шампиони – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 07 Jun 2023 10:37:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шампиони – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Солзи, еурофија и трема каква немале никогаш досега: Димитар и Сара Мејс не беа свесни што дочекаа од ќеркичката Илина (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/solzi-eurofija-i-trema-kakva-nemale-nikogash-dosega-dimitar-i-sara-mejs-ne-bea-svesni-shto-dochekaa-od-kerkichkata-ilina-foto/ Wed, 07 Jun 2023 06:46:07 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305247

Сара Мејс и Димитар Атанасовски вчера „ги болеше“ кожата од ежење, од убаво, возбуда, еуфорија, трема, сублимат од чувства што експлодираат во еден родител кога го гледа, бодри и навива за своето дете кое се натпреварува и бори за нешто. Целата оваа возбуда кај мама Сара и тато Димитар ескалираше кога нивната неследничка, ќеркичката Илина и групата дечиња со кои танцува во студиото „Брејк а лек“ и донесоа победа на Мекедонија. Макединското знаме на врвот, а нашите најмали станаа победници на европскиот натпревар во хип-хоп. Сара за ова никако не можеше да не се пофали и да каже дека „пука“ од гордост и среќа за својата наследничка која се почесто знае да и носи дупла возбуди во еден ден и тоа уште од раѓање. -Европскава шампионка денес ме направи најсреќна и најгорда мајка на светот! Си се изнаплакав поштено. Пукам од убаво! Секоја чест „Брејк а лег“ студио за посветеноста и напорната работа која евидентно се исплатеше! И да, поврзани сме од сам старт со малово. Битните датуми за мене, секогаш дупло повеќе ги разубавува. Дента која ја вадев “Црна капина” , се роди она, денес ја вадам “Фрекфенција”, она стана европски шампион, напиша Сара која покрај успехот на Илина ја промовираше и новата песна и спот. Тато Диме не остана покус, а за ралика од Сара беше нешто пократок, ама доста јасен со тоа како се чувствува од еуфоријата и среќата која му ја донесе ќеркичката. -Илино ма, што ми направиии?- напиша тој во описот на една од многуте „стори“ оибјави кои ги нареди од натпреварот. Фотографии со металот и победничката не можеа да изостанат во никој случај, а бидејќ и љубовта и пасијата кон нештата се негуваат од мали нозе, можеби Илина ќе ја продолжи со танцот кој добро познато е дека го сакаат мама и тато. Честитки! фото:Инстаграм принтскрин/Сара Мејс]]>

Петтиот брак на пливачот „ги усвити“ социјалните мрежи: Знаете ли што им е заедничко на Александар Маленко и Емилија Розман? https://arhiva.vistina.com.mk/pettiot-brak-na-plivachot-gi-usviti-socijalnite-mrezi-znaete-li-shto-im-e-zaednichko-na-aleksandar-malenko-i-emilija-rozman/ Fri, 15 Oct 2021 07:16:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=223018

Петтиот по ред брак на Александар Маленко со словенечката инструкторка по пливање и терапевт за масажа во Марибор, 42 годишната Метка  Спаравец ја разбранува јавноста, која пак ги „запли“ социјалните мрежи до усвитување. Во дождливото есенско предизборие, новата брачна авантура на некогашниот македоннски пливачки шампион од Охрид и спортистката на годината за 1999 година во Словенија,  покренаа уште една дилема: Кој е „брачен шампион“  и во кои тоа „брачни дисциплини“ во Македонија? Се разбира, откако претходно социјалните мрежи не споделија илјада и еден шеговит пост или твит на сметка на најдобриот пливач на сите времиња во „брачните води“, ама на куси патеки! Коментираа(т)  сите, со текст или слика, на Фејсбук или Твитер... Од обични луѓе, до познати и јавни личности...     Постови и твитови - безброј, а меѓу нив, како што споменавме  и на некои од познатите, како водителот на „Јади бурек“ , Јанко Илковски, на пример... ...Или познатата македонска мисица, манекенка и модел, Емилија Розман, која „брачната петтка“ на Маленко, ја искористи да се пошегува и на своја сметка: Кога сме веќе кај неа, дали знаете што им е заедничко на Александар Маленко и Емилија Розман? Претпоставувате, одговорот лежи во  „нешто околу бракот“ и во право сте. Засега тие се македонски „брачни шампиони“, барем кога се јавните и познати личности во Македонија во прашање. „Спортот“ е  ист - „пливање во брачни води“, само „дисциплината“ им е различна. Тој во број на бракови, таа во времетраење на бракот. Се мажеле и разведувале многумина од нашите познати фаци, некои и по неколку пати, на други пак бракот не им потраал долго, ама овие двајца се дефинитивно - македонски „брачни рекордери“! Имено, Маленко е македонски шампион на долги стази во краток рок, или што би рекле според бројот на склучени бракови, а Розман е шампионка во должината на траење на еден брак. Пливачот до сега пет пати застанал пред матичар, а мисицата  „спринтерски“  протрча низ бракот кој и траеше едвај 15-ина дена. Токму затоа, засега тие двајца го делат „брачниот трон“  кој најмногу пати за пред олтар или за најбрз развод е шампион! Фото: Социјални мрежи/принтскрин]]>

Каде јадат шампионите на РК Вардар? https://arhiva.vistina.com.mk/kade-jadat-shampionite-na-rk-vardar/ Wed, 09 Oct 2019 12:30:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=111814

Долгогодишните пријатели Бистро бар Барбакан и Ракометниот клуб Вардар отвораат ново заедничко поглавје во клупската историја на препознатливиот гурмански бренд и македонскиот ракометен гигант. Барбакан не е само едно од најпознатите скопски места каде сладокусците уживаат во вкусната храна, туку овој бистро бар во изминатите години е место каде Вардарците можат да се опуштат и во пријатната атмосфера. „Нашето пријателство со актуелниот шампион Вардар е долгогодишно. Со ракометарите имаме прославено многу победи против познати европски клубови, како и бројни титули, а со нашите гости заеднички навиваме и даваме поддршка на секој натпревар. Затоа, сезонава се одлучивме да ја продлабочиме нашата соработка. Барбакан ќе биде присутен на сите натпревари во ЕХФ и СЕХА лигата. Во суштина, Вардарци секогаш се добредојдени во Барбакан затоа што нашата храна е храна за шампиони.“, вели Дарко Савовски од Барбакан. Во новата сезона, Барбакан ќе го поддржи својот пријател за, по трет пат, да го освои тронот на Европа. На позадината на дресот на Вардар, може да се забележи и препознатливото лого на Барбакан, како им дава ветар во грбот на своите омилени ракометари. Интересно е да споделиме дека Вардар пред 6-7 години го препозна Барбакан како пријател на ракометот. Првата прес-конференција на која Вардар ги најави сериозните засилувања на екипите во машка и женска конкуренција беше одржана токму во Барбакан. А што денес велат Вардарци за Барбакан? Вардарци го препорачуваат Барбакан како место каде сакаат да ручаат со семејството, но и да се напијат кафе со пријателите. За нив Барбакан е бистро каде има добра музика, каде се организираат топ „афтерворк“ забави и каде бургерот е вистинска храна за шампиони. „Како спортист многу внимавам оброкот добро да е избалансиран и да содржи квалитетни состојки и токму ова го наоѓам во Барбакан. Честопати доаѓам во Барбакан со семејството, пријателите, како и со ракометарите на Вардар затоа што атмосферата е одлична, храната е шампионска а услугата е првокласна. Според мене, сите кои сакаат во добро друштво да ги следат натпреварите на Вардар, тоа можат да го сторат не само на трибините, туку и во Барбакан“, вели шампионот Тимур Дибиров од Вардар. Вардар со победите во првите натпревари од ЕХФ и СЕХА лигата се наметна како тим кој и сезонава повторно цели кон врвот. Црвено – црното семејство по втората титула освоена во јуни годинава, прераснува во црвено – црн свет на вардарови поддржувачи, меѓу кои сега се вбројува и Барбакан.]]>

Наместо поделби на ваши и наши, домашни и странци, Срби и Хрвати… во „Вардар“ соиграчите стануваат пријатели, другари, браќа, шампиони!   https://arhiva.vistina.com.mk/namesto-podelbi-na-vashi-i-nashi-domashni-i-stranci-srbi-i-hrvati-vo-vardar-soigrachite-stanuvaat-prijateli-drugari-brakja-shampioni/ Mon, 03 Jun 2019 12:05:35 +0000 https://vistina.com.mk/?p=91170

Вардар е европски ракометен шампион. На врвовот на Европа по втор пат за само три години. Иако соочени со сите проблеми, златните вардарови момчиња покажаа дека за шампионска екипа не се потребни само пари... Дека може и без нив да се  биде најдобар на стариот континент, ако имаш силна волја, изразена желба за успех, тимски дух, ако си екипа сплотена,  која  дише и функционира како еден организам! Но, шампионската европска круна на „Вардар“ покажа и нешто друго, нешто што само овде, во Македонија е можно. Да ги сплоти професионалците не само како тим, туку како вистински другари, како браќа иако доаѓаат од различни земји, припаѓаат на различни националности, религии, култури...
Различните знамиња на рамениците, околу појасот или во рацете на играчите на шампионскиот трон, или уште повеќе, прегратката на Србинот, Дејан Милосављев и Хрватот, Игор Карачиќ по финалниот меч се слики кои говорат повеќе од илјада зборови. Овековечени моменти кои покажуваат и докажуваат дека колку до вчера неможното на „крвните непријатели“ од балканското воено лудило, само македонското срце и душа можат како со волшебно стапче да ги претворат во најдобри пријатели, во другари, браќа, шампиони...! Затоа „Вардар“ и не е само обичен клуб, а Македонија обична мала држава на југот од Балканот... Затоа „Вардар“ е клубот од соништата, а Македонија земјата на чудата... И спортски и човечки. Каде сплотеноста на душата и срцето се посилни и од парите и од нациите и од политиката! Затоа Вардар е еден, а Македонија – вечна!]]>

„Комитите“ повикуваат: Вечер сите на аеродром – да ги пречекаме шампионите! https://arhiva.vistina.com.mk/komitite-povikuvaat-vecher-site-na-aerodrom-da-gi-prechekame-shampionite/ Mon, 03 Jun 2019 06:34:21 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90945

Навивачката група Комити преку ФБ објави важна порака до сите кои сакаат да ги пречекаат ракометарите. -Инфо !!! Шампионите полетуваат вечер, 03.06 од аеродромот во Дизелдорф во 18:50ч. Преку Виена на скопскиот аеродром се очекува да слетаат околу 23.55 часот.
„Значи, вечерва, 03.06 во 23.55 часот, СИТЕ НА АЕРОДРОМ !!! СОБИР и Заедничко поаѓање: Сала „Јане Сандански“ во 22:00 часот!!! Прославата се поклопува точно со датумот на 32 годишнината од основањето на навивачката група Комити. Има ли подобар начин да се прослави роденден?“ - велат Комити.]]>

Вардар е на врвот на ракометна Европа! https://arhiva.vistina.com.mk/vardar-e-na-vrvot-na-rakometna-evropa/ Sun, 02 Jun 2019 17:55:10 +0000 https://vistina.com.mk/?p=90931

Како бајка, како приказна која подава рака од фикцијата кон стварноста – Вардар стана шампион на Европа! Вторпат! Во финалето, црвено-црните го совладаа Веспрем со 27-24. Вардар водеше во поголемиот тек од натпреварот, на полувреме замина со +5 разлика. Проблемите дојдоа во второто полувреме, кога Веспрем успеа да дојде на гол негатива во неколку наврати. Во последните десетина минути сепак избраниците на Парондо ја смирија топката и покажаа сигурна игра, по што ја вратија предноста од три гола предност, која ја задржаа до самиот крај. Најефикасeн поединец во вардаровиот тим беше Мораеш со шест гола, а кај Веспрем се истакнаа Мае со шест и Тонесен со четири погодици.]]>