семејство попадиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 26 Sep 2018 11:26:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png семејство попадиќ – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Еве што прават денес јунаците од култната серија „Подобар живот“: Семејството Попадиќ е се’ уште активно! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/eve-shto-pravat-denes-junacite-od-kultnata-serija-podobar-zivot-semejstvoto-popadikj-e-se-ushte-aktivno-foto/ Wed, 26 Sep 2018 11:25:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=50062

Иако, престанала да се прикажува во 1991. година, серијата „Подобар живот“ и’ денес е една од омилените на подрачјето на бивша Југославија. Во осумдесеттите години на минатиот век, семејството Попадиќ беше ултимативен телевизиски хит, а многумина и денес се сеќаваат на тој некој подобар живот од „Подобар живот“. Петмината главни глумци и денес се се' уште активни во своите професии. Марко Николиќ, кој го глумеше Драгиша, денес има 71. година и уште глуми. Го гледаме во новата тв серија на ТВ „РТЛ“, „Погрешен човек“, а моментално ја снима серијата „Жигосани во рекетот“. Пред неколку години Николиќ победил рак, а оттогаш се свртел кон здрав живот. Престанал да пуши и да пие алкохол бидејќи, како што вели, се уплашил од ситуацијата и бил подготвен да напарви се’ за да преживее. Светлана Бојковиќ, легенда на српскиот театар, во серијата била Емилија, а ниту таа не престанала да глуми, како во театарот, така и на телевизија и на филм. Моментално со сопругот Славко Краљевиќ се одмора во Ровињ, каде оотишле на покана на колешката Весна Чипчиќ. Светлана има 70. години и едно време со сопругот живеела во Хелсинки бидејќи тој бил амбасадор на Република Србија. Нивните деца ги глумеле Лидија Вукичевиќ, Драган Бјелогрлиќ и Борис Комнениќ. Раскошната Виолета ја отелотворува Лидија Вукичевиќ, која и денес ги заведува фановите со фотки во костуми за капење, на Инстаграм, а многумина се восхитуваат на нејзината фигура која ја одржува и со 56. години. Контроверзната Лидија актерската кариера ја напуштила поради љубов – се омажила за фудбалерот Митар Мркела со кого има два сина. Љубовта „пукнала“ а таа се посветила на синовите Андреј и Давид. За жал, се активирала и политички во партијата на Шешељ, па била и пратеник во Народното собрание. Борис Комнениќ денес е првак на Драмскиот театар во Белград, а го памтиме како Александар – Саша Попадиќ. Глумецот редовно се појавува во серии и филмови како и во театар. Некои од најзабележителните улоги ги остварил во сериите „Монтевидео Бог те видел“, „Ќе се вратат штрковите“, во кои соработувал со „братот“ од серијата „Подобар живот“, Драган Бгјелогрлиќ. Тој го глумел Слободан, а денес е еден од најпознатите глумци, режисери, сценаристи и продуценти на целото подрачје на бивша Југославија. Бјелогрлиќ се прославил во „Подобар живот“, а продолжил со „Убавите села, убаво горат“. Го режирал филмот „Монтевидео Бог те видел“ кој бил српски кандидат за Оскар, како и истоимената телевизиска серија. Минатата година се појавил во филмот „Јужен ветар“ а моментално снима серија. Драган Бјелогрлиќ минатата година ја промовираше серијата „Сенки на Балканот“ која се емитуваше во регионот, поточно во државите од речиси цела бивша Југославија.]]>