шапка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 01 Jul 2021 07:19:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шапка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Охридска итрина среде Грција: Жанко – „З’ш“ го развеа македонското знаме на врвот на Олимп меѓу боговите, па сомбрерото го стави на „вистинско место“ на брегот, покрај брановите (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ohridska-itrina-srede-grcija-zanko-z-sh-go-razvea-makedonskoto-zname-na-vrvot-na-olimp-megju-bogovite-pa-sombreroto-go-stavi-na-vistinsko-mesto-na-bregot-pokraj-branovite-foto/ Thu, 01 Jul 2021 07:19:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=209122

Откако пред извесно време ја прими и втората доза на руската вакцина, охридскиот радио и ТВ водител, познатиот Жанко „З'ш“ Голабоски така уредно пелцуван тргна во нова авантура. Меѓу останатото, познат и како непоправлив „трагач по возбуди“, Жанко реши да ја освои и Грција... Или поточно, јужните соседи да ги „гледа од високо“, па своите алпинистичко - качувачки вештини ги пушти на најсилно и се здаде во нов планинарски поход - да го освои Олимп! Нималку лесна задача, ама затоа предизвикот поголем од препреката, а инаетот и желбата посилни од сите напори... И Жанко тргна... Охрид, Солун, Паралија, Литохоро... и конечно Олимп! Искачен на еден од највисоките врвови на вечниот Олимп -  Митикас (2918 метри) охридскиот водител стигна на гости во домот на боговите! А таму итриот Жанко направи договор, многу подобар од „Преспанскиот“  со најпрочуениот во грчката митологија, Зевс - кралот на боговите, владетелот на Олимп и богот на небото и громот. Тој ни прати нам поздрави од својот планински престол, а Жанко во наше име гордо го развеа македонското знаме... на врвот на Олимп, среде домот на боговите! Откако ги пренесе поздравите од „другарот Зевс“ покрај кого блескаше македонското сонце, Жанко тргна назад, надолу кон морето, па пред сончевите зраци зад хоризонтот да се скријат, застана да се одмори во Паралиа! Кога стигна,  исцрпен од авантурата, посла пешкир и се испружи на песочната плажа покрај брегот, онака како што тоа го први и во својот Охрид многу често, а сомбрерото го стави „на вистинското место“! Нееее... не на главата, неа ја заштити со шамија, очите со очила за сонце, а шапката сламена, овој пат имаше... „малку поинаква“ намена! За храбриот планинар да не стане „црвен жар“ без потреба, таму кај што не треба! Фото: Фејсбук и Инстаграм принтскрин/zankogolaboski
     ]]>

Прочуениот „крал на кафеаната“ откри досега непознати детали за себе: Харис Џиновиќ не почнал да носи шешир затоа што е ќелав, туку заради сосема друга причина (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/prochueniot-kral-na-kafeanata-otkri-dosega-nepoznati-detali-za-sebe-haris-dzinovikj-ne-pochnal-da-nosi-sheshir-zatoa-shto-e-kjelav-tuku-zaradi-sosema-druga-prichina-video/ Wed, 21 Apr 2021 12:20:01 +0000 https://vistina.com.mk/?p=199971

Шапката, поточно шеширот е негов заштитен знак со децении, и вистинска реткост е да го видите без тој моден дета на себе. Покрај шеширот тука се секако и препознатливи мустаќи. Харис Џиновиќ се појави со шешеир и мустаќи и на снимањето на шоуто Студио. Славниот „крал на кафеаната“ конечно откри  дека не започнал да носи шешир за да ја сокрие ќелавоста, па раскажа од кога започнал да носи шешир и зошто: „Носев шашир уште како дете, бидејќи каубоите повеќе ми се допаѓаа од Индијанците. И тогаш кога игравме каубои и Индијанци, јас секогаш имав капа на главата и добро ми стоеше. А мустаќитеза прв пат ги пуштив многу рано, уште во средно училиште и ете... Така тие две нешта ми станаа мој имиџ и така тоа остана до ден денес“ - изјави Харис во емисијата. https://www.youtube.com/watch?v=NKQtru7XruU&t=7s]]>

Галена предизвика сладок немир: Се сликаше гола, само по сламен шешир (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/galena-se-slikashe-gola-samo-po-shapka-pejachkata-se-sobleche-pa-intimata-ja-pokri-samo-so-sheshir-od-slama-foto/ Mon, 13 Jul 2020 10:38:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=158504

Фолк-пејачката Галена го привлече вниманието со нови провокативни фотографии кои не оставија ништо на имагинацијата на посилниот пол. Како што времето се затоплуваше, фолкерката реши да ја соблече од себе сета  облека и без ограничувања се фотографираше гола, само по шапка. Пејачката која важи за  модна икона, овој пат наместо брендирани прачиња облека, реши да покаже голо месо. Секако, таа ги покри своите најинтимни делови со огромен шешир од слама, но, она што се гледа, ги подгреа страстите. Галена како и секоја убава и згодна разголена жена, ги поттикна мечтите на своите обожаватели и следбеници, кои онака љубопитни, ги копкаше сладок немир, каква ли глетка се крие под сламениот шешир? ]]>

Тамара Тодевска на „MAC“ побара и си доби специјален подарок од Лепа Брена (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/tamara-todevska-na-mac-pobara-i-si-dobi-specijalen-podarok-od-lepa-brena-foto/ Tue, 28 Jan 2020 08:51:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=131287

На големите музички награди MAC 2020 година кои се одржаа вчеравечер во „Штарк“ арена во Белград, нашата пејачка Тамара Тодевска имаше улога на водителка од големата сцена заедно со Гелеб Никачевиќ и Ана Радишиќ. Според сценариото, на Тамара и припадна честа да разговара, односно да им земе изјава на големите ѕвезди како Лепа Брена, Марија Шерифовиќ, Јелена Карлеуша... Настанот беше посебно искуство за неа во кое одлично се снајде, а на еуфоријата и овој регионален музички спој, веројатно секогаш ќе се сеќава како нешто позитивно и поразлично. Тамара промени три стајлинзи за време на нејзините минути на сцената и во ВИП ложите, а еден подарок кој го доби од Лепа Брена, секогаш ќе ја потсетува на возбудливата вечер во Белград. Имено, додека Тамара разговараше со Брена, не можеше да одолее на нејзината ексцентрична цвена шапка, па без многу двоумење ја праша дали може да ја добие засекогаш. Брена пак, веднаш го извади впечатливиот аксесоар од главата и го намести на Тамара, која беше и повеќе од задоволна. Вечерта за нашата пејачка беше исполнета со многу дружење и разговори со познатите колеги, но овој момент со Брена се издвои како спонтан и доста симпатичен.]]>

Додадете нешто интересно во вашиот есенски стајлинг: „Бакет“ шапка (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dodadete-neshto-interesno-vo-vashiot-esenski-stajling-baket-shapka-foto/ Mon, 16 Sep 2019 13:35:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=107165

Некогаш овој аксесоар се поврзуваше со стајлингот на хип-хоп уметниците и оние кои ја сакаат електронската музика, но од пред неколку сезони постана еден од главните аксесоари кои го одликуваат уличниот стил. Бакет шапките лесно се имплементираат во стајлингот, без разлика на вашиот личен стил. Вообичаено почесто го гледаме во текот на топлите месеци. Но, модните блогерки веќе го прифатија овој нов моден тренд и со тоа упатуваат дека овој модел на шапка може да се комбинира и во есенските и во зимските месеци. „Бакет“ додаваат суптилна забавна нота во целокупниот изглед, а дополнително ќе ви ја зачуваат фризурата и главата од ветровите и ниските температури кои доаѓаат. Ви презентираме неколку идеи за комбинирање на овој аксесоар. извор:кафепауза.мк]]>