што би било – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 14 Dec 2019 11:53:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png што би било – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Теа покажа – „Што би било“… кога би било (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/tea-pokaza-shto-bi-bilo-koga-bi-bilo-video/ Sat, 14 Dec 2019 11:51:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=123962

По подолга пауза пејачката Теа Трајковска на македонската сцена се враќа со хит во буквална смисла на зборот. „Што би било“ е името на новата песна тема на која Трајковска и нејзиниот тим работеа неколку месеци. Како автор на музиката и аранжманот и овојпат се потпишува најголемиот хит-мејкер во земјава, Лазар Цветковски. Младата пејачка не го криеше задоволството дека ова е еден од нејзините најдраги проекти кои ги сработила. „Што би било” ми е еден од подрагите проекти затоа што и самата песна и видеото се нешто поинакво од тоа што сум го работела после албумот, што воедно ми беше и целта и мислам дека со Лазе успеавме во тоа да најдеме нова димензија во која би се движела нашата музика. Огромна благодарност и до Даниел Јовески кој се погрижи за тоа да јадоловиме емоцијата соодветно во видеото кое го снимавме во прекрасната Анталија – вели Теа, која е самата автор на стиховите на песната. Како што кажа и Трајковска, за оваа нова песна таа сними и прекрасен видеоспот и тоа во преубавата Анталија, Турција. Режисер на видеото е кој друг, ако не Даниел Јовески кој за соработката со Теа вели: „Клипот со Теа го сработивме многу ефективно и брзо, морам да спомнам дека досега ова ми било најкраткото снимање. За некои четири часа снимивме се што ни беше потребно. Замислете што би било кога би било сниманјето подолго? (Се смее). Таа има конкретни барања и знае што сака, задоволство е да се работи со уметник како неа и се надевам дека соработката ќе продолзи и во иднина. Нашата фреквенција беше иста од самиот почеток на преговарањето за клипот, па се до самата промоција“. Теа ветува дека во иднина ќе биде многу повеќе активна на сцената, а дотогаш погледнете го премиерно новиот видеоспот за „Што би било“. ]]>