шерон озборн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 12 Sep 2023 09:17:59 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шерон озборн – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 ТВ ѕвездата без влакна на јазикот за славниот актер: „Тој е подло суштество!“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tv-zvezdata-bez-vlakna-na-jazikot-za-slavniot-akter-toj-e-podlo-sushtestvo-foto/ Tue, 12 Sep 2023 09:17:59 +0000 https://vistina.com.mk/?p=317595

Шерон (70) и Кели Озборн (38), сопругата и ќерката на легендарниот рокер Ози Озборн, никогаш немале влакна на јазикот, а сега Шерон многу отворено зборувала за своето мислење за популарниот актер. Тие гостувале на каналот „E!“ каде зборувале на многу теми, а во еден момент учествувале и во играта во која се извлекувале прашања. Едно од прашањата кое Шерон Озборн го добила било која е најнепристојната јавна личност која ја запознала во животот. Таа не морала многу да размислува, веднаш знаела кој е човекот којшто најмногу ја запрепастил со својата непослушност иако не можела „од прва“ да се сети на неговото име. „Она момче што е оженето со актерката, беше во „Весели седумдесетти...“, изјавила Шерон, а нејзината ќерка рекла: „Ох, Ештон Качер? Навистина?“. „Да. Ох, тој е непристојно, непристојно, непристојно, непристојно мало момче“, изјавила Шерон згрозено, а водителите биле прилично изненадени и признале дека не биле подготвени за таков одговор. На нивното изненадување одговорила потврдувајќи дека тоа е нејзиното мислење. „Да. Тој е подло, мало суштество“, изјавила таа. Сепак, Шерон не кажала детали, па не е познато зошто Ештон ѝ оставил таков впечаток, а нејзината ќерка и таа продолжиле да зборуваат за славните. Се докажало дека и двете имаат симпатии кон иста славна личност, актерот Џејсон Момоа, а Кели признала и дека никогаш не би им се извинила на јавните личности со кои била во „јавна војна“. фото:Инстаграм принтскрин]]>