шеќер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 04 Mar 2024 12:19:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шеќер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Направете чоколаден колач без шеќер и брашно https://arhiva.vistina.com.mk/napravete-chokoladen-kolach-bez-sheker-i-brashno/ Mon, 04 Mar 2024 14:00:43 +0000 https://vistina.com.mk/?p=324099

Чоколадните колачи и торти знаат да бидат вистински „калориски бомби“. Но, овој колач се прави без брашно и дополнителен шеќер, што го прави идеален десерт кога сакате да избегнете големи количини на рафиниран шеќер. Она што е одлично кај овој рецепт е неговата едноставност во подготовката, а особено ќе ве воодушеви неговата мека структура и сочниот вкус. Потребни состојки: - 2 банани - 2 јајца - 30 гр. какао во прав - половина ќесичка прашок за печиво Прелив: - 100 гр. црно или млечно чоколадо - 1 лажичка масло за јадење Начин на подготовка: Најпрвин вклучете ја рерната на 180 степени. Ставете ги јајцата и бананата во блендер или изматете ги со миксер, а потоа додајте го какаото во прав и прашокот за печиво. Продолжете да блендирате или да матите додека не добиете хомогена смеса. Смесата префрлете ја во помала тава или калап со пречник околу 15 центиметри. Кога рерната ќе се загрее, ставете го колачот да се пече некои 30 минути. Кога ќе биде готов, истопете го црното чоколадо со 1 лажица масло и прелијте го преку колачот. Можете да оставите да се излади или да го јадете топол. извор:точка.ком.мк]]>

7 лоши работи што ни се случуваат во телото кога внесуваме премногу шеќер https://arhiva.vistina.com.mk/7-loshi-raboti-shto-ni-se-sluchuvaat-vo-teloto-koga-vnesuvame-premnogu-sheker/ Tue, 26 Dec 2023 13:00:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=332512

Експертите предупредуваат дека дневниот внес на шеќер не треба да надминува 25 грама, што е еквивалентно на 6 лажички. Ова е вкупно околу 10% од дневниот препорачан внес на калории. И тука се сите опасности од прекумерното консумирање шеќер. Засладената храна нема најдобра репутација. Сите знаеме дека треба да се избегнуваат газирани пијалоци, засладени сокови и слатки. Но, тешко е да се одолее на желбата за слатки и нереално е да се очекува дека целосно ќе ги исфрлиме засладените производи од нашата исхрана. Сепак, колку шеќер е премногу? Експертите предупредуваат дека дневниот внес на шеќер не треба да надминува 25 грама, што е еквивалентно на 6 лажички. Ова е вкупно околу 10% од дневниот препорачан внес на калории. И тука се сите опасности од прекумерното консумирање шеќер. 1. Зголемување на шеќерот во крвта Јаглехидратите, вклучувајќи го и шеќерот, брзо се вари и се ослободуваат во нашиот крвоток. Шеќерите се едни од најмалите молекули на јаглехидрати, па затоа не им треба долго време да влезат во нашиот крвоток. Зголемената потрошувачка на шеќер во исхраната може да доведе до зголемување на шеќерот во крвта со текот на времето, што го зголемува ризикот од дијабетес тип 2, срцеви заболувања, висок крвен притисок и мозочен удар. 2. Зголемување на крвниот притисок Високиот крвен притисок обично се поврзува со прекумерна потрошувачка на сол, но е директно поврзан и со зголемениот внес на шеќер во организмот. 3. Промени во менталното здравје Флуктуираното ниво на шеќер во крвта и зголемувањето на нивото на кортизол доведуваат до намалување на енергијата, а потоа се чувствувате раздразливо, уморно, па дури и тажно. Покрај тоа, постои и врска помеѓу прекумерното консумирање шеќер и депресијата. 4. Зголемување на телесната тежина и поголема потреба од слатки Прекумерниот внес на шеќер, особено ако доаѓа од пијалоци засладени со шеќер, е поврзан со поголема телесна тежина и поголема веројатност за дебелина. 5. Акумулација на масти во црниот дроб Шеќерот, во контекст на калориски вишок, се вари и се складира со текот на времето како телесни масти. Вишокот на телесните масти е поврзан со зголемени наслаги на масен црн дроб, исто така познат како неалкохолна масна болест на црниот дроб (NAFLD). Оваа болест може да ве изложи на поголем ризик од дијабетес, висок крвен притисок и срцеви заболувања. 6. Хормонални промени Состојбите поврзани со хормони, како што е синдромот на полицистични јајници, може да бидат под влијание на исхраната и изборот на начин на живот. Умерениот внес на шеќер може многу да го подобри балансот на хормоните во нашето тело. 7. Поголем ризик од некои видови на рак Можеби една од најстрашните информации е дека прекумерното внесување шеќер може да го зголеми ризикот од некои видови рак. Студија од 2020 година сугерира дека додадените шеќери во десертите, млечните производи и пијалоците може да придонесат за тој ризик, особено за рак на дојка. извор:курир.мк фото:freepik]]>

Зошто не треба да пиете повеќе од еден засладен пијалок неделно? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-piete-poveke-od-eden-zasladen-pijalok-nedelno/ Wed, 12 Apr 2023 10:12:46 +0000 https://vistina.com.mk/?p=297934

Луѓето не треба да пијат повеќе од еден пијалок неделно засладен со шеќер, велат научниците откако новото истражување го поврза високото ниво на консумирање шеќер со широк спектар на здравствени состојби. За секој дополнителен засладен пијалок неделно, луѓето можат да ги зголемат своите шанси за развој на голем број болести, велат авторите. Тие рекоа дека високата потрошувачка на шеќер е „генерално повеќе штетна отколку корисна за здравјето“. Авторите се повикуваат на повеќе истражувања за врската помеѓу високата потрошувачка на шеќер и ракот, откако студијата укажа на врската помеѓу двете. Академици во Кина и САД го анализираа влијанието на внесот на шеќер врз здравјето, проучувајќи го постојното истражување, од кои вкупно 73 вклучија 8.601 студија. Прегледот на наодите, објавен во списанието BMJ, сугерира дека поголемото внесување шеќер е поврзано со 45 здравствени проблеми. Авторите откриле „значајни штетни врски“ помеѓу консумирањето шеќер во исхраната и дијабетес, гихт, дебелина, висок крвен притисок, срцев удар, мозочен удар, астма, расипување на забите, депресија, прерана смрт и некои видови на рак – вклучувајќи рак на дојка, простата и панкреас. Кога научниците конкретно ги разгледале пијалоците засладени со шеќер, нашле „умерени“ докази кои сугерираат дека луѓето кои пиеле најмногу засладени пијалоци имале поголема телесна тежина во споредба со оние кои пиеле најмалку. Секој дополнителен пијалок засладен со шеќер дневно бил поврзан со 17 отсто поголем ризик од коронарна срцева болест и 4 отсто поголем ризик од смрт во текот на периодот на следење на прегледаните студии. Секое 25 g дневно зголемување на внесот на фруктоза е поврзано со 22% поголем ризик од рак на панкреасот, сугерира истражувањето. Извор: Курир.мк]]>

Мелита во еротска долна облека во која многу тоа се наѕира и насетува, одново ги поттикна сите машки сетила на свој начин: „Слатка како шеќер, пикантна како зачин“!(ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/melita-vo-erotska-dolna-obleka-vo-koja-mnogu-toa-se-nadzira-i-nasetuva-odnovo-gi-pottikna-site-mashki-setila-foto-foto/ Sat, 11 Mar 2023 09:22:29 +0000 https://vistina.com.mk/?p=237835

Најпознатата македонска трендсетерка и екс ТВ водителка Мелита Ракичевиќ одново ја заскокотка јавноста со  фотосесија, направена во еротска долна облека. Не дека досега не го споделила својот телесен раскош и не сме ја виделе во разни разголени изданија, но ова што сега го споделила, одново предизвика манија. Особено кај машката популација, која брои голем број следбеници кои убавицата одново ги остави со „паднати вилици“, откако им даде нова Инстаграм шанса да уживаат во нејзината еротска фотосеанса. Најпрвин во свиленкасто боди со леопардов принт, со длабоко деколте и  минимализам во пределот на меѓуножјето, расната убавица потврди дека се' уште е класа... Дури и тогаш кога е провокативна, заводлива и шокантна, тоа го прави со стил и останува елегантна. „Изборот на долна облека за мене отсекогаш бил посебен момент кој создава чувство на женственост. За мене квалитетната долна облека е култура на живеење, стил и ниво“ - напишала Мелита покрај жешките фотографии. Веројатно добро знаеејќи дека она што за неа е култура на живеење, за вистинските мажи е страст, желба и копнеење во кои таа го има приоритетот на избор со кого ќе ги дели моментите на живот: од оние на „љубовно дивеење“ до оние на „културно живеење“! Она што ги поттикна сите машки сетила се неколкуте фотографии на Мелита во еротска долна облека од бела тантела, во која некогашната водителка  го покажа сиот свој телесен раскош, бујната градба и естетската надградба. Во мрежести хулахопки, само по провидни гаќички, жартиери и градник од проѕирна тантела во кои многу тоа се наѕира и насетува, Мелита со својот сексапил со стил, покажа колку се' уште е атрактивна, привлечна и пожелна...недолива! И додека дамите гледаат и ја анализираат нејзината долна облека, вистинските мажи сонуваат за она што се крие под неа. Фотографиите колку и да имаат „лоша“ резолуција, Мелита со нив одново предизвика „сексуална револуција“ на свој начин: „Слатка како шеќер, пикантна како зачин“! Впрочем: „Фора е... не да бидеш забележан. Фора е да бидеш запамтен“ - нели Мели? Фото: Инстаграм принтскрин/melitameli  ]]>

Овој вид зеленчук може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта, но и на холестеролот https://arhiva.vistina.com.mk/voj-vid-zelenchuk-moze-da-pomogne-vo-namaluvanje-na-nivoto-na-shekjer-vo-krvta-no-i-na-holesterolot/ Mon, 10 Oct 2022 10:30:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270775

Новото истражување спроведено во Велика Британија, покажало дека одреден вид зеленчук може да помогне во намалување на нивото на шеќер во крвта за дури 50 отсто. Имено, на состанокот на Ендокринолошкото друштво во Сан Диего, заклучено било дека екстрактот од лук го намалува нивото на шеќер, но и холестеролот кога се дава со антидијабетски лек метформин, пренесува магазинот „Independent“. „Лукот е евтин и достапен на сите. И тоа како има потенцијал за лекување пациенти кои патат од дијабетес“, изјавил авторот на истражувањето Ентони Ојиех. Истражувањето спроведено било на глувци. Три глувци добиле различни дози екстракт од лук. Истражувачите на глувците им дале доза од 200, 400 и 600 милиграми по килограм телесна тежина. Глувците кои консумирале по 400 и 600 милиграми, успеале да го намалат нивото на шеќер во крвта за 50 отсто, односно 35 отсто во споредба со почетното ниво. Исто така забележано било и значително намалено ниво на холестерол. извор:точка.ком.мклук]]>

Зошто не треба да пиете кафе и чај со шеќер https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-ne-treba-da-piete-kafe-i-chaj-so-shekjer/ Mon, 07 Feb 2022 14:00:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238016

Засладувањето на нашите омилени пијалоци секој ден го прави речиси непотребно да внесуваме шеќер. Иако е мала количина, секојдневното таложење шеќер трајно придонесува за зголемување на телесната тежина и може да му наштети на нашето здравје. Луѓето кои секојдневно го засладуваат својот омилен пијалок внесуваат дури 69 калории, покажува најновото истражување на американските научници од Универзитетот во Илиноис, објавено во списанието Public Health. Кафето и чајот се најпопуларните пијалоци во Светот, а американските експерти велат дека и двата пијалоци се речиси без калории. Но, проблемот е во адитивите, млекото, шеќерот и шлагот. Со овие адитиви, кафето или чајот стануваат екстремно висококалорични пијалоци. Иако бројот на калории кои на овој начин се внесуваат во организмот не изгледа голем, постепено и незабележливо може да резултира со зголемување на телесната тежина. Научниците и нутриционистите се согласија дека ако не можеме да го отстраниме шеќер или млеко од кафето, треба да се обидеме да консумираме само една шолја од овој пијалок дневно. извор: Курир.мк]]>

Што ќе се случи со вашето тело доколку 7 дена не консумирате шеќер? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-kje-se-sluchi-so-vasheto-telo-dokolku-7-dena-ne-konsumirate-shekjer/ Thu, 11 Jun 2020 13:30:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=153326

Природните шеќери кои што се наоѓаат во овошјето, млекото и останатите намирници не се штетни, добри се за вашето здравје и може да ги внесувате во поголеми количини преку споменатите намирници. Меѓутоа, индустрискиот и рафиниран шеќер е голема опасност. Важно е само да ја донесете таа одлука да не го внесувате во вашето тело, односно шеќерот да го исфрлите од вашата исхрана со што ќе спречите големи штети кои што ги предизвикува тој. Што се случува по една недела доколку одлучите да го направите тоа? Шеќерот е зависност, а поголемиот дел од зависностите не можеме да ги отстраниме, доколку пред тоа не почувствуваме некаква штета од нив. Во првата недела откако ќе престанете да консумирате шеќер можно е да почувствувате некаква криза, потешкотии, па дури и депресија. Таквите последици вообичаено се смируваат по првата недела. Доколку се одлучите на овој предизвик, ова се позитивните промени 1. Вашата телесна тежина ќе се стабилизира 2. Ќе имате повеќе енергија 3. Кожата ќе ви биде поздрава и поубава 4. Ќе престанете да посакувате шеќер 5. Често ќе вршите физиолошка потреба извор:точка.ком.мк]]>

Сакаа да го наместат, ама Аца Лукас се снајде: Три нешта – се’ бело! (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/sakaa-da-go-namestat-ama-aca-lukas-se-snajde-tri-neshta-edno-belo-foto/ Wed, 12 Feb 2020 10:22:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=133786

Аца Лукас беше гостин во шоуто на „Ами Џи“, па екипата и водителот Огњен Амиџиќ се обидоа да го збунат пејачот и да го наведат да признае нешто што (не) е така? Имено, Огњен го натера пејачот уште еднаш да објасни веќе многу пати споменуваната афера со белиот прав на масата, па Лукас се потруди да објасни дека е мераклија на „бел прав“, ама на шеќер во прав од ванилици, кои се еден вид на суви колачиња прекриени со ваков тип на засладувач, се пошегува Лукас дообјаснувајќи ја ситуацијата:
 
View this post on Instagram
 
Lizao sam šećer, a oni moraju da liznu telefon i dokažu da je DROGA!

A post shared by Silly Telly (@silly_telly) on

"Реков дека е шеќер, а потоа нутриционистите се најдоа паметни, велејќи дека не е. Тогаш им реков ако знаеја дека не е зошто не го лижнат телефонот и проверат, затоа што тоа е единствениот начин како ќе докажат. Аца Лукас се сликаше со бел прав, но тоа  не беше дрога, туку имитација за потребите на снимањето на спотот“ - објасни пејачот. Откако не им помина првиот обид, продуцентите не се откажаа, па употребија „план Б“, користејќи нов трик, одново преку водителот Амиџиќ. Имено, Аца Лукас беше запрашан во шоуто бргу да наведе три работи со бела боја. Мамец на кој  пејачот повторно „не загриза“, напротив - имаше интересен одговор. „Гаќи, маичка и шолја. гачите се оние белите, румунски“ - рече снаодливиот Лукас и сите ги изнасмеја во студио.]]>

Дали му правите услуга на организмот доколку наместо шеќер користите мед? Одговорот ќе ве изненади https://arhiva.vistina.com.mk/dali-mu-pravite-usluga-na-organizmot-dokolku-namesto-shekjer-koristite-med-odgovorot-kje-ve-iznenadi/ Wed, 09 Oct 2019 12:45:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111790

Шеќерот денес се смета за една од најозлогласените намирници и најголем непријател на нашата витка фигура, како и здравјето во целина. Повеќето нутриционисти советуваат дека, доколку веќе мораме да го засладиме своето кафе, подобро да користиме мед или јаворов сируп. Како што велат тие, на тој начин ќе внесеме помалку калории во организмот. Освен тоа, овие две намирници наводно подобро се разложуваат во нашето тело и со самото тоа го намалуваат зголеменото лачење на инсулин, што е многу важно за здравјето. Зголеменото производство на овој хормон доведува до појава на инсулинска резистенција, дебелеење, ризик од појава на дијабетес и слично. Но, прашањето е следно – дали на своето тело му правиме услуга кога шеќерот го заменуваме со мед? Американските експерти велат дека оваа теорија е потполно неоснована. Иако здравата логика вели дека наместо шеќер е попаметно да бираме мед и јаворов сируп кога сакаме да се засладиме, науката сепак вели друго. “Единствено што постигнуваме на овој начин е тоа што внесуваме помала доза на антиоксиданси во организмот. Но, што се однесува до “разградувањето”, нашиот организам речиси на ист начин ги метаболизира јаворовиот сируп, медот и другите шеќери”, истакнува американската нутриционистка Ребека Клајд. извор:точка.ком.мк]]>

Оваа баба (75) “пука“ од здравје: „Го пијам ова и имам подобар притисок и шеќер од младите луѓе https://arhiva.vistina.com.mk/ovaa-baba-75-puka-od-zdravje-go-pijam-ova-i-imam-podobar-pritisok-i-shekjer-od-mladite-lugje/ Thu, 30 May 2019 13:45:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90560

Овој напиток делува и на чир, улкус и респираторни мачнини, а помага и спречува бактериски инфекции. Денес поголем дел од светската популација има проблем со зголемен крвен притисок и шеќер во крвта. Покрај медицинските терапии во зависност од тежината на состојбата, луѓето во текот на годините успеале да откријат и природни методи кои можат да помогнат во стабилизирање на споменатите состојби во организмот.
Денес ви го пренесуваме рецептот на една баба (75) од Русија која нивото на шеќер и крвен притисок ги држи под контрола со помош на кромид, а таа вели дека крвната слика ѝ е подобра од многу млади луѓе. Подготовка: Секое утро варете исчистена главица кромид (околу 300 грама) во 250 милилитри вода. Сето тоа нека врие околу 8-10 минути. Течноста поделете ја на три делови и напијте се по еден од нив пред појадокот, ручекот и вечерата.
Овој третман се применува 10 дена без прекин, потоа се прави пауза од 10 дена и така најдолго до шест месеци. Овој природен лек ќе ви ја зголеми и потребната количина на железо, калциум, цинк, манган и кобалт. Бидејќи расте под земја, кромидот изобилува и со природни етерични масла и фитинска киселина за која докажано е дека ги уништува бактериите во белите дробови.
Водата од кромид делува и на чир, улкус и респираторни мачнини и ги спречува бактериските инфекции. Напомена: Пред употреба на било кој природен лек консултирајте се со вашиот доктор. извор: точка.мк]]>