штедење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 31 Jul 2023 11:03:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png штедење – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 10 совети кои ќе ви помогнат да заштедите до крајот на годината https://arhiva.vistina.com.mk/10-soveti-koi-ke-vi-pomognat-da-zashtedite-do-krajot-na-godinata/ Mon, 31 Jul 2023 11:30:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=312128

Иако е многу попримамливо целата плата да ја потрошите на работите што ги сакате, препорачливо е да одвоите малку пари за итни случаи или за нешто поскапо како парче мебел, електронски уреди или одмор. Живеењето од плата до плата не е многу пријатно, особено кога сте пред купување на нешто големо. Постојат толку многу причини да заштедите за иднината. Иднината не мора да биде само пензија – иднината е утре. Штедењето значи да си дозволите одмор од бесконечната трка од плата до плата или едноставно да си дозволите себеси нешто повеќе. Откако ќе ја разберете важноста на штедењето и улогата која ја игра во вашиот живот, следниот чекор што ќе ве одржува на вистинскиот пат е создавањето цели. Дел од поставување на финансиски цели е да бидете сигурни дека можете да ги исполните. Стратегијата на вашиот сегашен приход за планирање е една од најдобрите работи што можете да ги направите со вашите тешко заработени пари. Како да заштедите – 10 трикови кои ви помагаат: Организирајте го буџетот Бидете реални за вашата финансиска состојба и проценете ги остварливите бројки кои одговараат на вашите месечни трошоци. Откако ќе ја одредите вашата намера, полесно е да се организирате. Одвојте процент за заштеда, а тоа значи дека треба да жртвувате нешто. Направете промени каде што е можно Откако ќе поставите буџет, ќе видите и кои трошоци можете да ги намалите. Можеби плаќате претплата што не сте ја користеле долго време или можеби ќе најдете поевтини опции за некои трошоци. Каде што е можно, заштедете ги и парите кои сте ги заработиле на овој начин. Работете со вашиот партнер Како и во другите ситуации во вашата врска, комуникацијата е клучна, вклучително и кога станува збор за заштеда на пари. За да заштедите, и двајцата треба да се сложите за вашите желби, планови и средства. Направете план и погрижете се и двајцата да се придржувате до него. Правете разлика помеѓу „сакам“ и „треба“ Разберете ги разликите помеѓу потребите и желбите и идентификувајте ги вашите. Важно е да знаете како да кажете „не“ кога некои трошоци не се во согласност со вашите идни планови. Првиот чекор веднаш по добивањето плата е штедењето Можете да поставите автоматска уплата, така што однапред поставен износ ќе се депонира на вашата штедна сметка веднаш по платата. Неопходно е да ги оставите парите на страна, пред да се појават многу искушенија. Направете анализа на крајот од месецот Дури и ако сте го утврдиле вашиот првичен буџет, следете каде ви одат парите секој месец. Понекогаш не сме ни свесни што трошиме секој месец додека не истражиме. Анализирајте сè за што плаќате. Какви купувања правите, а можеби не ви се потребни? Ако ви затреба, има ли начин да го добиете тоа нешто по пониска цена? Учете од луѓето околу вас Можеби во кругот на пријатели имате личност која е постручна и заинтересирана за финансискиот сектор. Поставувајте прашања и побарајте совет за да најдете решенија за штедење на кои не би ни помислиле. Можете дури и да повикате финансиски консултант, кој ќе креира персонализирани планови за бас. Исто така, на Интернет можете да најдете многу информации кои би можеле да ве инспирираат. Користете купони или кодови за попуст Дури и ако попустот од 5% не изгледа многу, ако ги искористите попустите во своја корист, понекогаш еден по еден тие можат значајно да влијаат на вашата штедевина. Започнете сега Не одложувајте додека не ви се зголеми платата или немате повеќе рати за плаќање. Заштеда може да се направи и со мали износи, важно е да се делува. Вашиот ум секогаш ќе наоѓа изговори да не направи нешто што ќе го извади од неговата комфорна зона, но за да научите како да штедите, морате да учите, да се развивате и да работите напорно. Уживајте во животот Да, разговаравме за тоа како треба да се заштедат парите, но тоа не значи дека треба да се откажете од сè. Важно е малку да се почестите. Живејте во сегашниот момент, но не заборавајте да гледате во иднината и да одржувате баланс помеѓу двете.]]>

Најекономичниот начин за возење по автопат https://arhiva.vistina.com.mk/najekonomichniot-nachin-za-vozene-po-avtopat/ Wed, 10 May 2023 12:11:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=301406

Кој е најекономичниот начин за возење по автопат? Со кои брзини автомобилот е најштедлив? Тоа се често поставувани прашања меѓу возачите, но во оваа смисла, има правила кои се веќе докажани и стручно установени. Така, за повеќето возила правило е да се вози до 90 километри на час и да се одржува брзината на моторот од 1.500 до 2.500 вртежи во минута. Тогаш потрошувачката е најниска, а оптоварувањето на моторот – најмало, пишува „Ревија ХАК“. Во однос на брзината на автопат и економичноста на горивото, германската стручна автомобилска организација ТУВ (TÜV) препорачува брзина 70 до 80 отсто од максималната брзина – но таа не смее да надмине 130 км/ч. Ова правило (до 80 отсто од максималната брзина) важи за послабите автомобили коишто немаат голема максимална брзина. Затоа, автомобил со максимална брзина од 150 км/ч треба да остане во опсегот меѓу 105 и 120 км/ч. извор:курир.мк]]>

Овие грешки ги прават речиси сите кои се греат на дрва: Како да заштедите во текот на зимата? https://arhiva.vistina.com.mk/ovie-greshki-gi-pravat-rechisi-site-koi-se-great-na-drva-kako-da-zashtedite-vo-tekot-na-zimata/ Fri, 09 Dec 2022 12:40:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=279373

Печките на дрва се главните уреди за греење на голем број домаќинства во Македонија. Ваквите печки мора да бидат професионално инсталирани, а нивниот капацитет да одговара на големината на просторот што го загрева. Доколку имате камин, а не е во функција, потребно е да ја затворите вратата за да спречите загуба на топлина низ оџакот. Не е неопходно огништето да се преполни со дрва. Ефикасноста е подобра ако ложиштето е исполнето со помали количини дрва. За да се постигне најдобро можно согорување и ефикасност на системот, трупците не треба да бидат поголеми од 10-15 сантиметри. Местото каде што го чувате дрвото мора да биде суво, бидејќи во спротивно дрвото станува повлажно и горењето е потешко. Извор: Курир.мк]]>

Избегнете ги високите сметки за струја: Трикови кои штедат време и пари https://arhiva.vistina.com.mk/izbegnete-gi-visokite-smetki-za-struja-trikovi-koi-shtedat-vreme-i-pari/ Mon, 14 Nov 2022 12:52:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=275740

Експерти даваат неколку корисни совети за тоа како да ја заштедите на електрична енергија, да потрошите помалку пари, но и да покажете еколошка свест. Првата препорака е големите потрошувачи, ако можете, да ги користите навечер како на пример машините за перење алишта/садови. Дополнително може да ја користите опцијата за одложено перење со подесување на тајминг. Домашните уреди се означени од „Г“ што е најниско до „А+++“ што се однесува на уреди кои се еколошки на максимум и штедат повеќе струја и вода. Следете ги овие ознаки при купување нов уред. Можеби ќе платите малку поскапо за уредите со „А++“ или „А+++“, но значително ќе заштедите долгорочно. Тука спаѓаат бојлер, машина за перење/сушење алишта, машина за садоци, фрижидер, клима уред, ТВ, грејни тела. Уредот кој ќе остане приклучен на струја не троши значително, но го намалува векот на траење. На пример, многу од вас никогаш не го вадат полначот за телефон од струја, што секако е грешка. Се наведува дека полначот и натаму во ваков случај користи струја, без оглед дали уредот е приклучен или не, но потрошувачката на пари во ваков случај е занемарлив. Греењето, секако, има голема улога во количината на струја која се користи во вашиот дом. Колку повисока температура во просторијата, толку повеќе уредот е приморан да загрева побрзо. Добра идеја се и проточните бојлери Кај перењето алишта, освен користењето на машината навечер доколку сте во можност, обидете се да перете да пониска температура ако тоа ви го дозволува состојбата на алиштата. Препорака е и да користите детергент кој е креиран да работа подобро на пониски температури за да се постигне најдобар резултат. Внимавајте и за тоа што перете: се подразбира дека долната облека и пешкирите, на пример, ќе ги перете на повисока температура, но затоа направете компромис со другите алишта. Не ја вклучувајте машината половично наполнета. Ако не соберете доволно алишта во светла/темна боја, добро решение се марамчињата кои фаќаат боја. Така ќе можете да ги споите алиштата и машината да ја вклучите еднаш наместо двапати. Кога се работи за готвењето, не е реално да избегнувате користење на електрична енергија, но постојат начини да се намали потрошената количина на електрична енергија. Обидете се да печете повеќе оброци оддеднаш кога ја користите рерната, повеќе од едно ниво постои во неа со причина. Рерната е уште еден голем корисник на енергија, па подготовката на повеќе оброци истовремено ја намалува употребата на енергија, а вие штедите време и пари. Потребно е многу енергија за загревање на рерната, особено ако постојано ја отворате за да ја проверите храната, па подобро е да видите однадвор дали јадењето е готово. Ако варите кафе, ставете вода колку што навистина ви е потребно бидејќи тогаш процесот на провривање на водата е пократок. Што подолго чекате водата да зоврите, повеќе струја трошите, а потоа веројатно ќе фрлите барем една третина од видата. Потрудете се фрижидерот да го отворате што поретко, односно вратата да биде што пократко отворена. извор:курир.мк]]>

10 совети како да штедиш електрична енергија во домаќинството https://arhiva.vistina.com.mk/10-soveti-kako-da-shtedish-elektrichna-energija-vo-domakjinstvoto/ Wed, 28 Sep 2022 08:37:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=269060

Почетокот на есенската сезона е период во кој најчесто сме изложени на поголеми финансиски издатоци во семејството и домаќинството. Децата и младите се враќаат во училиште или на факултет, потребна е нова топла облека за студените денови кои доаѓаат, а со стартот на грејната сезона се зголемуваат и месечните сметки за струја. Кога станува збор за потрошувачката на струја во домот постојат мали и едноставни начини со кои можеме истата да ја намалиме и со тоа да ги намалиме и трошоците. Ти претставуваме 10 совети за заштеда на електрична енергија дома:
  1. Загревај ги само просториите во кои престојуваш ти и останатите членови на семејството. Затворете ги вентилите на радијаторите во собите што не се користат.
  2. Загревањето на вода во домот е втор по големина потрошувач на електрична енергија. Затоа не го оставај бојлерот постојано вклучен, а водата загревај ја непосредно пред користење или преку ноќ, кога струјата е евтина. Дополнително можеш и да го намалиш притисокот на топлата вода во тушот или чешмата, или пак да ја намалиш температурата на загревање.
  3. Користи светилки со економична потрошувачка кои трошат 3 до 4 пати помалку, а траат 15 пати подолго. Кај дел од светилките можеш да поставиш и сензори за светло со кои истите ќе се палат при движење.
  4. Доколку отсуствуваш од дома повеќе од еден ден најдобро е да ги исклучиш од струја телевизорот и дигиталниот приемник бидејќи овие уреди трошат струја дури и кога се исклучени.
  5. Провери го термостатот на фрижидерот. Тој најефикасно работи кога температурата е поставена меѓу 3 и 5 степени, а замрзнувачот на 0 степени целзиусови.
  6. Не го поставувај фрижидерот во близина на извори на топлина. Во таквите случаи ќе му биде потребно многу повеќе време за да ја постигне потребната температура, а со тоа ќе потроши и повеќе електрична енергија.
  7. При готвење поклопувај ги садовите со капак. Така ќе ја задржиш топлината во садот при што храната побрзо ќе се зготви, а истовремено ќе биде и повкусна.
  8. Машините за перење алишта и садови користи ги само откако целосно ќе ги наполниш, и пуштај ги да работат во часовите/деновите кога струјата е евтина.
  9. Користи ги програмите за перење алишта со пониска температура. Најголемиот дел од алиштата може да се исперат и со ладна вода, а на овој начин ќе ги заштитиш и ткаенините.
Постави изолациски ленти на вратите и прозорците, а доколку си во можност вложи во целосната изолација на станбена единица. Кога станува збор за менаџирање на домашниот буџет и високите трошоци за електрична енергија во есенскиот/зимскиот период, сметките за струја можеш да ги плаќаш на рати со Diners Club на evnoline.mk, во ЕВН салоните и ЕВН киоск уредите. На овој начин можеш да си ги олесниш плаќањата во месеците кога сметките се повисоки и оптимално да го распределиш домашниот буџет според потребите. Дознај повеќе за сите предности и поволности кои ти ги нуди Diners Club и аплицирај на diners.mk]]>

Вака богатите луѓе штедат пари: Следете ги нивните совети и секогаш ќе имате пари https://arhiva.vistina.com.mk/vaka-bogatite-lugje-shtedat-pari-sledete-gi-nivnite-soveti-i-sekogash-kje-imate-pari/ Fri, 09 Sep 2022 12:15:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=266229

Богатите луѓе никогаш не трошат пари на глупави работи. Според истражувањето на 1.200 инвеститори, објавено од „Millionaire Corner“, една третина од луѓето со нето вредност од повеќе од пет милиони долари во Америка купуваат во „Walmart“, додека останатите купуваат во слични продавници, а еве на што заштедуваат повеќето. Крема за лице Секако дека можете да потрошите еден тон пари на луксузна крема за лице, но зошто кога можете да добиете одличен производ за значително помалку? Пакувања за подароци Хартијата за виткање, ќесите за подароци и картичките може да чинат речиси исто колку и самиот подарок. Но, ако сакате да давате како богатите луѓе, можеби е време да се откажете од таквите опции. Богатите луѓе не сакаат да трошат многу на потрошна роба, а украсната хартија и ќесите дефинитивно спаѓаат во таа категорија. Можеби вашиот богат пријател ќе ви купи прекрасен подарок, но верувајте дека пакувањето е од продавница во која се е многу евтино. Домашни производи Може да биде примамливо да се трошат пари најскапата тоалетна хартија и фенси производите за чистење, но богатите луѓе не трошат на такви работи. Заштедете со купување на распродажба и на во големи количини (дури и на големо) бидејќи така купуваат богатите луѓе, а главната причина е тоа што се многу зафатени Патувања Иако богатите луѓе можат да си дозволат да патуваат каде сакаат, тоа не значи дека не бараат начини да заштедат пари. Тие ги користат истите онлајн алатки за да бараат сместување и летови исто како и сите други. Накит Дури и луѓето кои ги обожаваат Картие, Тифани и Ролекс најверојатно имаат евтини парчиња дома со кои ги комбинираат. – Јас сум личен купувач и стилист на познати личности веќе 19 години и многу клиенти купуваат евтин накит. Го комбинираат со своите скапи парчиња, а понекогаш изгледа подобро од вистинскиот накит – вели Лорен Ре Леви. Очила за сонце Само затоа што можат да си дозволат очила за сонце Шанел или Диор, не значи дека богатите ги носат само нив. Имено, очилата за сонце се една од работите кои најчесто се кршат и губат! Токму затоа е добра идеја колекцијата луксузни очила да ја надополните со убави, но и поевтини. Извор: Курир.мк]]>