шахти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 16 Aug 2019 09:28:54 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png шахти – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Генијалноста на глупоста“ на социјалните мрежи: Ахиловата петица на Катица, брусилка, златен спреј и мо*ка на плочка! https://arhiva.vistina.com.mk/genijalnosta-na-gluposta-na-socijalnite-mrezi-ahilovata-petica-na-katica-brusilka-zlaten-sprej-i-mo-ka-na-plochka/ Fri, 16 Aug 2019 09:22:23 +0000 https://vistina.com.mk/?p=102501

Твитерџиите, Инстаграмџиите и останатите „генијалци“ што киснат на социјалните мрежи споделуваат нови довитливи и духовити содржини, произлезени од суровата македонска реалност. Преспанскиот договор предвидува многу работи кои очигледно се надвор од умот, па и покрај неговото потпишување против референдумската волја на народот, за жал некои од нив почнаа да се спроведуваат. Македонија е северна, Македонецот е сега коса црта по националност, а сонцето од Кутлеш мора да се брише од сите јавни површини. Најлесно им беше да почнат од таму каде што се - од дното, па почнаа со брусалки да ги брусат краците на сонцето од Кутлеш вдлабнато по канализациските шахти на градските улици!
Ама како на народот не можеш да му ги избришеш историјата и генетскиот код, едни брусат други позлатуваат. Па кој со брусилка, кој со златен спреј!
На спомениците, меѓу кои и на „Воинот на коњ“, „Филип II“ и „Олимпија“ на скопските плоштади, им залепија плочки. Биле  наследство на Хеленската историја и цивилизација.
Плочките не потрајаа ниту една ноќ. Толку им држи лепакот! До душа да беа посаглам направени, можеби некој ќе се сетеше и на брусилката... Вака му текнало само да уринира. Мо*ка на плочка и... лепакот сам попушта!
Катица колку и да се крие, сепак има нешто на што не може да му одолее. Секој има слаба страна, па и Катето. Еве ја, антички кажано,  нејзината „ахилова петица“... А нејзиното задоволство е евидентно!
Летно време обично се враќаат нашите иселеници во родниот крај. За жал, се' помлади и помлади генерации... Некој се досетил да покаже како изгледа во еден клас, македонска прослава на 20 години од матура.
   ]]>

Капак на се’: Танцот на шахтите на скопскиот асфалт (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/kapak-na-se-tancot-na-shahtite-na-skopskiot-asfalt-video/ Thu, 08 Nov 2018 09:23:27 +0000 https://vistina.com.mk/?p=56887

Новите „нивелирани“ шахти на улицата Антон Попов во Скопје подрипнуваат во ритам со автомобилите.  Танцот на шахтите во секој допир со автомобилските тркала не само што нервира, туку го доведува во опасност сообраќајот, при тоа загрозувајќи ги животоите не само на оние што се во автомобилите, туку и на сите други што ќе се најдат во непосредна близина.
Капак на се' е што откако „стручњаците“ сфатиле дека шахтите при поставувањето не биле нивелирани, одново ги прекопале за да ги нивелираат! Арно ама... капаците и понатаму се „немирни“.
Извор: Види вака]]>