шареница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 25 Sep 2019 11:31:01 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шареница – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српскиот пејач беше на чекор до смртта, откако пеејќи во живо среде емисија во уста му влета пчела и го боцна во грлото! https://arhiva.vistina.com.mk/srpskiot-pejach-beshe-na-chekor-do-smrtta-otkako-peejkji-vo-zivo-srede-emisija-vo-usta-mu-vleta-pchela-i-go-bocna-vo-grloto/ Wed, 25 Sep 2019 11:30:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=108961

Откако фолк-пејачот Ибро Селмановиќ доживеа бизарна несреќа во емисијата „Шареница“, тој реши да раскаже како се случила оваа драматична сцена, што го загрозила дури и неговиот живот. Во моментот кога ја изведувал народната песна „Sвезда ја тера месечината“, го боцнала пчела во грлото, поради што подоцна завршил во болницата. „Прво, не би му го посакал ова ниту на мојот најголем непријател. Мислам дека не се случило никому. На покана на РТС дојдов со син ми на Јахорина, од каде што програмата се емитуваше во живо. Излегов да пеам и видов пчела пред мене како лета, од десната страна. Мислев дека ќе си замине, а и не бев ниту во ситуација да можам да ја истерам, затоа што луѓето веројатно ќе помислат дека не сум нормален, да пеам во живо во програма и во исто време да бркам пчела“ - ја започнува приказната за „Блиц“ пејачот и продолжува: „Никогаш не помислив дека ќе ме касне за крајниците. Таа ми влета внатре во устата додека пеев и одеднаш ме боцна. Се загрцнав и се свртев кон оркестарот за да им објаснам дека не можам да продолжам. Се обидов со кашлање да ја исфрлам, но никако не успеав. Кога некако ја завршив песната, луѓето се чудеа што ми е!? Веднаш ме одвозеа во болница на Пале, каде штом пристигнав, ми дадоа инјекција, ме прикачија на инхалатор, ми дадоа таблети против алергија и отоци. Лекарот рече дека можев да умрам, ако пчелата ми влетала во душникот. Кога ја сфатив сериозноста на проблемот, бев преплашен. Тогаш се загрижив дали сè ќе испадне на крајот добро- објаснува фолк-пејачот и додава: „Уште ги чувствувам последиците. Секогаш кога ќе проголтам нешто, чувствувам болка во грлото. Верувај ми, тоа е како некој да зел мачета и да ви го пресече грлото“ - вели Селмановиќ, кој го прославил роденденот ден подоцна откако го имаше ова несекојдневно искуство.]]>

Трансфер на векот: Жика и неговата „Шареница“ се селат од РТС на Пинк за сума од која ќе ви се заврти во умот! https://arhiva.vistina.com.mk/transfer-na-vekot-zika-i-negovata-sharenica-se-selat-od-rts-na-pink-za-suma-od-koja-kje-vi-zavrti-umot/ Fri, 16 Feb 2018 12:36:25 +0000 http://vistina.mk/?p=13073

Додека во Македонија се затвораат медиуми, гасат телевизии, укинуваат весници и портали, стотици новинари остануваат без работа на бирото за вработување... само некој километар посеверно од нас се случува вистински медиумски процут... Се случуваат медиумски трансфери на кои и фудбалските ѕвезди од регионот би им позавиделе.
Така познатѕиот ТВ водител и уредник на РТС Жика Николиќ ја прими понудата од првиот човек на "Пинк", понуда која едноставно не може да се одбие.
Договорот на Николиќ со РТС истекува на 28-ми февруари, и до тогаш требало да му се понуди обид да потпише нов на  една година. Но, очигледно извесно е дека тоа нема да се случи, бидејќи Жика одлучил да ги прифати условите што го добил од Жељко Митровиќ, со што без сомнение, изненадил многумина, зашто неговата „Жикина шареница“  на јавниот радиодифузен сервис се емитува веќе цели 13 години.
Митровиќ му дал на Николиќ понуда што едноставно не можел да ја одбие. Се работи сума од 200.000 евра или автомобил и стан во таа вредност, што било повеќе од доволно за тој да одлучи дека е време да се пресели на Пинк - тврди близок пријател на новинарот, на кој за ова самиот Жика му се пофалил, додавајќи дека потпишувањето на договорот со „розовата компанија“ треба да се случиа веќе овој  понеделник.]]>