шепологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Sat, 12 Oct 2019 10:12:51 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шепологија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Парада за правата на животните: „Шепологија“ на 13 октомври во Скопје https://arhiva.vistina.com.mk/parada-za-pravata-na-zivotnite-shepologija-na-13-oktomvri-vo-skopje/ Sat, 12 Oct 2019 10:12:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=112212

Првата парада за права на животните ќе се одржи на 13-ти октомври: „Дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори“ Првата парада и фестивал за подигнување на свеста за хумано однесување кон животните, ќе се одржи на 13 октомври во Скопје, кој организаторите го нарекоа „Шепологија“. „Шепологија“ е под мотото дојди, танцувај, помогни, донирај, повтори. „Шепологијата“ е замислена како целодневен настан, настан кој ќе започне пред Собранието на РСМ во 13 часот со парадирање до Градскиот парк со група учесници. Имено, Ноќните Волци и останати членови на мото клубови, возилото со музика со химната на парадата, танчерската група Беатрикс, тапанарите Skopje Drumline и поворката од граѓани и активисти ќе извршат едно позитивно двочасовно парадирање низ улиците сè до 15 часот кога се очекува пристигнување во Градскиот парк. Овде започнува и вториот дел од настанот, пред Школка, каде ќе се случува музички хепенинг и ќе вклучува и многу други учесници. За музичката програма ќе се погрижат: DJ Charley, Minstrel’s Gallery, BandiX, South Park и DJ Set C2 Brothers. Модератор на настанот ќе биде добро познатиот залагач за животните и природата и секако за луѓето - Ване Маркоски, кратко дефиле ќе изведат дечињата од Агенцијата Моделс ИН, а гостите ќе можат да пробаат од вкусната храна на Ресторан Маркт и Ресторан Фрешис, како и да се освежат со убавите пива на Пивара Темов и уникатните кафиња на Крем Кафе. Фестивалот е предвиден да трае до 22:30 часот. Од организацијата „Шепасти ентузијасти“ повикуваат да покажеме дека животните, природата и секако ние луѓето сме дел од еден комплексен екосистем во кој е неопходно да се грижиме еден за друг. Да излеземе од стереотипот на вечно незадоволство и да покажеме дека е модерно да си доблестен и хуман.]]>