семејна куќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 11 Jan 2023 10:06:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png семејна куќа – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Силви бенд“ со нов албум „Како во сон“ и преработка на старата македонска песна – „Ја излези стара мајко“ (ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/silvi-bend-so-nov-album-kako-vo-son-i-prerabotka-na-starata-makedonska-pesna-ja-izlezi-stara-majko-video/ Wed, 11 Jan 2023 07:15:51 +0000 https://vistina.com.mk/?p=283609

Брачната музичка двојка Силви и Влатко Плевнеш или попознати како „Силви бенд“ во последната недела од годината што измина, го издадоа најновиот  нивни албум, осми по ред насловен: „Како во сон“. Од него како сингл се издвои пилот темата „Ја излези стара мајко“, што е всушност своевидна преработка во поп, амбинтален и џез стил на старата традиционална добро позната македонска изворна песна. Истата се нашла на албумот зошто е инспириран од вистинскиот настан кој пред многу години се случил токму во семејна куќа на Влатко Плевнеш во Охрид. „Во семејната куќа на  Плевнеш во стариот Охрид, а во која сега доаѓаме само преку лето, настанала таа толку убава песна - 'Ја излези стара мајко'. Тоа ни го откри еден охриѓанец кој го знае богатото минато на градот и песната. Човекот со многу емоции и со голема радост ни раскажа дека една млада мома - охриѓанка, која во тоа време живеела во оваа куќа, се вљубила во младото момче, а тоа бил Осман бег. Таа често ја повикувала својата мајка да излезе на пенџерето за да го види нејзиното момчето Осман бег, кое тука поминувало на коњ покрај куќата“ - ја раскажува Силви приказната за настанокот на песната кои тие со задоволство ја преработија како дел од новиот албум, чија промоција се одвиваше на 22 декември во кафулето Филхармонија во Скопје, каде воедно беше промовиран и видеозаписот за споменатата нумера. Спотот се снимал на неколку локации во Охрид, а го реализираше охридската „ИН продукција“, а во него како Осман бег  се појавува охриѓанецот Благоја Ристески. Како звучи современата верзија на „Ја излези стара мајко“ во изведба на „Силви бенд“  визуелизирана со видозапис, проследете од видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА): ]]>

Родната куќа на Лепа Лукиќ отиде „на добош“: Банката ја запленила и продала на лицитација заради неплатен кредит, а таа нема поим за тоа!? https://arhiva.vistina.com.mk/rodnata-kukja-na-lepa-lukikj-otide-na-dobosh-bankata-ja-zaplenila-i-prodala-na-licitacija-zaradi-neplaten-kredit-a-taa-nema-poim-za-toa/ Thu, 27 May 2021 08:32:02 +0000 https://vistina.com.mk/?p=204364

Родната куќа на српската фолк легенда, пејачката Лепа Лукиќ во селото Милочај крај Краљево е продадена на јавна лицитација минатиот петок, по цена од еден милион динари, дознава српски Курир од извор кој бил детално информиран за целиот случај. Медиумите веќе неколку пати пишуваа за оваа куќа, најмногу споменувајќи ја дека фолкерката била многу приврзана за нејзиниот роден дом, каде го поминала детството. Често зборувала дека со задоволство оди таму, особено додека беа живи нејзината мајка Милошија и братот Рајко.
Причината поради која оваа куќа отишла под хипотека, според добро упатен извор, е неплаќањето на кредитот од 10.000 евра, што своевремено го зел братучедот на пејачката, Раде Јовановиќ. Оваа куќа и имотот Лепа му ги пренела нему, по смртта на нејзиниот брат Рајко, за кого била многу приврзана.
„Раде го стави под хипотека својот имот во банка за да земе кредит што не го отплатил. Тогаш тој долг го презеде една компанија од Белград што се занимава со откуп на долгови. Куќата беше продадена веднаш за сума од 60 проценти од нејзината реална вредност, а Раде не се појави на тоа рочиште, иако беше уредно повикан. Покрај куќата, продадено е и земјиштето под зградата и една ливада од трета класа. Сето тоа беше продадено за нешто повеќе од милион динари. За тоа беше задолжена јавната извршна канцеларија на З.С. Имаше двајца наддавачи, а куќата ја купи жена од соседно село“ - наведува изворот.
„На неколку стотици метри од куќата, Раде држи етно-ресторан и тој сега живее сам во таа куќа, додека остатокот од неговото семејство е во Белград. Жената што ја купила куќата сигурно ќе бара тој под итно да го напушти имотот. Братучедот на Лепа Лукиќ не можеше да ја продаде таа куќа никму, затоа што беше под хипотека. Куќата не е напуштена, но е во многу лоша состојба, тревата во дворот е порасната половина метар, ужас еден“ - заклучил добро информираниот извор.
Лепа Лукиќ,  била шокирана од ова сознание, кога ја побарале новинарите за коментар.
„Леле, дали е тоа вистина? Па, како да биде одземена? Зошто и кој го сторил тоа? Леле, како никој не ми се јавил на мене? Знаете, јас ја пренесов таа куќа на мојот братучед, тој не ме извести за тоа, првпат слушам за ова. Сега ќе му се јавам да проверам дали е тоа точно? Не сакам да верувам дека е вистина“ - рекла пејачката, која повеќе не одговарала на подоцнежните телефонски повици.
Фото: Инстаграм принтскрин/курир.рс/lepa_lukic_official/
]]>

Самоубиството на познатиот ракометар и српски репрезентативец Новак Бошковиќ ја шокираше јавноста (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/samoubistvoto-na-poznatiot-rakometar-i-srpski-reprezentativec-novak-boshkovikj-ja-shokirashe-javnosta-foto/ Tue, 05 Feb 2019 10:47:15 +0000 https://vistina.com.mk/?p=71119

Тој играше за израелскиот клуб Хапоел Ришон и беше среќно оженет со Милица, со која пред неколку месеци доби и ќерка, беше успешен ракометар, бивш репрезентативец на Србија ... Зошто Новак посегна по себа се' уште не е познато, а првите резултати од истрагата укажуваат дека наводно станува збор за коцка.
Трагедијата се случи во неделата, на 3-ти февруари околу девет часот наутро во дворот на неговиот семеен дом во војводинскиот град Црвенка. Како што пишуваат српските медиуми, Новак го зел пиштолот и ја напуштил куќата упатувајќи се кон  градината. Кратко потоа, тој се застрелал во главата и починал на самото место. Еден ден пред самоубиството дошол од Израел во Црвенка.
„Никому не му е јасно што можело да тргне наопаку. Тој имал и сè што сака, успешна кариера, добро заработил, му се исполнила неговата желба да игра за репрезентацијата на Србија, среќен брак, мала ќеркичка... Едвај чекаше да дојде од Израел за го да помине времето со семејството и пријателите. Меѓутоа, еден ден откако пристигна во Црвенка, тој се  самоуби. Никој точно не знае зошто го сторил тоа.
„Некои  споменуваат дека пред трагедијата имал расправија со мајка му и сопругата“ - вели извор од соседството на покојниот ракометар, додавајќи дека Новак имал две големи страсти - лов и комар.
„Го критикував  зашто вечерта остана во градот со неговите другари и познаници цела ноќ. Еден ден пред тоа пристигна од Израел. Знам дека беше желен за дружење, но не требеше толку долго да остане“ - изјавила мајката на ракометарот Јела В., додавајќи дека таа потоа отишла кај нејзината ќерка, но дека снаата набргу потоа и се јавила  со зборовите: "Новак отиде да се убие".
Мајката на сопругата на Новак истрчала по него и се обидела да му го одземе оружјето, но не успеала. Набргу потоа се слушнал истрел.]]>