шилегов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 21 Oct 2021 10:40:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шилегов – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Перо – Камиказа со идентична порака како Бени: „Јас знам за кого не би гласал и порачувам – не гласајте за Шилегов“ https://arhiva.vistina.com.mk/pero-kamikaza-so-identichna-poraka-kako-beni-jas-znam-za-kogo-ne-bi-glasal-i-porachuvam-ne-glasajte-za-shilegov/ Thu, 21 Oct 2021 06:36:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223956

Очекував околу 60.000 гласови добив нешто над 20.000 . Причина за тоа беше слабата излезност. Јас сметав дека излезноста ќе биде над 65 посто, вели кандидатот за градоначалник на Скопје, Петар Георгиевски-Камиказа во интервјуто за „Република“. Тој вели дека на средбите со граѓаните се изнанадил што многу луѓе не го знаат иако тој сметал дека со целиот негов ангажан, посебно со групата „Меморија“ дека сите го знаат, но не излегло така. Сепак, вели, тој е горд дека од овие избори излегол без ниту едена дамка и со чист образ. Тој објаснувал дека било трик и спин изјавата дека ќе гласа за Шилегов и дека на тој начин успеал повеќе да го има во медиумите. За досегашниот градоначалник на Скопје се уште тврди дека е „крадоначалник“ и оти ќе заврши таму каде што му е местото. „Овие избори за него се да се биде или не. Ако остане градоначалник, а тоа е еден процент, шанса има да не оди каде што има карта за во еден правец.Таму каде што ќе оди нема лифт, туку ќе можат дневен оброк да ви носат од дома ако сакате да јадете нешто поквалитено“ - вели Перо.
Камиказа за Шилегов вели дека ментално и психички е многу далеку од квалитетите на Бени Шаќири и на Тортевски кои се негови големи пријатели.
Георгиевски вели дека не може на неговите гласачи да им каже за кого да го дадат гласот, но дека е јасно против кого била усмерена изборната кампања изминатите денови и оти од тоа  граѓаните сами можат да извлечат заклучок. „Јас само знам за кого не би гласал, а тоа е за Шилегов. Но, не можете на овие 21.000 освестени луѓе да им кажете за да гласаат. Ја навредувате нивната интелегенција. Но,еве им порачувам: Да не гласате за Шилегов“ - порачува Камиказа. Целото интервју можете да го прочитате во РЕПУБЛИКА.]]>

Данела Арсовска вратена од пред врата на зградата на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда: Шилегов и забрани влез? https://arhiva.vistina.com.mk/danela-arsovska-vratena-od-pred-vrata-na-zgradata-na-teritorijalnata-protivpozarna-edinica-avtokomanda-shilegov-i-zabrani-vlez/ Tue, 05 Oct 2021 12:49:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221849

Денеска на независниот кандидат за градоначалник на Скопје, Данела Арсовска и беше забрането да влезе во просториите на Територијалната противпожарна единица - Автокоманда каде е сместен Синдикатот на пожарникарите на Скопје, информираат од нејзиниот прес центар. „Имавме договорена и потврдена средба со претставници на Синдикатот чии регистрирани простории се во рамки на Територијалната противпожарна единица – Автокоманда. На влезот на зградата ни беше кажано дека со усна наредба е забранет влез за мене и мојот тим во просториите. Јавно прашувам како може некој да биде над законот и да забранува влез на претходно договорен состанок? Ова е класично злоупотребување на функцијата на командирот што е поставен од Петре Шилегов? Од што се плаши Шилегов, јавно нека каже? Јас знам од што е стравот, тој досега со понижување гледаше на пожарникарите. Сите бевме сведоци дури и на ситуации пред медиумите кога ги понижуваше. Проблем му е на Шилегов да излезат во јавност сите понижувања, проблем му е дека досега ништо не направил за нив освен што направи сомнителна набавка на  противпожарната скала“, истакна Арсовска. Таа додаде дека била во неможност да  поразговара за програмата посебно во делот што се однесува за противпожарните едници во Скопје. „Имам цел план како да ја подобрам нивната состојба и како да се надминат сите предизвици. Имам нови и модернизирани решенија за поголема заштита, безбедност и спасување на градот од пожари, но и подобри услови за вработените. Пожарникарите спаѓаат во категоријата работници кои што секојдневно се изложени на висок ризик. Не смееме дополнително да им ја отежнуваме работата! Ќе набавиме комплетна и стандардизирана заштитна униформа за интервенции, набавка на нови противпожарни камиони, теренски возила, возила за технички интервенции и за пренесување пожарникари со цел поефикасно гаснење пожари во урбана средина и за шумски пожари. Нови противпожарни станици ќе има во неколку општини во Скопје, како и реконструкција на сите постоечки. Планирана е и изградба на современ едукативен центар во кругот на единицата за вежба и усовршување на вештините на вработените, како и доедукација во специјализирани центри надвор од државата”, додаде Арсовска.
]]>

Девојка падна на бината среде митингот на Шилегов – тој ја виде и продолжи да зборува како ништо да не се случува (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/devojka-padna-na-binata-srede-mitingot-na-shilegov-toj-ja-vide-i-prodolzi-da-zboruva-kako-nishto-da-ne-se-sluchuva-video/ Wed, 29 Sep 2021 06:41:48 +0000 https://vistina.com.mk/?p=221140

На вечерашниот митинг на градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов падна жена, а тој ја виде и продолжи со својот говор. Имено Шилегов на митингот кој го имаше пред граѓаните на Скопје во паркот Ибни Пајко додека говореше за идните проекти кои им ги ветува на граѓаните девојка од непознати причини падна од бината веднаш зад Шилегов, а тој ја виде и продолжи да зборува како ништо да не се случува. Засега не е позната состојбата на девојчето, додека на социјалните мрежи граѓаните го обвинуваат Шилегов за несовесен и неодговорен. Се очекуваше поревносна реакција и од носителката на листата на СДСМ за Град Скопје, Софија Пејкова. „Хуманата“ докторка воопшто не реагираше кога девојката падна, туку  остана на своето место  и наместо да праша дали треба да и помогне, таа му аплаудираше на Петре Шилегов. ]]>

Шилегов се пофали дека е спремен да го руши „Скопје 2014“, од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје му возвратија: „Скопје го гази недоветен арамија“ https://arhiva.vistina.com.mk/shilegov-se-pofali-deka-e-spremen-da-go-rushi-skopje-2014-od-sovetnichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vo-grad-skopje-mu-vozvratija-skopje-go-gazi-nedoveten-aramija/ Fri, 28 May 2021 07:32:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204553

Градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов во вечерашното интервју на телевизија Телма рече дека тој е спремен да се донесе закон за рушење на проектот „Скопје 2014“. „Нас во моментов ништо, освен можеби личен страв кај министерката за култура и градоначалникот на Центар, не ни смета да го отстраниме споменикот Мајка Тереза. Јас мислам дека е личен страв, затоа што има страв од носење на одлука, одлуката некој треба да ја потпише. Јас сум спремен да донесеме закон за рушење на Скопје 2014. Јас на крај на министерката и градоначалникот им реков дајте ми јас ќе го срушам. Не затоа што мене не ми се свиѓа, туку не е автентично Скопје“ -  рече Шилегов. Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје, регираше на интервјуто на градоначалникот Петре Шилегов во ТВ Телма, па на зборовите на скопскиот градоначелник советниците соодветно му возвратија: „После 4 години бедно владеење на градскиот татко, единствено Шилегов го сруши плочникот на плоштад кој со месеци не може да го поправи. Така да Шилегов може да се сруши само себе си. Еден совет, пуштете си ја чергата колку што ви се долги нозете, досега од вас Скопје виде само лепливи прсти. ВМРО-ДПМНЕ изгради велелепен град, Шилегов насади гинко дрво кое се исуши. Скопје наместо градски татко, го гази градски недоветен арамија.Она што за Заев беше живот за секого, сега за Шилегов е "ќе го рушиме Скопје 2014". Дури и за рушење треба работа, а познавајќи ја мрзата и неспособноста на Шилегов, и во натпревар за најнеспособен би бил на второ место, зошто е неспособен! П.С. Скопје не е чашка да ја испиете, Скопје е приказна која е поголема од вас“. ]]>

Шекеринска со задовлство ќе уживала, Шилегов носталгичен колекционер на плочи: Засрамете се, на 3340 починати и 0 вакцини! https://arhiva.vistina.com.mk/taa-so-zadovlstvo-kje-uzivala-toj-nostalgichen-kolekcioner-na-plochi-zasramete-se-na-3340-pochinati-i-0-vakcini/ Tue, 16 Mar 2021 13:38:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=194477

Идејата на Тони Зен да ги преземе работите во свои раце е благородна, но и очајна – обид на професионалец кому државата не му овозможува елементарни услови за живот. Да работи и да заработи.
Неодамна решив да преземам одговорност за моите музички албуми и концертни изданија и самиот да ги продавам онлајн, воедно и да ги дистрибуирам лично до сите вас. Целта ми беше да се подигне свеста кај публиката, но и кај самите автори, дека е потребна меѓусебна соработка и поддршка во овие тешки и кризни моменти, но, исто така е потребно да се има почит и разбирање, и не само сега, туку секогаш. Бидејќи со купување музички албум, цеде, плоча, касета, со купување книга, фотографија, уметничка слика, со купување карта за било каков настан итн., вие ги поддржувате македонските автори од било која област и на тој начин ние опстојуваме. Да нема публика, нема да постоиме, напиша Тони Зен во својата објава на Фејсбук.
Пред неколку дена музичарот започна онлајн предизвик #ЛокаленМузичкиПредизвик за со купување музички албуми да се поддржат музичарите кои веќе една година немаат настапи поради пандемијата со коронавирусот. На повикот на Тони Зен прв се одѕва скопскиот градоначалник Петре Шилегов, кој ја прошири иницијативата и ги номинираше Коста Петров, Радмила Шекеринска и Јани Макрадули.
„Од мојот пријател Тони Зен на подарок добив два негови албума па тоа ме натера да се потсетам на времето кога активно собирав плочи и се гордеев на мојата колекција. Во деновите кога задолжително седиме дома, а локалните музичари имаат многу помалку ангажмани, е идеална прилика да поддржиме домашна музика и да им помогнеме на овие наши сограѓани. Затоа, денеска набавив три изданија на македонски музичари и им ги испратив на Коста Петров, Шекериска и Јани Макрадули, за да ги повикам да учествуваат во #ЛокаленМузичкиПредизвик и да го прошират кругот, подарувајќи им музички изданија на своите колеги и пријатели, а со тоа да им помогнат на локалните музичари во продажбата на своите албуми“, напиша Шилегов.
Шекеринска, пак, го продолжи синџирот и ги номинираше Мила Царовска, Дамјан Манчев и Јана Белчева.
„Со задоволство ќе уживам во албумот ‘Underground evergreens’ на нашата музичка група Суперхикс, што ми го испрати Петре Шилегов во рамки на #ЛокаленМузичкиПредизвик“ Го проширувам кругот подарувајќи им музички изданија во домашна продукција на Мила Царовска, Дамјан Манчевски и Јана Белчева со предизвик и тие да го прошират кругот. На тој начин изразувам поддршка во овие корона времиња за нашите музичари и домашната музика, напиша Шекеринска.
И се ќе беше благородно, а сигурно и забавно, да не беше кризата таму каде што е – на 3340 смртни случаи до вчера, 11.457 активни и 0 вакцини. Наместо да се фотографирате со плочи и компакт дискови, овозможете им на луѓето да работат и да заработат. Купете вакцини, симнете се на земја, погледнете каква мизерна земја за живеење е оваа Македонија и тогаш плочите сами ќе се продаваат. Извор: Република.мк]]>

Шилегов е „најгалантниот“ градоначалник во регионот со наши пари, а Дино Мерлин најскапиот новогодишен забавувач: Скопјани ќе го почестат со 100.000 евра, 20.000 повеќе и од Цеца, а повеќе од двојно од Лепа Брена! https://arhiva.vistina.com.mk/shilegov-e-najgalantniot-gradonachalnik-vo-regionot-so-nashi-pari-a-dino-merlin-najskapiot-novogodishen-zabavuvach-skopjani-kje-go-pochestat-so-100-000-evra-20-000-povekje-i-od-ceca-a-povekje-od-dvojn/ Mon, 16 Dec 2019 09:19:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=124062

Градската власт на македонската престолнина реши: Дино Мерлин ќе ги забавува скопјани и сите останати на скопскиот плоштад Македонија за Нова Година! Информациите велат дека договорот  бил потпишан уште пред летото, кога штом дознавме дека пејачот е дојден во Скопје на преговори, побаравме одговор од градскиот ПР, односно службата за односи со јавноста и медиумите, но оттаму се правеа дека ништо не знаат и првпат слушаат. Деновиве договореното беше обзнането, а, во јавноста се појави не само името на ѕвездата што ќе пее за најлудата ноќ во македонската метропола, туку и цената која за тоа задоволство ќе ја плати градот! Имено, на Дино Мерлин за новогодишниот концерт во Скопје ќе му бидат искеширани 100.000 евра од градската каса. Во меѓувреме, во српските, но и во останатите регионални медиуми се појавија местата и цените на новогодишните настапи на балканските ѕвезди. Или поточно, кој, каде и за колку ќе пее! И види чудо! Македонија, која е со најнизок стандард и најмал просечен личен доход во регионов, испадна дека е најбогата! Имено, Дино Мерлин испадна дека е најскапиот новогодишен забавувач, а Петре Шилегов „најгалантниот“ градоначалник... Со наши пари, се разбира! Зашто за 100.000 евра ќе пее уште само Здравко Чолиќ во Будва, која само од туризмот заработува многу повеќе и е многу побогата општина, во однос на бројот на жители од Скопје! Сите останати балкански ѕвезди ќе пејат за далеку помали пари за Нова Година, а градоначалниците, па дури и директорите на хотелите, кои патем и ќе заработат таа вечер, испаднаа подомаќини од нашиот Петре Шилегов, кој пак тврди дека „не плаќа од џебот на скопјани“, туку тоа ќе го плателе спонзорите, без да ги наведе кои се! Но, да речеме Цеца Ражанатовиќ ќе пее во еден хотел во Белград за 80.000 евра, Марија Шерифовиќ ќе пее во Нов Белград за 10.000 помалку, односно за сума од 70.000 евра, а една Лепа Брена ќе настапи пред Народното собрание на српската престолнина, за што на сметката и легнаа „само“ 45.000 евра, што е за повеќе од половина помалку од хонорарот кој Шилегов му го плаќа на Дино Мерлин!? И останатите големи регионални поп или фолк ѕвезди ќе настапуват на различни локации во Новогодишната ноќ за далеку помали хонорари, како Аца Лукас на Златибор или Ацо Пејовиќ во Петровац за по 50.000 евра, Саша Матиќ во Загреб или Наташа Беквалац во Виена за хонорар од по 40.000 евра, Харис Џиновиќ во Бар за 37.000 евра или Жељко Самарџиќ во Ниш за „скромни“ 25.000 евра. Скромни секако, во однос на астрониомскиот новогодишен хонорар на Дино - Мерлин за кој даночните обврзници од македонскиот главен град ќе бидат олеснети! Реакциите на народот, но и на домашната естрада се повеќе од жестоки, па ги зовреа социјалните мрежи! Едни повикуват вечерта на бојкот, други на „чешлање на одлуката за дебело платениот хонорар“, трети во шега коментираат дека за тие пари Мајкл Џексон и Павароти заедно ќе ги „станевме од мртви“ да запеат... Сепак, едно е сигурно: Кај нас точно (не) се знае кој кого „заклал“, а кој кого „закрпил“... „Кој пие, кој плаќа“? И тоа дебело за новогодишната забава во највеселата ноќ! Се знае само со колку пари ќе си  замине дома на 1-ви јануари 2020 човекот што пее: „Све је лаж, осим смрти“...  Епа, Среќна Нова народе, само... која?      ]]>

Дишеш ли мирно градоначалниче Шилегов? https://arhiva.vistina.com.mk/dishesh-li-mirno-gradonachalniche-shilegov/ Wed, 21 Nov 2018 09:39:49 +0000 https://vistina.com.mk/?p=58976

Скопје се гуши... магла, смог, чад, смрдеа... Попусто сите изустени зборови, декларативни залагања, празни предизборни ветувања... за почист воздух! Секојдневно нови апели, алармирања, повици... џабе! На власта „не и чуе“!
Централната гледа да и го испорача ветеното на Европа, Америка, НАТО... наместо да им ги испорача на граѓаните предизборните ветувања, заради што и ја донесоа на власт! Локалната пак, се однесува како да е „падната од Марс“. Заталкана, изгубена, залутана некаде во скопскиот смог и магла, секојдневно само сее „ветер во магла“, ама нивниот ветер никако да дувне! Божем ќе воведуваат мерки, црвени, жолти зелени еко налепници за возилата, класификација по старост, ЕУРО 2, 3, 4... стандарди на моторите, бесплатен градски превоз... И од сето тоа - ништо!
А кога сме веќе кај налепниците за возилата, автобусите и градскиот превоз... Се предлага категоризација на возилата по старост, изабеност, ЕУРО стандарди на моторите... Налепници за автомобилите вели еколошкиот министер,Макрадули?  А на „кршот“ од стариот градски превоз на ЈСП и приватните, што ќе му правиме градоначалниче Шилегов, а? Што налепница ќе му турите на овој од видеово, што чури како да оди на дрва? Како внатре скара на ќумур да се пече, а не да се возат луѓе? Па чури и чади бетер од „Фирма Крстиќ“ во „Ко то тамо пева?“ А сте го пуштиле во сообраќаен промет!
Или со скопската цементарница Усје, на пример... Ноќе чади, рано наутро исклучува, преку ден ги нема, како да се под стечај!? Па, ќе ни ги зацементираат грлата и ноздрвите, бре градоначалниче, свесен ли си и ти и тоа „шарената свита“ околу тебе, дека и вие живеете во овој град? Или и вие како Усје, маските за дишење ги ставате само навечер, кога никој не ве гледа?
Ама, маските оддамна паднаа и во оваа магла сега многу појасно се гледа кој  „сеел магла“ и глумел паталец само за да седне на местото на оние кои ги критикувал!
Сега ве нема нешто да се прошетате со истите тие маски низ скопските улици, така? На топло под клима полесно се дише, нели? Епа така е, ама не е така! Зашто во овој град живееш и ти и твоите блиски, твоите најмили, твоите дечиња...
Затоа размисли, како ли ќе им објасниш утре дека си бил на позиција, си бил во можност да сториш нешто, а не си направил ништо!? Во функционерската фотелја можеби и си привелигиран, ама на улица сите сме исти, го дишеме истиот овој воздух... скопски, загаден, смрдлив, отровен, канцероген..!  ]]>

Снеже Велков му го честиташе роденденот на Скопје, ама ќе се обиде ли да го направи и Шилегов „ВИП на еден ден“? https://arhiva.vistina.com.mk/sneze-velkov-mu-go-chestitashe-rodendenot-na-skopje-ama-kje-se-obide-li-da-go-napravi-i-shilegov-vip-na-eden-den/ Thu, 15 Nov 2018 08:51:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=57975

Македонскта водителка Снеже Велков повторно ја гледаме на ТВ екраните. Таа се врати во телевизискиот етер со новиот проект со хумана мисија, насловен „ВИП на еден ден“, во кој, како што веќе пишувавме, таа се обидува лицата од ранливите категории или оние кои не можат да си дозволат скапи козметички третмани, фризерски, маникирско-педикирски, стоматолошки, рекреативно-спортски… или било каков друг вид услуги, третмани или парчиња облека, обувки, акцесоари… кои ги вообичаено луѓето покрај останаттото ги прават среќни и задовлни, или што би се рекло: барем на еден ден да се почувствуваат како „луѓе“, односно како вистински ВИП личности во својот живот!
Во меѓувреме, иако родум од Македонска Каменица, натурализираната скопјанка беше една од ретките јавни личности која јавно му го честиташе денот на ослободувањето на глевниот град.
„Јас ја паметам коцката на плоштад... А ти? Среќен ти ден Скопјенце“ - напишала во постот на фотографијата Велков, честитајќи му го 13 Ноември на Скопје.
Коцката ја паметиме, паметиме и кој ја извади, ама паметиме и едно многу поубаво, почисто и посреќно Скопје. „Градот убав пак ќе никне...“ - велат стиховите од легендарната песна за Скопје на Златните славејчиња, ама како тргнало... тешко! Гледајќи ги секојдневно сликите со енормното загадување...
...нечистотијата...
...уличните кучиња...
...летоска комарците... и сл.  повеќе од очигледно е дека градоначалникот Петре Шилегов е „печен“  за кај Снеже во емисија...
За да го направи Скопје ВИП барем на еден ден!  А и дел од коцката што таа ја памети, пред некое време новинарите тргнаа да ја бараат кај него... во дворот на новата вила во Маврово!]]>

Откако најави дека ќе им наплаќа паркинг: Моторџиите му се собраа, а Шилегов се држеше за своите… „аргументи“! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/otkako-najavi-deka-kje-im-naplakja-parking-motordziite-mu-se-sobraa-a-shilegov-se-drzeshe-za-svoite-argumenti-foto/ Mon, 02 Jul 2018 07:14:54 +0000 https://vistina.com.mk/?p=35436

Скопскиот градоначалник и неговата свита советници со нова генијална идеја, за нова давачка. Отсега и моторџиите ќе плаќаат паркинг во македонската метропола.
Овие пак револтирани му се собраа пред градските порти, па виде не виде, Шилегов мораше да ги прими на разговор. Демек, да им ја каже идејата дека не е се така како црно што тие мислат, зашто е во првата година паркирањето на специјализираните паркиралиште ќе биде бесплатно, а по првата година ќе се наплаќа од 5 до 7 денари за еден час. Иако никаде во Европа и светот не се плаќа паркинг за мотори, ама ако... Кога се работи за Шилегов и СДС, мора да може... Или можеби не мора? Човекот да си проба, па АПП... Ако помине-помине!
Па, треба ли Петре да биде прв во нешто? Иноватор од кого Европа ќе учи, па и таа можеби еден ден кога ќе ги исполни условите за прием на идеи од западен Балкан, како оваа на скопскиов градоначалник, истите ќе ги примени во пракса?!
Арно ама, моторџиите се „посебна сорта“ на луѓе па не климаат баш така лесно со глава и не викаат „амин“ на секоја глупост! Затоа и му се собраа... За да му го плеснат в лице... Дека е очигледно оти власта нема како поинаку да собира екстра арач, па најде да удира сатар кај што никој нигде не наплаќа, лажејќи дека така ќе се придонесело Скопје да стане европски град?! И додека поединците и членовите на здруженијата и мото клубовите на скопските моторџии пробаа да го убедат скопскиот градоначаник со проевропски фикс идеи, дека немаат намера да плаќаат за нешто што никаде во светот не се наплаќа, Петре повторно проба да ги „извози“.  Патем, додека се објаснуваше, убедуваше и образложуваше со претставниците на скопските моторџии, Шилегов упорно се држеше за две нешта, кои очигледно „не му држат“.
Првото е дека:  „Даваме МОЖНОСТ луѓето кои ги користат овие превозни средства, да можат своите мотори безбедно да ги остават на паркинзите. Особено што голем дел од нашите граѓани, во пролетно/летниот период ги користат моторите да стасаат до своите работни места и мака мачат каде да ги остават за време подолгиот престој“.
А второто... Второто нешто за кое се држеше Шилегов не е за коментар... Фотографиите сами зборуваат.

Спиеш ли мирно градоначалниче Шилегов? https://arhiva.vistina.com.mk/spiesh-li-mirno-gradonachalniche-shilegov/ Tue, 12 Jun 2018 08:04:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32022

Скопје се дави – градоначалникот „спие“. Скопје го јадат кучиња – Шилегов „мирно спие“! Имаше ли некој од неговите да го разбуди од летната дремка пред некој ден кога невремето го поплави главниот град и да му каже дека Скопје се дави во вода до гуша, а неговите граѓани и нивниот тешко стекнат имот страдаат од паднати дрва, разлетани настрешници и сонцобрани, турнати делови од покриви...?
И додека бившиот градоначалник Коце Трајановски со личен пример, во гумени чизми до колена и со засукани ракави беше на чело на оние што отпушуваа канали и расчистуваа надојден смет уште додека траеше секое невреме, особено она незапаметеното  кое однесе и човечки животи, Шилегов мирно спие...
Чекаше кијаметот да мине, па дури потоа се појавија тој и неговата свита да изустат соопштение. Декларативно... смешно и зачудувачки! Излегоа за да кажат дека нема да ги обештетат граѓаните кои претрпеа штети од невремето, зашто брзината на ветерот што дуваше не соодветствувал со брзина „пропишана“ за обесшетување?!
Требаше ли да дува Развигорче или Повардарец, за на Шилегов „да му поклопат параметрите“ за обесштетување од непогодата? Или граѓаните треба да си купат ветроказ со ветромер за секој случај, за во иднина, иако уште оддамна им е јасно „од кај дува ветрот“!?  Ама лесно е да изигруваш градски паша, кого единственото ветерче што те дувка е она од под клима уредот во градоначалничката канцеларија! И додека претходната власт масовно садеше дрва, оваа не само што тоа го укина, туку не најде за сходно да ги отсрани ни оние сувите, за кои граѓаните реагираа и алармираа уште претходно дека се потенцијална опасност при невреме.
Штетата потоа е видлива... и жал, ненадоместлива, оти ветерот им се погоди на Шилегов и градските власти. Ама затоа, како јагниња „ги колат“ здравите стебла, онаму каде што им пречат за да никнат нови згради или по некое инфраструктурно ќоше...
И додека Скопје се дави и по секој дожд заличува на Венеција, Петре Шилегов се фали со проекти како пуштање (некогаш веќе постоечка) автобуската постојка во ГТЦ или делење такси ваучери за пијаници, наместо да ги засука ракавите и да почне да ги си исполнува своите должности... Ама очигледно градоначалникот „спие“. И тој и оние на Центар, Карпош...
Во срцето на градот пак, среде плоштадот Македонија покрај фонтаната „Воинот на коњ“, каде е најфреквентното место низ кое дневно минуваат илјадници граѓани и домашни и странски туристи глетка - да те фати страв! Покрај Вардар си, ама како да си на „Вардариште“... глутница од десетици бездомни кучиња-скитници лежат на загреаниот плочник од плоштадот.
Уште мелку минувачите ќе треба да ги прескокнуваат... Се додека гладните пци не прескокнат некој оброк, па истите тиа минувачи не станат мета и цел на напад, како што впрочем речиси и секојдневно се случува, особено во ноќните часови.
Глетка по која место Шилегов  и неговите од СДС, за градска власт слободно можевме да ги поставиме „Анима мунди“. Тие барем ќе решеа еден проблем - подобро ќе ги згрижеа пците – скитници!
Вака, „кучињата си лаат (и касаат), а карванот си врви“... Ама не е „страшно“, оти дење мирно спијат, а „спие“ и градоначалникот на Скопје... Горат само социјалните мрежи, и врие незадоволството кај народот.
А, ние граѓаните на метрополата сме ОК. Ич да не се секираш градоначалниче.
При секое невреме во Скопје, нам ни е како на Малдиви... Затоа само ти „спиј“.  Само прашањето е... Спиеш ли мирно градоначалниче Шилегов? И до кога?  ]]>