серенада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 31 Jan 2023 13:18:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png серенада – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Битолчанецот Менде Куновски со модерна серенада – „Мастило“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bitolchanetsot-mende-kunovski-so-moderna-serenada-mastilo-video/ Tue, 31 Jan 2023 13:18:19 +0000 https://vistina.com.mk/?p=286747

Како и што беше најавено, одличната песна „Празен календар“ на битолчанецот со ангелски глас - Менде Куновски доби продолжение... Овојпат таа носи наслов „Мастило“... Некој можеби ќе каже - модерна серенада и искрено нема да згреши, но едно е повеќе од сигурно, а тоа е дека ова  музичко дело е буквално за сечиј вкус... А како и да не биде , кога Менде повторно избра да соработува со веќе докажани и квалитетни автори. Текстот го напиша  Борче Нечовски, а музиката е дело на  Суад Хусеин - Цуле, додека пак аранжманот го изработи Ташко Грујовски. Особено сме сигурни дека ќе се памети фразата од текстот, која вели: „Не сум сретнал жена како тебе, што ме љуби, а ништо не бара“... „Многу сум пребирлив кога треба да изберам песна за себе и поради тоа не вадам песни на секои три месеци. Оваа екипа со која работам ме познава доволно добро и знае што може да ме „погоди“. Јас сум презадоволен, реакциите на најблиските пријатели, соработници се позитивни, а такви ќе бидат се надевам и на публиката кога ќе ја слушне оваа песна“ - вели Менде. За оваа нова Менде сними и видеоспот, кој го изработи „Арт продукција, а во кој се појавува и убавата Анита Јовчевска. Инаку Менде тука незапира, тој наскоро ќе ја изненади публиката и со нова тамбурашка песна и тоа со негова колешка од Србија. До тогаш познатиот битолчанец може да го видите и слушнете во живо на многубројните негови настапи ширум нашата земја, а таа привилегија ја имаат и нашинците во Канада и Шведска, каде тој честопати настапува... Уживајте во „Мастило“, а доколку ви се допадне, лајкнете и споделете на вашите социјални мрежи (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Група „Милениум“ ве води на музичка прошетка низ Битола со нивната серенада – „Ќе те шетам по Широк Сокак“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/grupa-milenium-ve-vodi-na-muzichka-proshetka-niz-bitola-so-nivnata-serenada-ke-te-shetam-po-shirok-sokak-video/ Wed, 25 Jan 2023 14:31:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=285726

Битолската  група „Милениум“ која постои веќе 20 години на сцената во овој регион,  направи песна автентична за овој крај, песна на која заедно со целата екипа  потрошија многу време и енергија, посветија големо внимание и љубов запишани во песна,  па потоа визиуелизирани со видео автентично за стиховите и музиката на оваа нумера. Градската серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“ беше неодамна промовирана и е посветена на нивната Битола. „Како битолска група сакавме на некој начин да му се оддолжиме на градот, а со што друго ако не со серенада“, велат членовите на групата „Милениум“. Музиката и текстот се на Боби Поповски, аранжманот на Дарко Илиевски, миксот, мастерингот и снимањето ги направил  Дејан Момироски во неговото „ХЛ студио Момироски“, а видеото го потпишува проверениот автор и режисер на видоспотоци, Даниел Јовески. Во екипата која учествуваа во снимањето биле уште и Гоце Миланоски, Љупчо Андрески, Елена Георгиевска, Галоп битолската коњаница и асистентот Никола Ставрески. Видеото за новата битолска  серенада е снимано на неколку најпознати градски локации како: Широк сокак, Чинарот и Чифте фурни. По „Битола мој роден крај“ „Ако одам во Битола“,„Битола, бабам Битола“...и најновата серенада „Ќе те шетам по Широк Сокак“, ја продолжуа традицијата во која се опејува еден од најубавите, најурбаи и најкултурни македонски градови, градот на конзулите и клавирите, прекрасната Битола. Како тоа звучи и изгледа кога групата „Милениум“ ќе ве носи на музичка прошетка по Широк Сокак, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>