шарл азнавур – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 01 Oct 2018 21:38:24 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шарл азнавур – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина Шарл Азнавур: Замина романтичниот шансониер https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-sharl-aznavur-zamina-romantichniot-shansonier/ Mon, 01 Oct 2018 21:02:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50934

Легендарниот француски шансониер, пејач и композитор Шарл Азнавур почина на 94-годишна возраст. Во текот на неговата 70-годишна кариера сними над 1.200 песни на осум јазици, а беа продадени повеќе од 100 милиони копии од неговите албуми.
Азнавур многумина го нарекуваа „францускиот Синатра”, а во неговата кариера  покрај музиката, оствари и над 80 филмски улоги. Aзнавур е роден на 22 мај 1924 година во Париз, како Шахнур Вахинаг Азнавуријан - син на ерменските имигранти Михаела Азнавурјан и Кнар Багдасарјан. Неговите одители исто така биле уметници и од рана возраст во вовеле во светот на театарот. Почнал да настапува како имал само девет години и наскоро го презел уметничкото име „Азнавур“. Неговата кариера зазела поголем залет кога го забележала Едит Пјаф и го зела со себе на турнеја низ Франција и САД. Беше познат по острите политички позиции по прашањето за ерменскиот геноцид. https://www.youtube.com/watch?v=Oj-3hk2L7MQ Пеејќи на многу јазици (француски, англиски, италијански, шпански, германски, руски, ерменски и португалски), со леснотија настапувал на сите поголеми настани ширум светот. Во седумдесеттите години постигнал голем успех и во Велика Британија со песната „She“, која се искачила на самиот врв на сите листи со најпопуларни песни. Во својата седумдецениска кариера издал: 51 студиски албум, 21 албум во живо, 122 компилации, 167 синглови и уште многу други изданија, а дел од неговите најпознатие хитови се: „Toi et moi“, „La bohème“, „The Sound of Your Name“ (со Лајза Минели), „Une vie d’amour“ (со Миреј Матје), „Hier encore“, „Sur ma vie“, „Non, je n’ai rien oublié“ и многу други. Азнавур беше активен на сцената се до последните денови од својот живот и годинава требаше да одржи повеќе концерти. https://www.youtube.com/watch?v=x2PTe0bKZJ4 Извор:РадиоМК]]>