семејна хармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 05 Apr 2023 07:43:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png семејна хармонија – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Елена Миленковска преку компаративна фотографија сподели како изгледа пресликана љубов: Некогаш таа и тој, сега нивните деца (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/elena-milenkovska-preku-komparativna-fotografija-spodeli-kako-izgleda-preslikana-lubov-nekogash-taa-i-toj-sega-nivnite-detsa-foto/ Wed, 05 Apr 2023 07:43:38 +0000 https://vistina.com.mk/?p=296626

Пејачката „Гранд“ брачна двојка Елена Миленковска - Гуте Mаринковиќ важат за еден од најскладните парови, чија брак е налик на совршенство, а семејната хармонија ја надополнува онаа музичката. Таква беше нивната љубов уште додека беа момче и девојка во врска и учесници во најпознатото регионално музичко талент шоу, кое ги спои и им ја предодреди не само професионалната, туку и животната судбина. Такви и останаа кога влегоа во брак, а нивната хармонична брачна врска уште повеќе се зацврсти откако како плод на нивната љубов најпрвин дојде синчето Максим, а лани, во месец септември 2022 година, „штркот во нивното семејно гнездо им ја донесе“ и нивната мала принцеза, Миона која ја заокружи убавата целина на нивната љубовна приказна. Гуте и Елена, особено пејачката постојано споделува како изгледа нејзиното мајчинско секојдневие, а со најновата објава ги растопи од убавина следбениците, но и себе си и својот сопруг, евоцирајќи спомени од два вида на различна, но неизмерна љубов. Преку компаративна фотографија Елена сподели како изгледа една пресликана љубов... Некогаш таа и тој, нејзиниот Гуте, а сега нивните деца Максим и Миона во истата фото поза... Еден покрај друг, еден до друг, еден спроти друг... Лице до лице, образ до образ, тело покрај тело... Некогаш нивните, додека Гуте и Елена се' уште беа момче и девојка, сега на нивните две деца, нивните две ангелчиња, пред фотообјективот кој го уловил моментот. Некогаш и сега... Пред 4 години и денес... „Елена и јас како момче и девојка во 2019-тата... Миона и Максим денес, во 2023-та. Колку љубов за само 4 години. А, животот е тек пред нас...“ - споделил Гуте во постот покрај фотографијата  која симболизира една вистинска музичко - љубовна сага, која и Елена ја споделила на својот Инстаграм. Семејна приказна во која главната улога ја имаат љубовта и среќата. Некогаш и сега! Нека биде така довека! Фото: Инстаграм принтскрин/elenamilenkovskaa    ]]>

Ѓоко Јовиќ е пример за естрадна ѕвезда и среќен семеен човек: Четири дечиња, семејна хармонија и нов хит! (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.vistina.com.mk/gjoko-jovikj-e-primer-za-estradna-dzvezda-i-srekjen-semeen-chovek-chetiri-dechinja-semejna-harmonija-i-nov-hit-foto-video/ Thu, 10 Feb 2022 09:58:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=238457

Пред нешто повеќе од три месеци познатиот македонски пејач Ѓоко Јовиќ и неговата сопруга Ивана по четврти пат се остварија во улога на родители. Тие  го добија синот Дарин, кој сега е најмладиот член во нивното многудетно семејство. Ѓоко кога се роди малиот Дарин напиша дека неговата сопруга е вистински херој, а времето што помина од тогаш е најсреќниот период во нивното семејство. Една насмевка неодамна на тогаш двомесечниот Дарин, на среќниот татко му ја наполни душата, па пејачот моментот го овековечи со фотографија покрај која напиша: „Цели два месеци ја чекав оваа насмевка“! Тие покрај најмалото синче, уште ги имаат и ќерката Теодора и синовите Михаил и Јован, кои се радуваат и помагаат околу нивното братче. Тие живеат вистинска семејна бајка, а колку пејачот ужива во татковството можеме да видиме и од неговиот Инстаграм. Овој пат, откако објави фотографија на која се гушка со еден од своите синови, Јовиќ им ги растопи срцата на своите бројни обожаватели од Македонија и дијаспората,  посебно со емотивната порака што пејачот ја напиша. На фотографијата малиот Јован го бакнува својот татко, а врз фотографијата тој напишал: „Не сум знаел дека човек со бакнеж може да се стопи“, стојат како коментар зборовите на Јовиќ. Најстариот син Михаил пак, очигледно тргнал по стапките на татко му, па музиката уште отсега му голема љубов, хоби, а утре можеби и професија со која ќе го наследи  татка си и ќе го продолжи неговиот пат на успехот. А, има ли поголем идол, поголема инспирација и подобар учител, ако учителот ти е дома. Како функционираат таткото Ѓоко и синот Михаил заедно на музички план, покажаа во кусото музичко  видео клипче, каде синот свири, а таткото пее:
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Gjoko Jovik (@gjokojovik)

Но, кога е песната во прашање, Ѓоко Јовиќ има со што деновиве повторно да се пофали. Неговата нова балада насловена „Пустина“ е веќе излезена, а на неа рабортела веројатно најдобрата авторска двојка во Македонија. Братско - сестринското авторско дуо, композитрот Лазар Цветковски, кој ги направил и аранжманот, снимањето, миксот и мастерингот и неговат сестра, текстописецот Магдалена Ена Цветковска чии се стиховите на песната. Ѓоко Јовиќ истата ја визуелизирал и со одличен видеоспот кој го потпишуваат австралијанците „M16“ од Сиднеј, односно  Беби и Омер. ]]>

Перо – „Камиказа“ има вистинско семејно богатство: Три генерации на едно место, повеќе од причина за славје и еден тон радост (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/pero-kamikaza-ima-vistinsko-semejno-bogatstvo-tri-generacii-na-edno-mesto-povekje-od-prichina-za-slavje-i-eden-ton-radost-foto/ Mon, 26 Oct 2020 08:08:55 +0000 https://vistina.com.mk/?p=172809

Петар Георгиевски - Камиказа, жива легенда... во секој поглед. Од урбана скопска фаца, актерски лик, дел од македонската музичка историја, а последниве години и од спортската, поточно  маратноската атлетска фела. Од времето кога го добил прекарот, преку „Трст виа Скопје“, продукцијата на МРТ и театарот на легендарниот Љубиша Ристиќ во Суботица, рок ен рол сцената и „Меморија“, „КЛС“ и ивент индустријата, па се' до тркачките маратони... Сегде битен човек, важeн штраф, замаец, движечка оска што ги задвижува нештата, кои резултираат со остварувања и резултати. Професионално, но и приватно, како посветен сопруг на неговата животна сопатничка, актерката Даница Георгиевска, среќен татко на две веќе возрасни деца - Христна и Христијан, однеодамна и свекор, белким наскоро, дај Боже и дедо Перо... Но, сите тие професионални достигнувања и остварувања, сета таа семејна хармонија не ќе беше можна и остварлива, да не биле неговите родители, кои и денес се „старите“ или поточно, основните столбови на семејството Георгиевски.  Семејно богатство, со кое ретко кој може да се пофали дека се' уште го има. Чичко Ристо, таткото на Перо славеше роденден, 93-тиот... Повеќе од повод и добра причина, три генерации на семејството да се соберат на едно место... За славје на „денот што го чекаме цела година“  на некогашниот просветен работник и долгогодишен директор на едно скопско основно училиште и за еден тон радост на целото семејство, кое се собра за да му го честита роденденот. Сопругата Христина, со која се близу 70 години заедно, ќерката Мира, синот Перо со снаата Даница, внукот Христијан со сопругата... Недостасуваше само „оправдано отсутната“ внука  Христина. „Богатство... Денес, татко ми наполни 93 години, а со мајка ми се близу 70 заедно. Исклучително горд на тоа што на скоро 60 години,  се' уште сум дете за тато и и мама. Во услови на пандемија, само скромен семеен албум, малку пита, торта и радост еден тон. Да даде  Господ уште долго време да се радуваме на нивната љубов.  И да, за историја не ми требаат разно-разни комисии. Имам жива македонска енциклопедија со бистар ум како на момче“ - напиша Перо во славеничкиот статус на својот Фејсбук профил покрај споделените семејни фотографии  на трите генерации од нивното семејство на прославата на татковиот роденден... ...Со пита, торта, еден тон радост и безброј сеќавања и убави спомени на годините... Дај Боже, нека се множат! ]]>

Кате и Трајче од „Соната“ јавно ја покажаа ќеркичката: Семејството по прошетката – на пауза… за некого за пиење, за некого за спиење! (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/kate-i-trajche-od-sonata-javno-ja-pokazaa-kjerkichkata-semejstvoto-po-proshetkata-na-pauza-za-nekogo-za-pienje-za-nekogo-za-spienje-foto/ Tue, 22 Oct 2019 08:16:06 +0000 https://vistina.com.mk/?p=113850

Пејачката и клавијатуристот на велешката фолк група „Соната“, Катерина Брезева и Трајче Бондиков можеби го држеа македонскиот рекорд меѓу естрадните личности со љубовна врска која, замислете, траеше  цели 18 година! Откако беа љубовници речиси две децении, годинава во мај решија да станат и сопружници, па ја направија својата венчавка и семејна веселба, откако невестата беше влезена во осмиот месец на бременоста. Еден месец подоцна откако го го кажаа судбоносното „ДА“, на 24 јуни 2019 да ја добијата својата прва принова. Младите за неполн месец од бракот станаа родители, откако Кате на свет ја донесе малата принцеза, ќеркичката Ана. И како што долго и умешно ја криеја бременоста на пејачката се' до венчавката, така Кате и Трајче од  очите јавноста ја криеја и малечката убавица. Некои велат заради суеверие, с' краја да е,  некој да не ја урочи, други пак, заради тоа што музичката двојка е скромна и не сака многу приватноста јавно да ја експонира...   Како и да е и покрај зголемениот број обврски летово, Кате и Трајче најдоа малку време за себе и своето проширено семејство и секако најновиот член во него, па излегоа на прошетка. Убавото време и продолженото лето се како создадени да се излезе надвор од домот, па брачната двојка и нивната ќеркичка го искористија моментот да се прошетаат и уживаат на убавото време. А, после прошетката време за мала пауза. За некого за спиење, за некого за пиење. Мама - топло кафенце, тато - ладно пивце, а малечката убавица, слатки сништа на отворено во своето креветче на тркалца!  Семејна хармонија во која се' штима како по ноти, а сите тројца - среќни и задоволни!    ]]>