шпанска пита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 27 Apr 2023 11:31:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шпанска пита – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Едноставен рецепт за шпанска пита кој на сите им успева од прва https://arhiva.vistina.com.mk/ednostaven-retsept-za-shpanska-pita-koj-na-site-im-uspeva-od-prva/ Thu, 27 Apr 2023 11:31:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=299735

Доколку сакате брзи, солени пикантерии тогаш овој рецепт ќе ве купи на прво залче. Кога станува збор за пикантериите во омилените се вбројуваат питата, мафините, кифличките, но и шпанската пита за која многумина велат дека е совршен спој на најубавите состојки. Состојки: - 200 грама брашно; - 1 прашок за печиво; - 180 милилитри јогурт; - 100 милилитри маслиново масло; - 4 јајца; - 100 грама кашкавал; - 150 грама фета сирење; - 150 грама шунка; - 4 кисели краставички; - 1 пиперка. Подготовка: Изматете ги јајцата, додадете го брашното и прашокот за печиво, маслото, јогуртот, сечканиот кашкавал, сечкана фета, шунка, краставичка, пиперка и сè измешајте. Печете ја питата во подмачкан плех или обложен со хартија за печење на 200 степени Целзиусови околу 1 час. Пред крај покријте ја со фолија и намалете ја температурата на 180 степени Целзиусови. Откако ќе се излади исечете ја на коцки и послужете ја со јогурт или некој друг напиток којшто го сакате. Оваа пита е одлична и за носење, на пример во текот на утрешниот ден откако ќе ја направите може да си ја носите на работа, но потребно е да ја ставите во некоја чинија со капак за да не ја изгуби свежината и да не се исуши. Уживајте во оброкот! извор:точка.ком.мк фото:Shuterrstock]]>