штип – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 02 Feb 2024 12:28:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png штип – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Градско Матине викендов во Дом на млади во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/gradsko-matine-vikendov-vo-dom-na-mladi-vo-shtip/ Fri, 02 Feb 2024 12:27:00 +0000 https://vistina.com.mk/?p=337335

Во сабота на 3 февруари 2024 година во Дом на Млади во Штип, со почеток во 21:00 часот, ќе се одржи музичкиот настан со наслов Градско Матине. Градско Матине заедно со Флудер, Михаил Илиев и Емили! Овој музички настан е прв настан од овој жанр за 2024 година со внимателно избрани диџеи кои креираат и продуцираат своја музика. ]]>

Започна музичката симфонија за цела Македонија: Нови надежни имиња и модерна музика од првата вечер на 38-то издание на „Макфест“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/zapochna-muzichkata-simfonija-za-tsela-makedonija-novi-nadezhni-imina-i-moderna-muzika-od-prvata-vecher-na-38-to-izdanie-na-makfest-foto/ Sat, 21 Oct 2023 06:58:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=323305

Вчеравечер, петок (20 октомври) се одржа првата вечер од 38-то издание на фестивалот на забавни мелодии „Макфест 2023“. Во домот на културата „Ацо Шопов“ настапија 13 помалку афирмирани македонски музички имиња, но доволно атрактивни со модерни песни кои оставија впечаток на прво слушање. Вечерта со хип-хоп танц на макфестовски песни ја започнаа водителите Марјана Станојковска и Димитар Атанасовски. По неколку композиции во блок се претставија предвидените нови песни и изведувачи за вечерта, по што беше најавено дека петте кои ќе ја добијат довербата од гласовите на жирито и публиката во салата, ќе го надополнат списокот со учество и во втората фестивалска вечер, закажана за в сабота, односно денес (21 октомври). На официјалната Инстаграм страница на фестивалот денес се објавени и петте избрани кои ќе се помешаат со веќе добро познатите популарни македонски музички имиња. Во најдобрата петорка се најдоа: -Александра Трајческа, Blue, Драгана Јовановска, Јасмин Алиевски и Тијана Периќ. Во ревијалниот дел пред крајот на вечерта настапија Силви Бенд и Лидија Коовска кои со изборот на добро познати македонски евергрини ја распеаја публиката, а сигурно и гледачите пред ТВ еканите кои го следеа директниот пренос на МРТ. Втората фестивалска вечер е резервирана за попознатите македонски музички имиња, меѓу кои и неколку од најголемите наши поп ѕвезди, кои годинава ќе настапуваат на „Макфест“. На неа покрај 13-те проверените пејачи и групи, ќе ги видиме и споменатите избрани од првата фестивалска вечер, што значи на сцената ќе се појават вкупно 18 изведувачи. Оваа вечер и годинава како и лани има ревијален карактер, што значи нема да има гласање и да се доделуваат награди за прво, второ, трето... место, зашто заложбите на организаторот и уметничкиот на фестивалот се новата концепција на „Макфест“ да донесе што повеќе хитови и песни што ќе останат, без да ги оптоварува изведувачите со трка по награди.   фото: Инстаграм принтскрин]]>

Миро Кацаров направи голема свадбена журка во родниот Штип: Естрадни фаци, познати ТВ лица, бројни гости и забава до бесвест… на свадбената веселба на водителот (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/miro-katsarov-napravi-golema-svadbena-zhurka-vo-rodniot-shtip-estradni-fatsi-poznati-tv-litsa-brojni-gosti-i-zabava-do-besvest-na-svadbenata-veselba-na-voditelot-video/ Mon, 18 Sep 2023 08:28:45 +0000 https://vistina.com.mk/?p=318322

Со црвен тепих, многу познати гости и богата програма, како и еден куп македонски музички ѕвезди од различни жанрови, познатиот македонски ТВ водител Миро Кацаров викендов (17.09.2023) направи голема свадбена забава во еден познат ноќен клуб во неговиот роден Штип. Неколку недели претходно тој и неговата избраничка Ивана склучија граѓански брак во матично, а исто така се венчаа и заколнаа пред Бога на вечна љубов на црковна церемонија, за потоа да прослават со семејствата и најблиските. Меѓу поканетите званици на свадбената журка биле некои од најпознатите и најпопуларни македонски лица од eстрадата, модата, медиумите... Пејачи, музичари, актери, политичари, водители, инфлуенсери и многу нивни блиски пријатели. Свадбената забава ја отворил Слаткар(истика) со неговата „свадбена ода“ - „Кажи да“, на која наместо свадбен валцер или танго, младите во придружба на дел од гостите танцуваа пред бината. Без Лила Филиповска тешко дека може нешто да помине, па таа исто така така беше меѓу поканетите званици. Најпознатата македонска ТВ водителка расположена и весела не можеше да одолее да не танцува боса, откако културно ги собула розовите чевлички и се качила на софата од сепарето... Заради подобра прегледност на ситуацијата! Нејзината екс ТВ колешка и позната инфлуенсерка Миа Костова заедно со нејзиното женско друштво исто толку весела, распеана и расположена... Наздрави за љубов, наздрави за среќа и бериќет на младите, а Бога ми со високо крената чаша наздрави и за бидермаерот... За кој од  разбирливи причини, не беше меѓу оние што се трудеа да го фатат! Познатиот ТВ водител и музички забавувач Жаре - Бербер беше дел од гостите кои исто така се фатија за микрофонот да ги забавуваат останатите. Како и фолк „кралот без круна“ Миле Кузмановски кој беше поканет меѓу гостите - забавувачи на веселбата, а со своите безвременски фолк хитови  дополнително ги крена  расположението и атмосферата до ниво на еуфорија. Настапија и други познати естрадни уметници како Ивона Јо, Мартинијан Кириловски, Бока Конга... а меѓу гости беа и водителките Елена Најдовски и Ивана Јанковска, како и познатата модна двојка Светлана и Мики Црнокрак... Но и многу други! Невестата Ивана била променета во свечена светкава минималистичка тоалета со длабоко деколте, висок шлиц и линија која го нагласува телото, додека младоженецот Миро во бело сако и црн елек со бела кошула и црна „пеперушка“ вратоврска. Свадбената журка на Миро и Ивана  имаше и своевидна хумана нота. Имено,  младите ги повикаа своите гости наместо да им купуваат букети цвеќе или бонбониери, да остават донација во кутија поставена на влезот на клубот, за собраните средства тие подоцна да ги донираат за дечиња од ранливите категории. По „лудата и незборавна“ свадбена журка Миро и Ивана се повлекле во својот хотелски апартман каде ги дочекала „цветна постела“ со мирисна моќ, за нивно добредојде на официјално првата брачна ноќ на младите... Или барем нејзината реприза! Останува уште штркот да долета! Нека им е со среќа! Фото: Инстаграм/lilafilipovska/miandrija/miroslavkacarov]]>

Караванот тргна: Штипјани први покажаа колку многу во срцето ја носат Македонија (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/karavanot-trgna-shtipjani-pokazhaa-deka-vo-srtseto-ja-nosat-makedonija-foto/ Thu, 07 Sep 2023 06:11:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317111

Плоштадот „Слобода“ во Штип беше претесен за штипјани, кои дојдоа да го поздрават стартот на караванот „Македонијо во срце те носиме“. На сцената публиката ги виде и слушна Бојана Скендеровски, Сузана Спасовска, Наум Петрески, Зуица Лазова, Андријана Јаневска, Александар Тарабунов, Огнен Здравковски, Марија Спасевска, Мина Блажев, ДНК, Ламбе и Миле Кузмановски. Проектот со потписот на Скендеровски продукција, а во чии рамки 12 македонски изведувачи препеаја исто толку родољубиви песни. Сите се спакувани во ново руво од маестро Николче Мицевски, има единствена цел  - да им се продолжи векот на песните. Да се испрати порака особено до идните генерации дека треба да го чуваме она што го имаме, највредното. Затоа и вие во вашиот град или во билокој друг каде караванот ќе врви  бидете дел од  „Македонијо во срце те носиме“. Дојдете заедно да ги отпееме најубавите македонски патриотски песни, да ја обоиме Македонија со најубавите звуци и да го зачуваме највредното – музичкиот аманет кој ни го оставиле генерациите пред нас. По Штип караванот продолжува во Битола, Велес, Прилеп, Кочани, Тетово, Кавадарци, а ќе заврши во Скопје. Стартот на концертите од музичкиот караван во сите градови во Македонија е во 20 часот.    ]]>

Поради големиот интерес на публиката „Петар Пан“ ќе долета во Штип на 11, а во Струмица на 18 јуни https://arhiva.vistina.com.mk/poradi-golemiot-interes-na-publikata-petar-pan-ke-doleta-vo-shtip-na-11-a-vo-strumitsa-na-18-juni/ Mon, 05 Jun 2023 09:34:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304883

Поради големиот интерес за детскиот балетски спектакл „Петар Пан“, можноста да уживаат во претставата ќе ја имаат децата од Штип и од Струмица. Вистински начин да се одбележи крајот на училишната година со омилениот лик и роман на Џејмс Метју Бари, таткото на вечните деца и на сите оние што не сакаат да пораснат. На 11 јуни (недела), точно напладне (12 ч) во НУКЦ „Ацо Шопов“ во Штип, ќе долета Ѕвончица заедно со Петар Пан, капетанот Кука, Венди, индијанци, пирати... Оргиналноста на оваа претстава за деца и за сите оние што си го чуваат детето во себе е што нема класичен наратор туку либрето го пее Ѕвончица преку различни песни што едноставно влегуваат во уво и долго се пеат. Една недела подоцна, на 18 јуни, во НКУЦ -Антон Панов во Струмица, во 12:00 часот, Ѕвончица со својот волшебен прав и прекрасните сонгови ќе ги пресели сите гости во волшебната земја Недојдија. Претставата не се пропушта поради оригиналноста и мајсторска симбиоза на играта, зборовите и музиката. Се е прекрасно и наросено со волшебен прав: зборовите се паметат и потпевнуваат а сценографија и костими инспиративно зрачат радост и среќа. Да потсетиме: Петар Пан имаше премиера во Скопје, сеуште се памети добра атмосвера, овации и радоста на децата во публиката и на сцената. Петар Пан е потпишан од тимот составен од Ристо Самарџиев- сценарио и сонгови, Ирена Лозинска - кореографија и режија, Тамара Ѓурчиновска од балетското студио „Арт Балет“, костимите се на Елена Вангеловска, сценографијата на Љупчо Јованов а музиката на Владимир Дојчиновски -Дојчин. На сцената доминираат по 57 деца (во двете постави) од балетското студио „Арт Балет“ и гостите при балетскиот ансамбл на НОБ: Веселин Трајковски и Ницолас Алехандре Хоурсеау. Продукцијата на „Петар Пан“ е на М- Соунд.  ]]>

„Бело Копче“ tribute “Bijelo Dugme бенд“ со концерт на „Аква бела ресорт“ во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/belo-kopche-tribute-bijelo-dugme-bend-so-kontsert-na-akva-bela-resort-vo-shtip/ Thu, 01 Jun 2023 11:05:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=304674

На  3-ти јуни (сабота) сите што ќе дојдат на настапот на најпознатиот македонски трибјут бенд ќе имаат можност да потонат во носталгијата на времето и да ја почувствуваат магијата на вонвременските хитови и незаборавни балади на легендарните „Бијело Дугме“! „Бело Копче tribute Bijelo Dugme бенд“ ќе настапи во прекрасниот Aqua Bella Resort во Штип и ќе ве пренесе во времето со прекрасните мелодии и носталгични стихови. „Заборавете на секојдневните грижи и дозволете им на романтиката и емоциите да ви ги наполнат срцата. Придружете ни се за една неверојатна ноќ со врвни музичари кои ќе ги изведат вашите омилени хитови на Бијело Дугме. Чујте ги класиките како "Тако ти ја мала моја кад љуби Босанац", "На задњем седишту мога аута", "Селма", "Липе цвату" "Ѓурѓевдан" и многу други“ - порачуваат од бендот кој и така свири ама и автентично изгледа, правејќи костимографски промени во зависност од тоа која песна од кој период и фаза на музичкото постоење на групата ја изведува... За нивното „лице да звучи познато“ на сцената. Исклучителна прилика да го славите наследството на еден од најголемите бендови во историјата на балканската музика и убавите времиња. Резервирајте си билет веднаш и осигурајте си место на ова неверојатно музичко доживување.  ]]>

Претставата ,,Обвинителка” во Гевгелија, Штип, Пробиштип и Кавадарци https://arhiva.vistina.com.mk/pretstavata-obvinitelka-vo-gevgelija-shtip-probishtip-i-kavadartsi/ Wed, 19 Apr 2023 12:33:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=298726

Урнебесната хит комедија ,,Обвинителка” која минатиот месец ја имаше својата премиера ќе гостува овој месец во четири града во Македонија во периодот од 24 до 27 април. Честа овој месец ќе ја имаат жителите на Гевгелија, Пробиштип, Кавадарци, а по барање на публиката повторно ќе се игра во Штип, каде беше и премиерната изведба. Преполните сали каде што гостуваше комедијата ,,Обвинителка” само покажуваат и докажуваат дека оваа претстава е уживање за публиката. Тоа што ја прави оргинална е токму темата која ја обработува. Оваа комедија ги третира актулните општествени прашања : Како е да си обвинителка? Како е да си обвинет? Кои цели се користат за спасување од обвинение? … Низата комични ситуации кои ќе ја насмеат публиката до солзи се вплетени во оваа уникатна комедија. Главната улога во оваа комедија ја игра атрактивната српска актерка Лидија Вукиќевиќ, а на сцената како нејзини партнери се македонските актери: Магдалена Ризова – Черних и Сашо Ристовски. Автор на комедијата ,,Обвинителка” е Огнен Неделковски, а режијата ја потпишува Сашо Ристовски. Сценограф е Крсто Богојевски, костимите се на Елена Лука, а музиката е на Мишел Трајковски. Оваа претстава е копродукција со Македонија и Србија и се говори и на македонски и на српски јазик, а е поддржана од: Министерство за култура, НУ Центар за култура ,,Ацо Шопов”-Штип, Почесен конзулат на Република Србија со седиште во Охрид, Елена Лука и Тикен Холдинг. Со оваа претстава се прави културен спој на двете држави, Македонија и Србија, а претставата ќе може наскоро да ја видиме и на театарските сцени ширум Србија.]]>

Влатко Стефановски донираше дел од својата приватна колекција на плочи, музички списанија и книги на Музичката академија во Штип https://arhiva.vistina.com.mk/vlatko-stefanovski-donirashe-del-od-svojata-privatna-kolektsija-na-plochi-muzichki-spisanija-i-knigi-na-muzichkata-akademija-vo-shtip/ Fri, 31 Mar 2023 12:08:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296135

Познатиот македонски музичар Влатко Стефановски, фронтмен на легендарната група „Леб и Сол“ со долга меѓународна кариера, која трае и денес, донираше дел од својата приватна колекција на плочи, музички списанија и книги на Музичката академија при универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип. Неговото појавување во понеделникот, на Свечената академија по повод 16 години УГД, каде прими признание за соработката која ја има со Универзитетот, беше проследено со овации од присутните.
Пред неколку години, едно од најреномираните имиња на македонската музичка сцена, со кариера која ги надминува границите и на некогашната заедничка држава, имаше и настап и мастер клас на УГД , заедно со Мирослав Тадиќ – објави порталот Гоце.мк.
Како што изјави за локалните медиуми, Стефановски за Штип го врзуваат многу спомени. Меѓу другото тој во градот под Исарот служел војска овде, стекнал многу пријатели, повеќето поврзани со музиката, а во моментот и неговиот син, Јан е дел од Музичката академија на УГД.
Со УГД се зближив преку Тони Китановски, а овој универзитет ме предложи за државната награда „11 Октомври“ и јас тоа не можам да го заборавам – изјави Влатко Стефановски пред камерите на локалните телевизии.
Тој верува дека и во иднина ќе има прилика да ја продлабочи соработката и меѓусебниот респект со универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
]]>

На македонскиот пејач еден поглед од падините на Водно му ги отвори очите: Стан над облаците за да го избегне загадувањето, вирусите и грипот или… враќај се во Штипот! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/na-makedonskiot-pejach-eden-pogled-od-padinite-na-vodno-mu-gi-otvori-ochite-stan-nad-oblacite-za-da-go-izbe-zagaduvanjeto-virusite-i-gripot-ili-vrakjaj-se-vo-shtipot-foto/ Mon, 26 Dec 2022 08:41:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=281509

Скопје дише на шкрги... И то едвај. Македонската престолнина со денови е меѓу најзагадените градови во светот. Ваквото енормно загадување тешко го поднесуваат и здравите, а камо ли хронично болните и повозрасните... Особено дишењето смог, чад, хемикалии и тешки метали тешко има паѓа на оние на кои грлото им е алат во занаетот што го одбрале за своја професија! Пејачите и пејачките, особено оние од естрадата ионака се изложени на зачадена средина во локалите и кафеаните каде што настапуваат, ама сега дерман немаат и кога не пејат. Особено дишењето на урбаниот скопски смог и чад тешко има паѓа на оние кои од малечки не се навикнати на него. Поточно на оние кои се дојденци од внатрешноста во македонската метропола, а таму каде што израснале воздухот бил чист планински или  барем приближно на тоа, а овој скопскиот негативно им влијае на гласот, но тоа е... Што да се прави, сите убавини на едно место - тешко. Еден од нив е и родениот штипјанец Јоце Панов, кој со години живее и работи во Скопје. Оддамна заминат од својот роден град по Исарот, пејачот тешко го поднесува скопското гушење, кое  очигледно му влијае не само на здравјето, како и на сите нам, туку и на кариерата. Затоа Јоце ја користи секоја прилика да побегне во природа, макар тоа било и скопско Водно, од каде најзгодно се гледа каде и во каква средина живееме и што „гнасотии“ дишеме. Само еден поглед од падините на планината над Скопје тоа и го потврди, каде во „смог панорамата“ на метрополата, се гледаа само последните катови на највисоките згради во градот од комплексот Џевахир! И додека Јоце на Водно дишеше со полни гради гледајќи ги високите згради, на пејачот му дојде идеја како да го избегне загадувањето, односно како да се почувствува како во годините на детството од својот роден Штип. „Џевахир... Само 40 кат му е мајката“ - констатираше Јоце додека си ја замислуваше бајката за скопски живот во кој ќе диши слободно и без гушење. Арно ама, со оглед на цените на квадратот на најгорни катови во споменатиот комплекс кој оди и над 1500 евра, пејачот за да си ја оствари замислата и да купи стан над облаците има само еден начин: Да пее едно две три години без денар да потроши од заработката плус да го продаде џипот... Или Јоце, враќај се во Штипот! Фото: Инстаграм принтскрин/jocepanov

„Макфест 2022“: Годинешното 37-мо издание полека му ги враќа стариот сјај и гламур и што е најважно, му ја врати „душата“ на фестивалот (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/godineshnoto-izdanie-poleka-mu-gi-vrakja-stariot-sjaj-i-glamur-i-shto-e-najvazno-mu-ja-vrati-dushata-na-makfest-foto/ Sun, 23 Oct 2022 12:10:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=272565

Вчервечер, сабота 22 октомври  во Штип заврши 37-то издание на можеби најреномираниот македонски фестивал на забавни мелодии „Макфест 2022”. Во петокот, 21 октомври 2022 се одржа првата фестивалска вечер, со релативно нови музички имиња, додека пак втората вечер, беше ревијална. На неа, покрај шесте избрани од првата вечер,  настапија мноштво од познатите, популарни и веќе етаблирани македонски музички имиња како и ѕвездениот гостин од регионот. На блескавата фестивалска сцена ги видовме волшебната Тамара Тодевска, урбаните фраери од „Два Бона“,  повратникот Ламбе Алабакоски,  македонско-руската душа Викторија Лоба,  младите Пајак и Лара Иванова во дует, евровизиската претставничка Андреа Коевска, музичкиот супермен Виктор Апостоловски, Александар Тасевски и неговиот „Балкан бенд“, атрактивната „Гранд ѕвезда“ Андријана Петрушовска, ДЈ Боно и ултрасексапилната Кристина Димитри... Mеѓу сите  наши ѕвезди пееше и гостинот од регионот, пејачот на легендарното „Бијело Дугме“, Ален Исламовиќ. Тука беа и младите надежи, Марија Спасовска, Благица Ѕунѕуровска, Мелани Тарчуловска, Мартинијан Кириловски... Секако и авторската екипа од композитори , текстописци и аранжери беше врвна, па за очекување е дел од фестивалските песни од годинешното макфестовско издание да прераснат во хитови, а некои можеби ќе станат и евергрини, зашто авторските имиња како: Роберт Билбилов, Игор Џамбазов, Иле Спасов, Дарко Тасев, Иван Јованов, Лазар Цветковски, Александар Масевски, Владимир Дојчиновски, Елвир Мекиќ, Весна Малинова, Кристијан Габроски… гарантираат и комерцијала и квалитет. А миксот на едното и другото за разлика од последниве неколку години,  овој пат беше за неколку скалила погоре. Одличната организација, за која беа заслужни сите инволвирани страни почнувајќи од главниот организатор - општината Штип и нејзиниот градоначалник м-р Иван Јорданов кои обезбедија околу 100 илјади евра, и тоа 4,5 милиони денари обезбедени од Општина Штип и 1,5 милиони денари од спонзори, преку уметничкиот директор  на „Макфест 2022“ Роберт Саздов и извршните продуценти - композиторот и пејач  Јован Јованов и Александар Арсовски од општина Штип, па се' до сите професионално ангажирани лица и волонтери, направија се' фестивалот да го кренат повторно на нозе. Црвениот тепих, изјавите на познатите пред почетокот на фестивалот, случувањата во бекстејџот, лепезата на познати лица за ТВ водители и презентери на двете фестивалски вечери ( Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Димитар Атанасовски, Миланка Рашиќ, Александра Јовановска, Јана Бурчевска, Борко Ристевски)... Се разбира, како и самото она што се случуваше на фестивалската сцена од која МРТВ и овој пат вршеше директен пренос, направија годинава да видиме, слушнеме и доживееме еден малку поинаков „Макфест“. Подмладен, содржински освежен, модерен и во песните и во изведбите на изведувачите и во пристапот на организацијата, со што „Макфест 2022“ полека го враќа стариот свој сјај и гламур... И што е можеби уште поважно, ваквото издание му ја врати „душата“ на малку подизбледениот  и уморен фестивалски концепт од последниве неколку години. Оваа „нова фестивалска младост“ покажува дека и при крајот на четвртата деценија од своето постоење, „Макфест“ има, може и мора уште многу тоа да донесе, да  даде, да пружи и понуди... Нови хитови, нова фестивалска возбуда, нови деца кои еден ден ќе станат етаблирани музички имиња, нов естетско - уметнички раскош кој и на градот Штип и на Македонија и недостасува, зашто и македонската публика и домашната естарада тоа го заслужува. Останува на медиумите да ги вртат и протежираат и песните и изведувачите, а за градот Штип, општината, градоначалникот, воопшто на организаторот на фестивалот - домашна задача која треба уште утре да седне да ја подготвува: Догодина да видиме и доживееме еден уште поубав, посвеж, помодерен, поблескав и погламурузон „Макфест 2023“. Зашто таков на сите ни е потребен!   Фото: Архива и социјални мрежи      ]]>