шик комбинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 07 Nov 2023 12:37:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шик комбинации – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 5 шик есенски комбинации за кои секогаш ќе добивате комплименти https://arhiva.vistina.com.mk/5-shik-esenski-kombinatsii-za-koi-sekogash-ke-dobivate-komplimenti/ Tue, 07 Nov 2023 13:10:11 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325828

Се наоѓаме во оној дел од годината кој го одбележува слоевито облекување. Температурите се движат од неколку степени до повеќе од 20 степени, а речиси секое утро излегуваме облечени во јакни и мантили и се враќаме дома носејќи ги преку раце. Но, токму есента, а потоа и зимата на многумина им е омилениот дел од годината кога станува збор за облекувањето бидејќи обезбедуваат цела низа можности за модни игри. Доколку сте во потрага по модна инспирација, во продолжение издвојуваме неколку есенско-зимски комбинации на сметка на кои секогаш ќе добивате комплименти. Плетиво + топ + сатенско здолниште Плетивата се повторно дел од нашата гардероба, а истите одлично изгледаат во комбинација со сатенски здолништа кои на секое издание му даваат доза на шик и елеганција. Една таква комбинација одлично функционира и со патики.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Francesca Saffari (@francescasaffari)

Кардиган + црни панталони + патики Оваа удобна и шик комбинација изгледа совршено и е создадена за секој ден. За да ги разиграте црните панталони, одберете кардиган во впечатлива боја кој ќе ја подигне целата комбинација на повисоко ниво.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Kim Turkington (@kimturkington_)

„Statement“ јакна + џинс здолниште + чизми Џинс здолништата беа омилено парче во 2023 година, а нивната доминација продолжува и во сезоната есен-зима, кога ќе ги носиме со чизми. Во комбинација со впечатлива јакна целата комбинација станува уште подобра.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by NNENNA 🧚🏾 (@nnennaechem)

Плетен фустан + голема чанта + бајкерски чизми Плетените фустани се можеби и најпопуларниот модел во студениот дел од годината. Тие се носат во разни комбинации и пригоди, а во пар со бајкерски чизми изгледаат одлично. Големата чанта е супер додаток во комбинацијата која можете да ја надополните со ремен за истакнување на струкот.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Bella Cohen (@isabellecoheen)

Кошула со риги + елек + карго панталони Кошулата со риги е парче кое според многу модни експерти треба да биде дел од секој ормар. Станува збор за парче кое може да се носи преку целата година, а во комбинација со карго панталони и патики станува дел од шик, лежерна комбинација како создадена за прошетка или дружење со пријателите. извор:точка.ком.мк]]>