штркот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 08 Nov 2023 10:11:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png штркот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Македонската ријалити ѕвезда, модел и инфлуенсерка во триесеттата изгледа како тинејџерка: Елеонора ги „излижа годините“ со иста сласт како и вистинскиот човек до себе (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/makedonskata-rijaliti-zvezda-model-i-influenserka-vo-triesettata-izgleda-kako-tinejdherka-eleonora-gi-izlizha-godinite-so-ista-slast-kako-i-vistinskiot-chovek-do-sebe-foto-video/ Wed, 08 Nov 2023 10:10:39 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325926

За едни ријалити ѕвезда, за други само старлета, за трети ТВ водителка, за повеќето модел и инфлуенсерка... За сите расна убавица, една од најзгодните и телесно најнадарени македонски јавни личности, која последниве години и ососбено откако лани се омажи, како да се повлече од јавноста во која се помалку ја има. Да не се социјалните мрежи Елеонора Миљковиќ, сега Кочовска можеби ќе беше и подзаборавена, вака нејзината активност на Инстаграм како модел и инфлуенсер ја одржува во јавниот живот. Годините минуваат, а со тоа и родендените, па иако оддамна сме рекле дека на „дамите не им се бројат годините“, кај убавата Нора и може и не мора... Може зашто и самата не ги крие, па така неодамна  на „денот што го чекаме цела година“ и самата откри колку години наполни, а не мора зашто и покрај тоа што зачекори во четвртата деценија,  Елеонора изгледа како тинејџерка. Или...
„Во право се кога ќе ви кажат дека на 30 сте во најубавите години од животот, сепак јас мислам дека со вистинските луѓе околу себе ќе се чувствувате убаво во секоја животна доба, а годините ќе бидат само една бројка која ќе биде причина за луѓето да ги збунуваш и секој пат да ја слушнеш омилената моја реченица: 'Нема шанси ти да си на ТИЕ години и да изгледаш вака” - што би рекла самата Елеонора . Роденден без торта не бидува, а украсот на истата јасно асоцира како славеничката ја доживува возраста, ама кој како ја доживува нејзината реакција на украсот - е друга работа! Како и дилемата, дали и зошто токму на „средниот прст“  од украсот паднал изборот да се покаже „владеењето на јазикот“? До душа ова не и е прв пат на славеничката  ваквата своја вештина  јавно да ја демонстрира... И тоа, како што вели, на вистинските луѓе околу себе, поточно, на вистинскиот човек до себе! Како и да е, годините и се таман, бракот реализиран, однеодамна куќата побогата за уште едно бушаво домашно милениче... И ако до сега сето тоа Елеонора на свој начин го споделуваше на својот Инстаграм, она што на нејзините приказани последно осамна, можеби нешто ново наговестува? Зашто, видеопрошетката по детскиот бутик на многумина им асоцираше само на едно... Штркот тргнал на пат кон нечие семејно гнездо или барем такви се желбите и плановите - да го побудат наскоро да долета? Фото: Инстаграм/__elle.m__]]>

Миро Кацаров направи свадба за која се зборува и пишува, а младите возбудата и страста толку ги надвладеа, што по се’ изгледа имале и прва брачна ноќ „од соништата“… или барем нејзина реприза! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-katsarov-napravi-svadba-za-koja-se-zboruva-i-pishuva-a-mladite-vozbudata-i-strasta-tolku-gi-nadvaladea-shto-po-se-izgleda-imale-i-prva-brachna-nok-od-sonishtata-ili-barem-nejzina-repriza-fo/ Thu, 21 Sep 2023 09:47:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318993

Водителот Миро Кацаров и неговата животна избраничка Ивана направија свадба за која се зборува и пишува. И тоа не само во неговиот роден Штип туку и низ цела Македонија. Современа, модерна, необична, налик на голема диско забава на која беа мноштво познати и јавни лица од различни сфери... Од естрадни и ТВ фаци до познати спортисти, пејачи, музичари... па се' до политичари.
Брат ми ми кажа дека утредента на кафе луѓето низ Штип коментирале: „Оди, па сега направи свадба, по оваа свадба“ - ќе раскаже и самиот младоженец за македонските портали ден по свадбената веселба на која највесели најрасположени беа тој и невестата. По „лудата и незборавна“ свадбена журка Миро и Ивана се повлекле во својот хотелски апартман каде ги дочекала „цветна постела“ со мирисна моќ, за нивно добредојде на официјално, првата брачна ноќ… А кога е таа во прашање, сите обично прашуваат дали до рано наутро се туткале чаршафите или се броеле парите? Бидејќи парите од гостите завршија како донација во хуманитарната кутијата на влезот во дискотеката каде што се одвиваше забавата,  во преостанатото време до зори останала можноста само за нежни шепотења  љубовни зборови на увце... Во пакет со сето она, за што како и обично, подоцна ни крив ни должен, „го обвинуваат штркот“! Дека се мирисало на „прва брачна љубов“ или  барем нејзина реприза, говорат некои од фото позите на младите! Како свадбена увертира на „волшебната игра на страстите“. Свадбениот апартман уште претходно подготвен со цветна постела, а на неа и невестата, со последна селфи проверка! Останатото останува во доменот на дискрецијата. Впрочем интимата не би се викала така, доколку е на дофат на сечија рака, особено не на онаа - раката на јавноста. Освен она што е видливо откако и самите млади го објавиле на своите профили на социјалните мрежи, како „црно на бело“ во црно-бело! Според споделеното, зората мора да била бурна и бајковита... Сега дефинитивно останува само уште „штркот да долета“! Фото: Инстаграм/ivana_mia_kacarov/miroslavkacarov]]>

На концертот за Тоше, Хана беше ѕвезда во бекстејџот: Ева како и зошто, тета Тијана и „Фрајле“ го „бркаа штркот“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-koncertot-za-toshe-hana-beshe-dzvezda-vo-bekstejdzot-eva-kako-i-zoshto-teta-tijana-i-frajle-go-brkaa-shtrkot-video/ Mon, 05 Nov 2018 08:25:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56203

Петочниот концерт во чест на Тоше Проески на сцената на ВИП арената „Борис Трајковски“ во Скопје донесе дузина познати македонски и регионални музички ѕвезди кои ги изведуваа неговите песни. Тие настапија во негова чест и сеќавање на големата прерано згасната музичка ѕвезда заедно со публиката во салата. Тоа беше она што од преубавиот амбиент во поланата арена можеше да се види. Но она што е ексклузивитет,  а доаѓа од поширокото семејсво Тодевски, е она што само малкумина имаа можност да го видат во бекстејџот на ВИП Арената.
Таму неколку од музичките гости на вечерта, од кои меѓу нив една горда тетка, уште погорда и трудна мајка и ТАА... ѕвездата на бекстејџот: ќерката на Тамара, малата Хана!
Дали таа вечер немаше кој да ја чува или мама и тета намерно сакаат Хана уште од мали нозе да го „пече занаетот“, за утре да може полесно да зачекори по нивните стапки - не е познато. Она што е познато е намерата на сестрите Тодевски и нивните колешки и пријателки од женскиот квартет „Фрајле“: Како полесно и од поблизу, на интересен, довитлив начин да ја подготват малата Хана за доаѓањето на свет на нејзиното братче.
А како поинаку, ако не со песна... За полесно да сфати дека љубовта не ја има само во бајките, а „децата не ги носи штркот, туку ги раѓаат мајките“! 
И според приложеното од постираното видеоклипче, очигледно дека успеале да и објаснат... Ним тој дел од приказната веројатно им е оддамна јасен... Уште од првиот „настап на штркот“!  ]]>