шампионка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 09 Feb 2021 13:03:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шампионка – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Српската шампионка во фитнес и бодибилдинг Александра Цимеша ненадејно почина во 40-тата година (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/srpskata-shampionka-vo-fitnes-i-bodibilding-aleksandra-cimesha-nenadejno-pochina-vo-40-tata-godina-foto/ Tue, 09 Feb 2021 13:03:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=188927

Српската шампионка во фитнес и боди-билдинг Александра Цимеша, ненадејно почина на 40-годишна возраст. Починала на пат кон дома враќајќи се од тренинг од теретаната, а според неофицијални информации, станува збор за срцев удар. Таа прикачила снимки од нејзиниот силен тренинг пред само неколку дена на својот Инстаграм.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Aleksandra Cimesa (@alexcimesa)

Во неколку наврати, таа ја претставуваше Србија на континенталните шампионати и турнири на Балканот. Инаку, Александра е родена 1981 година во Вршац, а дипломирала на Спортската академија, насока - спортови на сила и фитнес. Израснала во спортско семејство, а од најмала возраст му се посветила на спортот.Успешно тренирала  кошарка и била репрезентативка во кадетската селекција. Покрај тоа, таа тренирала и карате и кик- бокс.Работела и како инструктор по фитнес и аеробик, анекое време се занимавала и со спортско новинарство.]]>

Илина Соколовска – македонско девојче, шампионка на германска земја (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/ilina-sokolovska-makedonsko-devojche-shampionka-na-germanska-zemja-foto/ Tue, 15 Dec 2020 08:45:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=180830

Малата Илина Соколовска (14) е пример за уште една успешна македонска приказна надвор од границите на државата. Таа со нејзиното семејство живее во германскиот град Билефелд, каде ова талентирано македонско девојче ниже успеси за Германија, но сонува еден ден македонското знаме да го вее на Олимпијада. И ако се погледнат нејзините досегашни успеси во ритмичка гимнастика, несомнено дека овој сон лесно може да и се оствари. По неполна деценија занимавање со овој спорт, нејзиниот дом е преполн со пехари, кои минатата година и го отворија патот да почне да се натпреварува и во Бундес лигата. И таман почна се' да се одвива  како што треба, се случи корона пандемијата, која го застана животот во целиот свет. Но, Илина и покрај стопирањето на натпреварите не застанува. Нејзиниот живот продолжи со тренирање, за да биде подготвена, кога повторно животот ќе се врати во нормала и ќе почнат натпреварите. „Од февруари до октомври немавме никаков настап. Цела година чекав да се натпреваруваме. Пред десеттина дена се случи еден клупски натпревар, убаво беше, но откажаа многу клубови од Бундес првата и втора лига. Мојот клуб учествуваше, запазувајќи ги сите протоколи за заштита. Мојот клуб се вика СГ Гутерслох- Билефелд, и клубски се натреварувавме. Секој сам танцуваше и на крај со вкупно 80 поени како клуб го освоивме петтото место. Имаше посилни клубови од нас, се натреваруваат на интернационално ниво. Требаше и деновиве да има уште еден натпревар, но поради короната и тој е откажан“ - вели Илина, која пред неколку години на интернационален натпревар во Украина ја освои титулата „принцеза“, освојувајќи најмногу поени. Иако нема натпревари Илина, како и нејзината помала сестра Ева (10), која исто така е гимнастичарка, продолжија да тренираат. Додека беше топло времето тренирале во природа, но сега тренинзите ги прават дома, секој ден по неколку часа. „Многу ни е тешко што не можеме да спортуваме. Сестра ми Ева дури и плачеше бидејќи за следните четири недели се откажани тренинзите и затоа ќе тренираме дома, во дневната соба, бидејќи надвор е веќе студено. Од март до јуни вежбавме така, малку дома, малку надвор. Кога не ослободија многу се израдувавме дека ќе продолжиме со натпреварите, но ете пак не затворија. Сега само одиме на училиште,цело време со маски и со постојано отворени прозорци и врати. На часови седиме со јакни, капи, шалови или ќебе врз себе. Напорно е ама мора да се издржи. Одам во деветто одделени и најдобра сум во класот. Паралелно вежбам и учам. Обврските со спортот и натпреварите не ми пречет на училишниот успех.  А имам време и за другарките. Секогаш прво е учењето, па потоа дружењето“ - вели Илина. Сонот на секој спортист, па и на Илина е успех и само успех. Но најголем сон и е да ја однесе Македонија на Олимпијада, кој ако продолжи со трофеите, како и до сега, секако дека ќе и се оствари. Иако таа се натпреварува за Германија, сепак, засега го има само македонскиот пасош, па оттаму и надежта дека еден ден ќе ја однесе својата татковина на најголемото спортско натпреварување. „Јас отсекогаш сонувам да одам на Олимпијада и се надевам дека ќе успеам. Сега се натпреварувам со многу силни гимнастичарки, кои се постари од мене. Но, тоа ми е мотивација повеќе. Да бидам уште подобра. Кога бев мала, уште во градинка ги гледав девојчиња како вежбаат и гледав колку убави фустанчиња имааат. Така го засакав овој спорт. А потоа, кога почнав да вежбам и да се натпреварувам и да редам успеси уште повеќе почнав да го сакам. Засега имам над осум натпреварувачки фустани, кои веќе ми се мали. Сите од клубот одиме кај една жена која е од Русија и по наша желба ни ги прави“ - вели македонската шампионка на германско тло. „Пред компјутер сум само кога морам. Кога е потребно од училиште. Затоа сакам да им порачам на моите врсници да си размислат дали тоа ќе им помогне во животот и каков успех ке имаат ако по цел ден седат пред комјутер и затворени дома.  Јас најмногу сакам биологија и хемија. Мислам дека кога ќе престанам професионално да се занимавам со гимнастика тоа ќе ми биде животна преокупација, можеби и професија. Сега по 3-4 часа дневно вежбам, после училиште прво јадам, па пишувам домашна и потоа тренирам. Па пак продолжувам со домашното и потоа одморам. Сакам и јазици, покрај македонскиот и германскиот јас паралелно ги учам и англискиот и францускиот. За се' се наоѓа време“ - вели таа. До минатата година Илина едвај чекаше да дојде лето, за да дојде во Скопје. И додека беше тука на одмор, таа постојано тренираше. „Ми се доаѓа во Скопје многу. Цела година чекав да дојде летото и многу ми беше жал што летово не можевме да дојдеме. А многу сакав кај баба и дедо, кај Нате братучетка ми, кај стрина и чичо. Сакам да ги видам сите, но место тоа, сега комуницираме само по телефон. Се надевам дека до следното лето ќе се вратиме во нормала и се' ќе биде како порано“ -  вели со надеж Илина, македонската шампионка која ниже успеси на германска земја.]]>

Новата бугарска музичка ѕвезда Јаница е се’ пожешка: Разголена „шампионка“ (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/novata-bugarska-muzichka-dzvezda-janica-e-se-pozeshka-razgolena-shampionka-foto-video/ Mon, 04 Nov 2019 11:44:12 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116296

Омиленото место за средби за популарните личности со своите фанови - Инстаграм, речиси секогаш носи нова доза на провокација. Во фокусот на вниманието овој пат е бугарската пејачка Јаница, која потпирајќи се на атрактивниот изглед и жешкиот сексапил ја гради својата естрадна кариера. Така е и во нејзините најнови објави во вид на фотографии кои ги сподели со своите следбеници на Инстаграм. Пејачката ги воодушеви со низа предизвикувачки фотографии, а нејзиниот изглед беше проследен со бројни лајкови и коментари. Јаница обожава да експериментира со својот стил и не се мачи да биде похрабра во однос на нејзината визија која е се' погола и погола. Во нејзините видеа, таа е вистински камелеон, настојувајќи секој пат да покаже нешто поразлично за гледачите. Не попусто за Јаница се  вели дека е вистинска „Шампионка“! https://www.youtube.com/watch?v=WMX2Nd7KW4I]]>

Христина Дескова – атрактивната русокоса џудо првенка: Толку привлечна, просто да посакаш да преврти… на грб! https://arhiva.vistina.com.mk/hristina-deskova-atraktivnata-rusokosa-dzudo-prvenka-tolku-privlechna-prosto-da-posakash-da-prevrti-na-grb/ Fri, 31 May 2019 07:57:58 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90597

Кога се слават успесите на македонските преставници во разни области, од културата, преку естрадата до спортот, најчесто се слават имињата на оние попознатите и поафирмирамите, додека успесите на лауреатите во помалку атрактивните дисциплини или шампионите во помалку масовните спортови, некако минивуаат онака, незабележано или едвај спомнато!
А таа не само што е млада, атрактивна, згодна и привлечна... туку е и шампионка на Македонија во сениорска конкуренција во џудо!
Спорт кој само навидум изгледа груб и насилен, а во суштина, како што и самото негово име говори: Џу-До е кованица која значи нежен начин или нежно умеење.
Христина Дескова или како што нагалено ја викаат Ина, не само што го практикува џудото речиси една деценија туку таа е една од водечките перјаници на џудо клубот „Миоки“ и македонска репрезентативка.
Ако ја видите во кимоно, на душекот за борба можеби ќе ви изгледа диво и помалку грубо... Но, тоа е само спортското лице на џудо шампионката.
Во приватниот живот русокосата првенка изгледа сосема поинаку, се претвора во вистинска убавица. Згодна, атрактивна, пожелна, секси... Со изразени телесни атрибути меѓу кои доминираат бујните облини, полните усни, заводливиот поглед...
Физикус кој остава без здив, мамејќи  воздишки и копнежи, будејќи ги еротските сништа и бујната машка фантазија... Убавица за „Ипон и пол“!
Ина како и секоја млада девојка покрај спортот го сака и ноќниот живот и забавата, па е чест гостин во кафулињата, клубовите и дискотеките, каде сигурно ќе ја забележите.
Само внимавајте, ова наа прв поглед „нежно маче што изгледа како кротко да преде“ за миг може да се претвори во „дива тигрица“.
Затоа не се обидувајте да „чепкате“ таму каде што не треба, ако таа не ви дозволи. Не за друго, за потоа да не ви се смеат... Освен, ако баш не сакате со еден потег да ве преврти... на грб!
 
View this post on Instagram
 
A post shared by D E S K O V A H. (@deskova_h) on

]]>