штрудли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 28 Nov 2022 13:14:22 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png штрудли – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Воздушести и сочни штрудли по стар рецепт кои остануваат свежи со денови https://arhiva.vistina.com.mk/vozdushesti-i-sochni-shtrudli-po-star-recept-koi-ostanuvaat-svezi-so-denovi/ Mon, 28 Nov 2022 13:45:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277672

Штрудлите ги сакаат и децата и возрасните, тие се идеално слатко после ручекот, но и ужина што ќе ве засити. Многумина бегаат од правење на овој десерт токму поради комплицираниот начин на приготвување, меѓутоа, кога ќе погледнете малку подобро, ќе видите дека има и поедноставни рецепти за овој прекрасен деликатес. Состојки: За кората: 100 мл млеко 100 мл јогурт 20 гр квасец околу 400 гр брашно 1 прстофат сол 1 жолчка од јајце 1 dl масло 1 лажичка шеќер За полнење: 200 гр мелени ореви 100 гр шеќер За премачкување: 1 изматена белка од јајце За посипување: шеќер во прав по вкус Подготовка: Загрејте го млекото и кога ќе е млако ставете ги квасецот, шеќерот и една лажичка брашно, па оставете да отстои десетина минути. Потоа додадете јогурт, масло, жолчки и прстофат сол. Измешајте сè и постепено додавајте брашно додека не добиете мазно и меко тесто, па оставете го да стаса. Готовото тесто поделете го на два дела и расукајте го во правоаголник што е можно потенок. Измешајте мелени ореви и шеќер и нанесете половина на првата кора, притиснете со раце, па свиткајте во ролат. Повторете ја постапката за втората кора. Секој ролат исечете го на помали штрудли и наредете ги на плех обложен со хартија за печење. Секоја штрудла премачкајте ја со изматена белка и веднаш печете ја во загреана рерна на 200 степени околу половина час, а готовата штрудла извалкајте ја во шеќер во прав. извор:попара.мк]]>

Идеја за појадок: Брзи штрудли со џем https://arhiva.vistina.com.mk/ideja-za-pojadok-brzi-shtrudli-so-dzem/ Mon, 26 Oct 2020 14:15:16 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172993

Предлог за појадок кој ќе му се допадне на целото семејство. Потребни состојки:
  • 200 гр путер/маргарин
  • 100-150 гр шеќер
  • Околу 500 гр брашно
  • 5 гр печиво
  • Џем
Начин на подготовка: Многу едноставна постапка, измешајте го путерот на собна температура со јогуртот и додадете ги останатите состојки. Замесете средно меко тесто. Може и да го оставите во фрижидер малку да се стегне за полесна работа, а може и веднаш да го исукате во кора. Поделете го тестото на делови и од секој дел исукајте правоаголни кори. Исечете ги на ленти околу 10-12 цм широки. На средина ставете фил по желба, џем или овошје. Преклопете од двете страни и убаво залепете ги двата дела. Исечете на парчиња (5-6 цм долги) и редете ги на плех со споените делови долу. Печете ги на 200 степени околу 15-20 минути. Оставете ги убаво да се изладат, па може да им наросите шеќер во прав. Одлични се и за ужинка или десерт.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by martinascooking (@martinascookingg) on

извор: кајгана]]>