сендвич – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 27 Jun 2023 09:18:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сендвич – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Бојана Нушкова „на скара“ во Сахара: Манекенката дење на јадење и летни лудории, навечер на трошење… калории! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/bojana-nushkova-na-skara-vo-sahara-manekenkata-dene-na-jadene-i-letni-ludorii-navecher-na-troshene-kalorii-foto-video/ Tue, 27 Jun 2023 08:30:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307809

Како што веќе неодамна објавивме, македонската манекенка и модел Бојана Нушкова на нејзиниот  „Инстаграм“ профил испрати жежок поздрав од Грција, каде камерите ја фатија  како ужива во летото во познатиот „Сахара ресорт“ во Неа Каликратија.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Boyana Nushkova (@boyananushkova)

Раскошниот телесен потенцијал на скопската убавица навистина е „лудница“, па затоа и не можеше да остане незабележан од љубопитните погледи на околината... Оние, машките „влажни“ и оние на дамите кои иако се правата лажно важни и тоа како дискретно ѕиркаат, а секој нивни поглед длабоко понира и го анализира она што ги интересира. Дебелината не е баш ни ниту здрава ниту е во мода, особено никако за професијата со која се занимава Бојана, но ако помисливте дека манекенките се само на воздух и вода, верувајте ве лажат... Тоа не е така дури ни на плажа. Шишенцето до нив со ладна негазирана за освежување секако не е изненадување, ама затоа скопската убавица покажа дека извајаната задница и телото - вретено не само што треба да се обликуваат редовно, туку мора со нешто и да се храни и тоа во случајов обилно... Така Бојана Нушкова покажа дека е  „на скара“ во Сахара. Или поточно на обилен сендвич со сланинче, топено кашкавалче и веројатно во него со уште понекое мевце, за да се собере душа... Денот е долг, активностите и пеколното сонце исцрпувачки делуваат и на телото и на сетилата, па обилното сендвич мени со помфрит, за миг ја враќа силата. Или што би рекле, како што се гледа и од приложеното, манекенката дење е на јадење и летни лудории, ама затоа навечер, е на трошење... калории! Зашто она што преку ден ќе се стави, навечер треба да се симне, а како поинаку ако не со заводливо ѓускање на добра журка. Забавата барем на море не недостасува, па Бојана затоа тоа обилно го ползува, спојувајќи го убавото со корисното. Ем за забава до бесвест што ги буди сетилата и ја создава хемијата, ем за враќање на линијата. До душа, за ова второто постојат и поинакви или ако сакате „дополнителни методи“ во вид на „after night party“,  арно ама... Дали имало „забава по забавата“ или уморна од журката манекенката на перницата само нежно ја спуштила главата, правејќи  уште едно селфи пред спиење... нема да откриеме. Фто: Инстаграм принтскрин/boyananushkova
]]>

Никако не носете чипс и сендвичи на плажа, ова се причините https://arhiva.vistina.com.mk/nikako-ne-nosete-chips-i-sendvichi-na-plazha-ova-se-prichinite/ Mon, 26 Jun 2023 12:30:18 +0000 https://vistina.com.mk/?p=307682

Многу луѓе кои го поминуваат целиот ден на плажа на одмор обично носат храна со себе, како сендвичи или салата. Сепак, нутриционистката Кирстен Хикман истакнува дека некои намирници не се многу погодни за оброк на плажа. Според неа, најлошата храна што се носи на плажа е онаа што предизвикува дехидрација. „Ако поголемиот дел од денот го поминувате на сонце и високи температури, последното нешто што сакате е храна која може да доведе до дехидрација“, вели таа, посочувајќи која храна е најмалку погодна за плажа според неа. Сувомеснати производи Овие намирници се познати по нивната висока содржина на натриум, поради што нутриционистот советува да ги избегнувате кога поминувате многу време на сонце. Наместо тоа, таа препорачува сендвич со зеленчук кој го хидрира телото, со додавање на малку хумус за додавање протеини. Солени закуски Уживањето во грицки на плажа е сосема нормално, но чипсот и сличните производи не се најдобриот избор поради високата содржина на сол што може да доведе до дехидрација. Кирстен предлага наместо тоа да носите овошје или сецкан свеж зеленчук што можете да го потопите во некој сос. Пржена храна Не е изненадувачки што пржената храна има висока содржина на сол што ја влошува дехидрацијата. Освен тоа, јадењето пржена храна може да доведе до пад на енергијата, што може да предизвика поспаност и лошо расположение на плажа, предупредува нутриционистот. Слатки пијалоци Слично на солта, храната и пијалоците богати со шеќер исто така може да предизвикаат дехидрација. Кога внесувате шеќер, телото користи повеќе вода за метаболизмот, што може да резултира со почесто одење во тоалетот. Покрај тоа, конзумирањето слатки пијалоци може да предизвика брзи флуктуации на нивото на шеќер во крвта, што доведува до исцрпеност во текот на денот. Затоа, најдобро е да изберете вода или незасладени ладни чаеви. Топли оброци Овде не се работи само за здравјето, туку и за практичноста. Ако понесете топол оброк на плажа, до моментот кога ќе го јадете, веројатно ќе биде млак и помалку вкусен. Ладната храна е посоодветна бидејќи може да остане подолго свежа и пријатна за консумирање на плажа. Кирстен предлага да уживате во ладни салати со тестенини додека се релаксирате покрај морето. Извор: Курир.мк]]>

Помеѓу Цеца и балтската: Момчето на фолк дивата „стиснат во сендвич“ високо во облаци! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pomegju-ceca-i-baltskata-momcheto-na-folk-divata-stisnat-vo-sendvich-visoko-vo-oblaci-foto/ Fri, 08 Oct 2021 10:51:34 +0000 https://vistina.com.mk/?p=222379

Цеца Ражнатовиќ неодамна се пошегува кога изјави дека „ништо не е во ред“ со нејзиното момче Богдан Срејовиќ и неа, па сега отпатуваа за Кипар заедно, а со нив е  и нејзината сестра Лидија. Се чини дека сепак се' е во ред и дека љубовта се уште цвета, како што можевме да претпоставиме, а Цеца само се шегуваше со изјавата. Имено, тие беа фотографирани додека сите спиеја во авионот, со заштитни маски на лицето. Цеца и Лидија  беа без шминка, при што покажаа дека изгледаат одлично и во ова секојдневно издание. Богдан седеше на средина, Цеца до прозорецот, а Лидија покрај патеката, патувајќи  малку да уживаат во овој свој краток одмор. Фото: Мондо]]>