шалтер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 31 Mar 2023 08:34:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шалтер – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Репортерот на ТВ „Алфа“, Матеја Петровски ја запроси својата девојка на шалтер во аптека: Моментот овековечен со камери, а еве зошто го избрал токму тоа место? (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/reporterot-na-tv-alfa-mateja-petrovski-ja-zaprosi-svojata-devojka-na-shalter-vo-apteka-momentot-ovekovechen-so-kameri-a-eve-zoshto-go-izbral-tokmu-toa-mesto-video/ Fri, 31 Mar 2023 08:34:14 +0000 https://vistina.com.mk/?p=295967

Новинарот -репортер  Матеја Петровски од ТВ Алфа ја запроси својата девојка Моника.       Тоа го направи на себесвојствен начин, за многумина на месртот на кое никој жив не би очекувал, но за него многу важна локација. Имено, Матеја  ја побара раката на својата сакана во една скопска аптека, а запросувањето беше проследено со повеќе камери. Што од камерите од самата аптека, што од колегите од ТВ Алфа, што од мобилните телефони... За овој уникатен начин на запросување, ТВ репортерот имал повеќе од добра причина. Како што откри Матеја, тој и неговата сега веќе свршеница токму во таа  аптека се запознале,  за времето додека таа таму работела, па затоа решил ова прекрасно изненадување да и го приреди на истото место на кое за првпат се виделе. Се разбира сето тоа изрежирано во строга тајност и договор со нејзините бивши колешки, кои ја повикале наводно да се видат, а таа дошла кај нив и... Останатото е сторија за медиуми, за која се надеваме дека ќе прерасне во среќна семејна приказна... Долговечна и многудетна. Погледнете како изгледаше запросувањето на Матеја кое во вид на изненадување тој и го приреди на својата сакана: Фото и видео: Фејсбук/Mateja Petrovski]]>

Елена Стојановска од Сител револтирана од однесувањето на три госпоѓи: „Многу се разочарав“ (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/__trashed-90/ Wed, 06 Nov 2019 08:40:17 +0000 https://vistina.com.mk/?p=116751

Водителката Елена Стојановска  имаме прилика да ја гледаме секој ден во „Утринската емисија“  на Сител телевизија. Од раните утрински часови, без оглед на тоа како и започнал денот, Елена секогаш е подготвена и расположена за своите гледачи, љубезно и професионално ја врши работата. Меѓутоа, деновиве Стојановска се налути и беше револтирана од однесувањето на вработените на еден шалтер во населбата Кисела Вода. Таа на својот „Инстаграм“ напиша статус и откри дека е револитрана од однесувањето на три вработени. „Денес во Комерцијална банка во Кисела вода, се разочарав од бирократскиот однос на трите вработени госпоѓи на шалтер. Немаат систем за бројчиња, па клиентите фаќаат ред каде стигнат. Господинот пред мене го караа што рекол дека сака да стави 1000 денари на картичката за поврат на кредит, требало да каже да уплати. Иронично, пред сите, го испрашуваше граматика. Втората, на бабичката пред мене и викаше да се стрпи, да и го дала договорот за да појде на лековита бања. Жената само љубезно се распрашуваше. Третата, пак разговараше со еден господин, пензионер, толку остро и со повисок тон, како тој да е виновен што не слуша најдобро. „Ме разбравте, салдото ви е нула“. Ок, сите разбравме. Не разбирам само зошто сте толку лоши“ напиша водителката на својот профил. ]]>