шпански поет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 12 Apr 2021 12:42:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шпански поет – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Шпанскиот поет и лауреат на СВП, Хусто Хорхе Падрон почина од Ковид-19 https://arhiva.vistina.com.mk/shpanskiot-poet-i-laureat-na-svp-husto-horhe-padron-pochina-od-kovid-19/ Mon, 12 Apr 2021 12:42:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=198673

Почина поетот, есеист и преведувач Хусто Хорхе Падрон, голем пријател на Македонија. Падрон почина вчера, 11 април 2021 г. во Мадрид, како последица од компликации од ковид – 19. Роден е во Лас Палмас, на Канарските Острови, каде што завршува основно и средно образование, а почнува да студира, паралелно, право и филозофија во Барселона. Дипломира на Правниот факултет во Барселона и, по дополнителните студиски престои на универзитетите во Париз, Стокхолм и Осло, станува адвокат во Лас Палмас. Во шпанската поезија се појавува со својата книга „Темните огнови“ во 1971 година и оттогаш, од година в година, неговото име се повеќе се афирмира, набргу стекнувајќи и меѓународна афирмација. Важи за еден од најпреведуваните и најнаградуваните современи шпански поети. Беше генерален секретар на Шпанскиот ПЕН клуб од 1983 до 1993 година, основач и главен уредник на меѓународното повеќејазично списание за поезија „Екиваленсијас“. На неговите страници има претставено многу современи поети и поезии во тројазично издание (на шпански, англиски и на јазикот на оригиналот), меѓу кои и македонската поезија, на која и беше посветен еден број. Поезијата на Хусто Хорхе Падрон е преведена на повеќе од четириесет јазици, a објавени му се 82 книги на странски јазици. Добитник е на многубројни национални и меѓународни награди и признанија за поезија и е долгогодишен учесник на Струшките вечери на поезијата, двократен добитник (1989 и 2002) на наградата „Нова Македонија“ за најдобра песна напишана на СВП, а главната награда „Златниот венец“, ja доби во 1990 год. Во 2019 година ја доби наградата „Ацо Караманов“ на „Карамановите средби“ во Радовиш. Беше член на МАНУ (надвор од работен состав) и почесен член на Друштвото на писателите на Македонија.]]>