сертификат за вакцинација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 24 Sep 2021 12:43:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сертификат за вакцинација – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 На последното испраќање на Марина Туцаковиќ сите присутни ќе мора да покажат сертификат за вакцинација https://arhiva.vistina.com.mk/na-poslednoto-isprakjanje-na-marina-tucakovikj-site-prisutni-kje-mora-da-pokazat-sertifikat-za-vakcinacija/ Fri, 24 Sep 2021 12:43:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220585

Синот на покојната Марина Туцаковиќ, Милан Радуловиќ, објави изјава од семејството на социјалните мрежи, во која се наведува дека датумот на погребот ќе се објави по викендот, а ќе се одржи во кругот на семејството и најблиските пријатели, почитувајќи ги сите епидемиолошки мерки.
„Со цел да ги испочитуваме нејзините последни желби и да ги заштитиме нашите најблиски од епидемијата, на ниво на семејство, решивме погребот да го одржиме исклучиво за најблискиот круг пријатели и роднини. Бројот на присутните во капелата нема да надмине 10, со задолжителен сертификат за вакцинација и почитување на сите мерки. Апелираме до сите што сакаа да присуствуваат на погребот да останат во своите домови, и да и оддадат почит на Марина слушајќи ги нејзините песни, и интимно да се збогуваат со неа. Комеморацијата ќе се одржи по 40 дена за пошироката јавност, за да може секој да се збогува со неа. Ви благодарам на сите за разбирањето. Ожалостените, Александар и Милан Радуловиќ“ – се наведува во соопштението. Фото: Инстаграм принтскрин/ lacca official
]]>