што да направите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 02 Jan 2023 08:14:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png што да направите – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Што треба да направите за да имате подобар секс во 2023? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-treba-da-napravite-za-da-imate-podobar-seks-vo-2023/ Mon, 02 Jan 2023 08:14:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=282428

Сексуалниот живот е една од областите во кои посакуваме да имаме добри искуства во новата година. Ако вашата желба за 2023 година е да имате подобар секс со партнерот, седнете и заедно донесете секси новогодишни одлуки. Сѐ почнува со отворена комуникација. Прашајте го партнерот за што фантазира, што му се допаѓа, што би сакал помалку, што повеќе, кои се неговите цели. Потоа и вие кажете ги вашите одговори. Вашите заеднички секси новогодишни одлуки се во пресекот на вашите очекувања, но и во компромисот. Бидете отворени за нови искуства. Вашата секси новогодишна одлука може да биде да имате подолги предигри, да бидете поавантуристички настроени во позите, да си давате повеќе еротски масажи, да пробате поинаков тип на секс (орален/анален), да имате секс почесто, да експериментирате со секси играчки... Откако ќе се согласите на вашите заеднички новогодишни секси одлуки, фрлете се на работа уште вечерва и најавете ја годината гласно и одлучно. Среќно! Извор:Кајгана]]>

Што да направите доколку започнете да се одљубувате од партнерот? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-da-napravite-dokolku-zapochnete-da-se-odljubuvate-od-partnerot-2/ Thu, 30 Apr 2020 13:15:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=147445

Секој кој бил во долга врска, знае дека е потребно да се вложи многу време и напор за да се одржи врската енергична и исполнета. Иако е нормално да се појават тешкотии во врската и да се доведе во прашање довербата на партнерот, со текот на времето може да почувствувате дека вашите чувства кон него не се исти како порано – вие едноставно се одљубувате. Според лиценцираниот клинички психолог, Линдзи Јерниган од Вермнот, одљубување, исто како и вљубување е различно кај секоја личност. Може да биде брзо и бесно или бавно и нежно. Како и да е, постојат некои заеднички работи кои одат заедно со загубата на љубовта кон партнерот.
„ Доколку се одљубувате, можете да почувствувате напор во секојдневните активности со партнерот, бидејќи вашите чувства и надворешниот живот стануваат сè понепријатни“ вели Линдзи. „Како резултат на тоа, можеби ќе се чувствувате поудобно кога не сте со него, отколку кога сте заедно“ додава таа.
Доколку се најдете во оваа ситуација, треба да одлучите дали сакате да ја поправите врската или да ставите крај.

Дали е воопшто возможно да се одљубите?

Во ваков момент, можеби обновувањето на врската ќе ви изгледа залудно. Но, според Мишел Херзог, лиценциран секс терапевт, тоа е апсолутно возможно. Таа верува дека можете повторно да се заљубите во вашиот партнер, но дека тоа нема да биде лесно.
„Ќе биде потребна подлабока работа на себе која вклучува разбирање на нештата кои довеле до губење на љубовта. Кога ќе погледнеме подлабоко, можеме да откриеме дека нашите потреби не се совпаѓаат или пак, не чувствуваме доволен предизвик во врската“ вели Мишел.
Работата со терапевт може да биде корисна во процената каде лежат вашите срца. Јерниган предлага терапија специјално дизајнирана за да им помогне на паровите да работат на врската и да ја реализираат љубовта, или пак да се разделат. Доколку со партнерот одлучите да ја оживеете повторно врската, во продолжение прочитајте неколку совети одобрени од терапевти кои ќе ви помогнат повторно да го пронајдете патот кон љубовта:

Исфрлете ги старите навики

Земете момент и размислете за работите кои ве довеле во ваква ситуација. Додека е многу лесно да размислуваме за она што партнерот го направил или пак не го направил, потребно е да го пренасочиме фокусот кон самите нас, и да размислиме што ние придонесуваме во врската. Размислете за она што го посакувате од партнерот, а потоа запрашајте се дали вие го нудите истото. Доколку одговорот е негативен, тогаш знајте дека некој мора да го направи првиот чекор. Доколку сакате врската да успее, морате да ја оставите гордоста на страна и да го направите првиот чекор кон промената. Следно што треба да размислите е за работите кои ги посакувате од вашиот партнер и дали всушност оставате простор за да ги добиете истите. На пример, можеби сакате повеќе физички контакт, но вие едноставно не можете да се одделите од телефонот. Овие прашања секако треба да бидат одговорени и од страна на вашиот партнер, и запомнете дека ова не е момент за да станете одбранбени и да се префрла вина. Препознавањето на проблемите е одлична работа, но позитивните резултати доаѓаат со напорна работа.

Бидете приоритет еден на друг

Дали се сеќавате на почетокот кога не можевте да се одделите еден од друг? Во почетокот на врската се создава простор за љубов, па време е тоа повторно да го направите. Откако ќе заврши сцената на меден месец, ние почнуваме да ги земаме партнерите здраво за готово, верувајќи дека тие секогаш ќе бидат тука за нас. Но, ова занемарување може да предизвика сериозна штета на врската. Планирајте ги состаноците предвреме, праќајте си љубовни пораки преку денот, и што е најважно, оставете ги телефоните во вечерните часови и поставете граници со работата. Покрај поминувањето квалитетно време заедно, размислете како се чувствувате и во кој правец оди вашата врска.

Покажете автентичност

Кој не би сакал да биде свој и автентичен во една врска? Понекогаш се одљубуваме бидејќи премногу се адаптираме да се вклопиме во она што мислиме дека се очекува од нас и како резултат на тоа се чувствуваме како друга верзија од себеси. „Љубовта не може да цвета во вакви услови“, вели Јерниган.
Допрете до вашата страст и креативност. Откријте кои се тие и споделете ги со партнерот.
„Доколку дозволиме нашите страсти да згаснат, нашата врска губи топлина“ додава Јерниген.

Резултатот е огорченост и празнина.

Да се покаже автентичност, исто така значи да се биде искрен и присутен со партнерот. Можеби вашиот партнер кој има тенденција да биде воздржан, изразил дека не му се допаѓа вашата силна личност, па вие морате да се воздржувате. На крајот се чувствувате огорчени, па дури и клаустрофобични. Време е да бидете отворени со вашиот партнер и да го покажете вистинското Јас.
„Доколку врската не може да преживее бидејќи сте го покажале целосното Јас, тогаш, оваа врска не е за вас“ вели Јерниган.

Не ја присилувајте врската

Доколку и покрај сите напори, врската не успее, време е да се разделите. И двете страни треба да бидат посветени и мотивирани за да успее една врска.
„Доколку една личност е на половина пат од заминување, тогаш веројатноста да остане во врската е многу мала“, вели Херзог.
Иако без сомнение ова е тежок момент, треба да разберете дека нема ништо погрешно во тоа што сте ја прераснале некогашната здрава и среќна врска. Сите луѓе заслужуваат врска која е исполнета со разиграност, безбедност и љубов. Без разлика дали ќе се одлучите да останете во врската или не, во овој момент имате можност да размислите за своите желби и потреби и како да ги исполните. Имате можност да бидете подобар партнер во обновената врска или пак во наредната. извор: Кафепауза]]>

Доколку сакате да отпатувате на овој рајски остров, тоа може да го направите бесплатно: Еве што e потребно за тоа https://arhiva.vistina.com.mk/dokolku-sakate-da-otpatuvate-na-ovoj-rajski-ostrov-toa-moze-da-go-napravite-besplatno-eve-shto-e-potrebno-za-toa/ Thu, 09 May 2019 13:20:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86996

Тахиканците и оваа година испратија повик до семејствата и паровите од целиот свет. Тахити е најголемиот остров во француска Полинезија, кој со својата убавина привлекува голем број туристи секоја година. Локалната туристичка заедница одлучила да сними кампања за оваа рајска дестинација на Тихиот океан, а своите “модели“ да ги пронајдат меѓу светската публика. Тахиканците и оваа година испратија повик до семејствата и паровите од целиот свет кои сакаат бесплатен пат до нивниот остров, но исто така кои се подготвени да учествуваат во нивното промотивно видео со име „Two stories/One Mana“ (Две приказни/една Мана).
Смислата на оваа реклама е паровите заедно да допатуваат на Тахити, но во текот на престојот таму, одвоено да уживаат во најголемите природни убавини и атракциите, како на пример: јавање, пливање, танцување и слично. Благодарение на Мана, која во тахиканската култура се дефинира како животна сила која ги опкружува и поврзува сите живи суштества, паровите сепак ќе бидат соединети во текот на ова искуство..
Повеќе за Тахити и за наградниот натпревар можете да прочитате на интернет страницата „Embrace by Mana“, а во видеото погледнете како претходните добитници Мајкл и Елизабет уживале на своето бесплатно патување на Тахити. Извор: точка.мк
 
]]>