штипска пастрмајлијада 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Sep 2023 12:29:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png штипска пастрмајлијада 2023 – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На 22-ри и 23-ти септември: „Штипска пастрмалијада 2023” https://arhiva.vistina.com.mk/na-22-ri-i-23-ti-septemvri-shtipska-pastrmalijada-2023/ Thu, 21 Sep 2023 12:29:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=314616

На 22-ри и 23-ти септември (петок и сабота) во центарот на Штип ќе се одржи новото издание на познатата “Штипска пастрмалијада”. И оваа година штипјани, а и сите останати посетители на овој голем, гламурозен и единствен настан во овој регион освен вкусната и уникатна штипска пастрмајлија, ќе ги забавуват и познати македонски но и балкански музички имиња. Оваа година во петок ќе биде првата вечер на Пастрамалијадата и најголемата ѕвезда ќе биде Саша Ковачевиќ. Ќе настапат и Пајак и Лара. Тие имаат хит кој е најслушан од композициите изведени на “Макфест”.  Во сабота вечерта е резервирана за Амадеус бенд и Љубојна една од нашите групи –амбасадори надвор од Македонија и ѕвездата на вечерта, позната хрватска пејачка Даниела Мартиновиќ. Ова е последна година Пастрамалијдата да се одржи на ваков концепт. Градоначалникот Иван Јорданов најави новитети наредната година и позитивни промени кои се случуваат. За овогодинешното издание на “Штипска пастрмалијада” се издвоени 2,5 милиони денари, пари од општинскиот буџет и од спонзори. “Оваа година е последна на одржување на “Штипска пастрмалијада” на овој концепт, на оваа локација. Од наредната година веќе спремаме едно позитивно изненадување, нов концепт, нова локација која за граѓаните ќе биде позната од догодина практично кога ќе се организираат сите потребни детали за новиот концепт”, рече Јорданов. Од Општина Штип меѓудругото споменаа дека се очекува бројот на штандови да надмине 30, а и оваа година е предвидено сечењето на џиновска пастрамајлија и натпревар во брзо јадење.]]>