шведска Џиа конечно ќе го најде својот мир и ќе успее да додјде до толку посакуваното остварување на својот сон - да биде она за што е чувствува. Љубовниот живот јавно не го открива, иако претходно, додека беше во Македонија Фифи знаеше да зборува и на таа тема: „Никогаш не сум бил во врска со жена затоа што јас навистина сум вистинска жена. Во Македонија,  бев претежно со мажи кои ја криеја својата определба. Тие не сакаа да се знае дека сакаат мажи. Пред една година, бев во врска со човек кој не се плашеше да каже дека е со мене, убаво ни беше, но траеше само кратко време. Тој очигледно ме сакаше, но неговата мајка беше против нашата врска и заедно решивме да се разделиме после девет месеци. Не ги сакам феминизираните, туку вистинските мажи. Отсекогаш сум била со вистински, стрејт мажи, никогаш со геј, затоа што јас сум жена“ - гоореше тогаша Фифи Јаневски, а денес...? Денес тој е сосема друга личност. Русокосата Џиа деновиве ја раситни 32-ката, си посака среќен роденден и замина да го слави животот... Онака како што отсекогаш посакувала, а сега тоа може и да си го дозволи неоптоварена од туѓите предрасуди, непријатни муабети, тешки осуди! Фото: Инстаграм принтскрин/giajanevska  ]]>
Порноактерката Марија Задравец е првата Хрватка која оди на квалификации светско првенство во секс! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/pornoakterkata-marija-zadravets-e-prvata-hrvatka-koja-odi-na-kvalifikatsii-svetsko-prvenstvo-vo-seks-video/ Tue, 30 May 2023 08:52:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304200

Хрватската порноактерка Марија Задравец ќе ја претставува „лијепа наша“ како првата Хрватка која оди на светско првенство во секс што ќе се одржи на 8 јуни! Организаторите го покренале ваквото „натпреварување“ , наводно затоа што сакале да ја прикажат женската подреденост во општеството!? Натпреварот инаку ќе се одржи во Гетеборг - Шведска, а организатор е Шведскиот сексуален сојуз. Натпреварувањето ќе се одвива по принципот на своевидно реално шоу и ќе трае 10 месеци, во кое ќе бидат пшо 10 мажи и жени. „Ќе бидеме сместени во куќи во кои ќе не снимаат 24/7, нешто како во 'Големиот брат“ - вели хрватската претставничка и додава: „Категориите се следниве: заведување, масажа, предигра, орален секс, пенетрација... Секојдневно ќе се натпреваруваме во една категорија по 45 минути во денот. Најдобрите ќе добијат медали, а победникот оди на светското првенство.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by 24sata (@24sata.hr)

Извор/видео: 24 sata.hr Фото: Инстаграм принтскрин/marija.zadravec.21

Повеќе на vistina.mk]]>

Хрватската порноактерка Марија Задравец ќе ја претставува „лијепа наша“ како првата Хрватка која оди на светско првенство во секс што ќе се одржи на 8 јуни! Организаторите го покренале ваквото „натпреварување“ , наводно затоа што сакале да ја прикажат женската подреденост во општеството!? Натпреварот инаку ќе се одржи во Гетеборг - Шведска, а организатор е Шведскиот сексуален сојуз. Натпреварувањето ќе се одвива по принципот на своевидно реално шоу и ќе трае 10 месеци, во кое ќе бидат пшо 10 мажи и жени. „Ќе бидеме сместени во куќи во кои ќе не снимаат 24/7, нешто како во 'Големиот брат“ - вели хрватската претставничка и додава: „Категориите се следниве: заведување, масажа, предигра, орален секс, пенетрација... Секојдневно ќе се натпреваруваме во една категорија по 45 минути во денот. Најдобрите ќе добијат медали, а победникот оди на светското првенство.
 
View this post on Instagram
 

A post shared by 24sata (@24sata.hr)

Извор/видео: 24 sata.hr Фото: Инстаграм принтскрин/marija.zadravec.21]]>
Победата на Лорин и Шведска можно е повторно да ја обедината групата АББА (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/pobedata-na-lorin-i-shvedska-mozhno-e-povtorno-da-ja-obedinata-grupata-abba-foto/ Mon, 15 May 2023 11:32:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=302009

Шведската супергрупа АББА би можела да се реформира за Евровизија следната година, што се совпаѓа со 50-годишнината од победата на легендарниот бенд на натпреварот со нивниот хит „Ватерло“. Изборот за песна на Евровизија 2024 година ќе се одржи во Шведска, откако Лорин во недалата во Ливерпул, влезе во историјата со тоа што стана првата жена што двапати победила на Евровизија. „По победата на Шведска, луѓето се обложуваат на повторно обединување на АББА. Тие победија на Евровизија во Брајтон во април 1974 година, а следната година ќе биде 50-годишнината од тоа. Дури и ако нивните ѕвезди од АББА направат холограмско шоу, фановите се очајни за тоа“, изјави извор за магазинот The Sun. Бендот, составен од Агнет Фалцки, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад, беше активен 10 години, издаде голем број хитови и престана да функционира во осумдесеттите. Четворката се реформираше во 2020 година и го објавија својот нов албум „Voyage“, а ги снимија и своите аватари за истоимената емисија, пишува Дејли Мејл. Инаку, дел од гледачите се убедени дека победата на Лорин и Шведска е само најава за големиот настап на АББА. Дали ќе дојде до тоа, времето ќе покаже. Фото: Принтскрин/Танјуг/АП/Алберто Пецали

Повеќе на vistina.mk]]>

Шведската супергрупа АББА би можела да се реформира за Евровизија следната година, што се совпаѓа со 50-годишнината од победата на легендарниот бенд на натпреварот со нивниот хит „Ватерло“. Изборот за песна на Евровизија 2024 година ќе се одржи во Шведска, откако Лорин во недалата во Ливерпул, влезе во историјата со тоа што стана првата жена што двапати победила на Евровизија. „По победата на Шведска, луѓето се обложуваат на повторно обединување на АББА. Тие победија на Евровизија во Брајтон во април 1974 година, а следната година ќе биде 50-годишнината од тоа. Дури и ако нивните ѕвезди од АББА направат холограмско шоу, фановите се очајни за тоа“, изјави извор за магазинот The Sun. Бендот, составен од Агнет Фалцки, Бјорн Улвеус, Бени Андерсон и Ани-Фрид Лингстад, беше активен 10 години, издаде голем број хитови и престана да функционира во осумдесеттите. Четворката се реформираше во 2020 година и го објавија својот нов албум „Voyage“, а ги снимија и своите аватари за истоимената емисија, пишува Дејли Мејл. Инаку, дел од гледачите се убедени дека победата на Лорин и Шведска е само најава за големиот настап на АББА. Дали ќе дојде до тоа, времето ќе покаже. Фото: Принтскрин/Танјуг/АП/Алберто Пецали]]>
Пејачката Лорин по вторпат победи на Евровизија, а еве сѐ што не сте знаеле за неа (фото)  https://arhiva.vistina.com.mk/pejachkata-lorin-po-vtorpat-pobedi-na-evrovizija-a-eve-s-shto-ne-ste-znaele-za-nea-foto/ Sun, 14 May 2023 07:25:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301844

Шведската претставничка Лорин победи по втор пат на Евровизија. Нејзината песна „Тетоважа“ ја воодушеви цела Европа, исто како „Еуфорија“ во 2012 година во Баку, кој таа година беше домаќин на 57-то натпреварување по ред. Откако беше објавено која е кандидатката на Шведска за овогодинешниот натпревар, обложувалниците веднаш ја ставија на првото место, па може да се каже дека нејзината победа беше очекувана. Инаку, со оваа победа таа влезе во историјата на Евровизија како првата жена која успеала да победи 2 пати и со тоа се доближила до Ирецот Џони Логан, кој успеа да го направи тоа дури 3 пати - како пејач, во 1980 година со песната „What's Another Година“ и во 1987. со „Hold Me Now“, додека Линди Мартин ја напиша песната „Why Me“ со која победи во 1992 година. Што се однесува до Лорин, таа е родена во 1983 година во Стокхолм како Лорин Зинеб Нора Талхауи, во конзервативно муслиманско семејство кое емигрирало од Мароко. Уште од мала знаела дека сака да се занимава со музика. Публиката во Шведска првпат слушна за неа во 2004 година на нивниот „Идол“ кога заврши на четвртото место и оттогаш нејзината кариера оди во нагорна патека. Таа се пријави на „Мелодифестивален 2011“ (шведскиот национален натпревар за песна на Евровизија), но не постигна забележителни резултати. Сепак, следната година таа победи со песната „Еуфорија“, која подоцна беше најдобра на Евровизија. Во текот на 2012 година ја следеа гласини дека не ги бричи пазувите бидејќи изјавила дека ги поддржува жените кои не сакаат да се бричат, но никогаш не сакала да коментира дали тоа го практикува или не. Дел од јавноста беше згрозена од ова, некои дури и ја навредуваа поради тоа. Имено, Лина Ехрин е снимена на „Мелодифестивален“ како ги крева рацете по победата на Лорина, а кадарот од нејзината небричена пазува заврши на телевизија. Некој успеал да направи принтскин од тој момент, кој брзо почнал да се шири на социјалните мрежи. После тоа, шведските активисти ја започнаа кампањата „Врќање на влакната“, а Лорин ги поддржа. Подоцна се нашла на мета на осуда затоа што си ја скратила косата ќелаво, па поради таквата одлука многумина вербално ја нападнале, но таа не обрнувала внимание. Уште еднаш го привлече вниманието на јавноста (во 2017 година) не поради нејзината музика, туку поради изјавата дека е бисексуалка. Сепак, пред две години таа објави дека има момче. Победата на Шведска дојде во вистинско време - следната година се навршуваат точно 50 години од победата на АББА со песната „Ватерло“ во Брајтон, со што си го отворија патот да станат една од најпопуларните групи досега. Фото: Принтскрин/РТС/Јутјуб

Повеќе на vistina.mk]]>

Шведската претставничка Лорин победи по втор пат на Евровизија. Нејзината песна „Тетоважа“ ја воодушеви цела Европа, исто како „Еуфорија“ во 2012 година во Баку, кој таа година беше домаќин на 57-то натпреварување по ред. Откако беше објавено која е кандидатката на Шведска за овогодинешниот натпревар, обложувалниците веднаш ја ставија на првото место, па може да се каже дека нејзината победа беше очекувана. Инаку, со оваа победа таа влезе во историјата на Евровизија како првата жена која успеала да победи 2 пати и со тоа се доближила до Ирецот Џони Логан, кој успеа да го направи тоа дури 3 пати - како пејач, во 1980 година со песната „What's Another Година“ и во 1987. со „Hold Me Now“, додека Линди Мартин ја напиша песната „Why Me“ со која победи во 1992 година. Што се однесува до Лорин, таа е родена во 1983 година во Стокхолм како Лорин Зинеб Нора Талхауи, во конзервативно муслиманско семејство кое емигрирало од Мароко. Уште од мала знаела дека сака да се занимава со музика. Публиката во Шведска првпат слушна за неа во 2004 година на нивниот „Идол“ кога заврши на четвртото место и оттогаш нејзината кариера оди во нагорна патека. Таа се пријави на „Мелодифестивален 2011“ (шведскиот национален натпревар за песна на Евровизија), но не постигна забележителни резултати. Сепак, следната година таа победи со песната „Еуфорија“, која подоцна беше најдобра на Евровизија. Во текот на 2012 година ја следеа гласини дека не ги бричи пазувите бидејќи изјавила дека ги поддржува жените кои не сакаат да се бричат, но никогаш не сакала да коментира дали тоа го практикува или не. Дел од јавноста беше згрозена од ова, некои дури и ја навредуваа поради тоа. Имено, Лина Ехрин е снимена на „Мелодифестивален“ како ги крева рацете по победата на Лорина, а кадарот од нејзината небричена пазува заврши на телевизија. Некој успеал да направи принтскин од тој момент, кој брзо почнал да се шири на социјалните мрежи. После тоа, шведските активисти ја започнаа кампањата „Врќање на влакната“, а Лорин ги поддржа. Подоцна се нашла на мета на осуда затоа што си ја скратила косата ќелаво, па поради таквата одлука многумина вербално ја нападнале, но таа не обрнувала внимание. Уште еднаш го привлече вниманието на јавноста (во 2017 година) не поради нејзината музика, туку поради изјавата дека е бисексуалка. Сепак, пред две години таа објави дека има момче. Победата на Шведска дојде во вистинско време - следната година се навршуваат точно 50 години од победата на АББА со песната „Ватерло“ во Брајтон, со што си го отворија патот да станат една од најпопуларните групи досега. Фото: Принтскрин/РТС/Јутјуб]]>
Шведска е победник на Евровизија 2023 – Лорин испиша историја (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/shvedska-e-pobednikot-na-evrovizija-2023-video/ Sun, 14 May 2023 06:03:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301832

Шведска е победник на Евровизија 2023 во Ливерпул. Лорин (40) испиша историјата на Евровизија, бидејќи е првата изведувачка која двапати победила на овој натпревар - пред 11 години победи со песната „Еуфорија“, а овој пат со песната „Тетоважа“. На музичкиот натпревар се претставија 26-те земји кои влегоа во финалето на Евровизија. Шведска е победникот на Евровизија, откако ги додаде гласовите на жирито и публиката, со вкупно 583 поени. Финска е на второто место со 526, додека третото место го освои Израел со вкупно 362 бода. Вака гласаше светот кој од оваа година може да учествува во изборот на победникот на Евровизија. Шведска, настапуваше под реден број девет, а Лорин, која веќе победи на Евровизија во 2012 година, настапи со песната „Тетоважа“, песна за љубовната врска која е толку силна што се врежува засекогаш како тетоважа. Лорин доби огромни овации од публиката во арената уште на самиот почеток на настапот. Фото: Принтскрин/РТС

Повеќе на vistina.mk]]>

Шведска е победник на Евровизија 2023 во Ливерпул. Лорин (40) испиша историјата на Евровизија, бидејќи е првата изведувачка која двапати победила на овој натпревар - пред 11 години победи со песната „Еуфорија“, а овој пат со песната „Тетоважа“. На музичкиот натпревар се претставија 26-те земји кои влегоа во финалето на Евровизија. Шведска е победникот на Евровизија, откако ги додаде гласовите на жирито и публиката, со вкупно 583 поени. Финска е на второто место со 526, додека третото место го освои Израел со вкупно 362 бода. Вака гласаше светот кој од оваа година може да учествува во изборот на победникот на Евровизија. Шведска, настапуваше под реден број девет, а Лорин, која веќе победи на Евровизија во 2012 година, настапи со песната „Тетоважа“, песна за љубовната врска која е толку силна што се врежува засекогаш како тетоважа. Лорин доби огромни овации од публиката во арената уште на самиот почеток на настапот. Фото: Принтскрин/РТС]]>
Марија Шерифовиќ го откри својот фаворит на Евровизија, а тоа не е Србија: „Ова е победничка, напред девојко!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-sherifovik-go-otkri-svojot-favorit-na-evrovizija-a-toa-ne-e-srbija-ova-e-pobednichka-napred-devojko-foto/ Wed, 10 May 2023 09:26:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301348

Пејачката Марија Шерифовиќ е воодушевена од песната што Шведска ја претставува на овогодинешниот Евросонг во изведба на Лорин, победничката на споменатото натпреварување од 2012 година. Во вчерашното полуфинале настапи и српскиот претставник Лук Блек со песната „Само ми се спава“, кој ќе настапи во финалето. Марија Шерифовиќ секако ќе го поддржи српскиот претставник чија фотографија ја објави на својот Инстаграм, но во исто време смета дека Шведска е таа која заслужува да победи на споменатиот натпревар. - Ова мора да победи, напред девојче! – напиша Марија во описот на спотот во кој Лорин ја изведува песна која според предвидувањата на светските обложувалници сигурно ќе го достигне врвот. фото: Инстаграм/Eurovision Song Contest

Повеќе на vistina.mk]]>

Пејачката Марија Шерифовиќ е воодушевена од песната што Шведска ја претставува на овогодинешниот Евросонг во изведба на Лорин, победничката на споменатото натпреварување од 2012 година. Во вчерашното полуфинале настапи и српскиот претставник Лук Блек со песната „Само ми се спава“, кој ќе настапи во финалето. Марија Шерифовиќ секако ќе го поддржи српскиот претставник чија фотографија ја објави на својот Инстаграм, но во исто време смета дека Шведска е таа која заслужува да победи на споменатиот натпревар. - Ова мора да победи, напред девојче! – напиша Марија во описот на спотот во кој Лорин ја изведува песна која според предвидувањата на светските обложувалници сигурно ќе го достигне врвот. фото: Инстаграм/Eurovision Song Contest]]>