сепија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Fri, 22 Apr 2022 08:41:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сепија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Малечката сонувачка со еленче в рака: Дали го препознавате ова девојченце, денес е позната македонска спортистка, уметник и понежна половина на една уште попозната мултимедијална ѕвезда? https://arhiva.vistina.com.mk/malechkata-sonuvachka-so-elenche-v-raka-dali-go-prepoznavate-ova-devojchence-denes-e-poznata-makedonska-sportistka-umetnik-i-ponezna-polovina-na-edna-ushte-popoznata-multimedijalna-dzvezda/ Fri, 22 Apr 2022 08:40:25 +0000 https://vistina.com.mk/?p=245321

Сите ние како малечки сме сонувале за она што ќе станеме еден ден. Во своите имагинации и соништа сме ги доживувале замислените професии, мечти кои некому му се оствариле, некому не. Некој она што го посакувал и сонувал уште како дете, како возрасен и го работи... Полицаец, пожарникар, возач, докторка, учителка, професор, фудбалер, мајстор... Кој едуциран за професијата од своите соништа, кому сништата му станале само хоби, а живее од нешто сосема друго, кој не успеал ниту едното ниту другото да го претвори во јаве, па денес е нешто сосема трето и по едукација и по професија... Таков е животот! На црно белата, малку пожолтена или стручно наречена „сепија“ фотографија, ова слатко девојченце е сликано пред... Добро, на дамите не им се бројат годините, па нема ниту да објаснуваме кога е направана фотографијата, на која јасно се гледа дека малечката в раце држи играчка еленче. Уште тогаш како предзнак, како своевидно претскажување дека токму љубовта кон природата ќе и стане хоби, пасија или поточно, своевидна професија. „Малечката  сонувачка“ со еленче в раце денес е позната, призната и ценета дама, чии спортски подвизи ретко кој маж,  а камо ли жена може да ги повтори, а нејзините вештини се фасцинантни. Илина Арсова, планинар со светски искуства од освојување на највисоките врвови, ликовен уметник со самостојни изложби и секако, последниве години позната како „понежната половина“, ако така воопшто може да се каже, на македонската мултимедијална ѕвезда, Игор Џамбазов! Дека соништата се остваруваат ако доволно силно ги посакуваш, ако си упорен и посветен, таа е најдобриот пример. И во хобито претворено во своевина професија, како и во животот и љубовта. Голем дел од посакуваните врвови се освоени, остануваат уште многу други предизвици. Најмногу, животни! Малечката сонувачка Илина Арсова, денес со остварувања што се сон на многумина... И припаднички на нејзиниот пол и на оние од оној, таканаречениот - посилниот! А и еленчето се' уште цврсто го држи в раце! Само сега има... капиталец! Фото: Инстаграм принтскрин/ilina_arsova/igordzambazov      ]]>