селектор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 23 Nov 2022 12:40:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png селектор – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Ван Гал шокираше во Катар, пред камерите ја повика сопругата на брзински с*кс во хотел (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/video-van-gal-shokirashe-vo-katar-pred-kamerite-ja-povika-soprugata-na-brzinski-s-ks-vo-hotel/ Wed, 23 Nov 2022 12:26:31 +0000 https://vistina.com.mk/?p=277135

На Луј ван Гал му се познати законите во Катар, но знае дека може да прави што сака во хотелска собата. И сака да има секс за време на Мундијалот. Камерите го фатија 71-годишниот селектор на Холандија како и сугерира на сопругата да одат во хотел „на брзинка“ за време на тренинг. Не е познато дали сопругата Трус се согласила, но овој предлог го добила јавно и пред целиот стручен штаб на Холандија. -Но, може да дојдеш во хотелот, да дојдеш во мојата соба. Ајде да се пле*неме“, рекол Ван Гал пред ТВ камерите. ]]>

Пандев го замолчи Милевски по изгубениот меч против Бугарија и тоа без изустен збор преку директна порака на Инстаграм (ФОТО https://arhiva.vistina.com.mk/pandev-go-zamolchi-milevski-po-izgubeniot-mech-protiv-bugarija-i-toa-bez-izusten-zbor-preku-direktna-poraka-na-instagram-foto/ Tue, 27 Sep 2022 06:08:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=268830

Доскорешниот капитен на македонската фудбалска репрезентација, македонската фудбалска легенда која неодамна ја обзнани свпојата фудбалска пензија Горан Пандев, преку социјалните мрежи, поточно преку својот Инстаграм му испрати директна порака на селекторот Благоја Милевски во врска со синоќешниот пораз од Бугарија (0:1). Во објавениот пост Пандев буквално го замолчи Милевски и тоа без изустен збор, споделувајќи само три емотикони со затворен патент на устата кои означуваат: „Замолчи“! Пораката повеќе од јасна иако остана  нејасно дали истата е заради несогласување со изјавата на Милевски дека македонската репрезентација играше добро во ова издание на Лигата на нации и е на прав пат, или можеби штотуку пензионираната фудбалска легенда е „погоден“ од зборовите на селекторот искажани вчеравечер на прес-конференцијата, дека „црвено-жолтите“ пласманот на претходното Европско првенство го изборија со полесни ривали во Д-сегменот, а не низ евро-квалификациите. Инаку, македонската фудбалска репрезентација  учеството во „Лигата на нации 2022“ го заврши на третото место во четвртата група, со биланс од две победи, три пораза и еден нерешен резултат, откако со вчерапшниот пораз и остави простор на Бугарија да не помине и да го освои второто место во групата зад првопласираната Грузија.]]>

Почина Душан Дуда Ивковиќ: Замина уште една кошаркарска легенда https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-dushan-duda-ivkovikj-zamina-ushte-edna-kosharkarska-legenda/ Thu, 16 Sep 2021 08:55:36 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219330

Прославениот кошаркарски тренер Душан Дуда Ивковиќ (78) почина утрово во Белград. Оваа страшна вест ја потврди првиот човек на КК Раднички: „Во шест часот и 50 минути, Душан почина во болница во Белград како резултат на вода во белите дробови и херпес“, ќе изјави Горан Калиниќ кратко за Спорт клуб, додека официјалната вест за причинита за смртта стигна нешто подоцна, а во неа се вели  дека срцето на кошаркарската легенда не издржало. Душан Ивковиќ е роден во Белград на 29 октомври 1943 година. Тој беше еден од најуспешните европски тренери на сите времиња, секако најуспешниот селектор на кошаркарската репрезентација на Југославија на Европските првенства, каде освои медали во Загреб во 1989 година, Рим во 1991 година и Атина во 1995 година. Тој исто така беше селектор на кошаркарската репрезентација на Србија од 2008 до 2013 година, а за тоа време освои сребро на Европското првенство и беше четврти на Светското првенство 2010 година. Тренерската кариера ја заврши во 2016 година. Како кошаркар играше на позицијата бек, а како тренер ги водеше Партизан, Арис, Раднички Белград, Шибеник, Војводина, ПАОК, Панионис, Олимпијакос, АЕК, ЦСКА, Динамо Москва и Анадолу Ефес. Со националниот тим освои три европски златни и едно сребро, едно светско злато, сребро на Олимписките игри и злато на Универзијада. Тој двапати ја освои Евролигата, беше шампион на Купот Радивоје Кораќ, Купот Рајмонд Сапорта, УЛЕБ лигата, беше шампион на Југославија, Грција и Русија со своите клубови, исто така ги освои натпреварите од Купот и Суперкупот во истите земји. фото: Драгана Удовичиќ]]>

Македонија добива нов селектор: Милевски на местото на Ангеловски? https://arhiva.vistina.com.mk/makedonija-dobiva-nov-selektor-milevski-na-mestoto-na-angelovski/ Tue, 22 Jun 2021 12:05:22 +0000 https://vistina.com.mk/?p=207898

Благоја Милевски најверојатно ќе биде новиот селектор на машката фудбалска А репрезентација откако Игор Ангеловски најави дека се повлекува од селекторската позиција по историскиот настап на Македонија на Европското првенство. Извесно е дека Милевски, кој репрезентацијата до 21 година ја предводеше на Европското првенство во Полска во 2017 година, ќе биде решението на Фудбалската федерација на Македонија. -Мојата соработка заврши со федерацијата, им се заблагодарувам на сите за соработката. Мислам дека по ЕУРО кога ќе се намалат емоциите, ќе дадам генерална оценка, беше огромно задоволство да се води Македонија на ЕУРО, изјави Ангеловски по поразот од Холандија. Од репрезентативниот дрес вчера се збогуваа капитенот Горан Пандев, Иван Тричковски и Крсте Велковски.]]>

Се огласи сопругата на селекторот – Тања Ангеловска, која додека тој и македонските фудбалери водеа битка за победа на зелениот терен со Германија, таа водеше битка за живот во борбата со Ковид -19 https://arhiva.vistina.com.mk/se-oglasi-soprugarta-na-selektorot-tanja-angelovska-koja-dodeka-toj-i-makedonskite-fudbaleri-vodea-bitka-za-pobeda-na-zeleniot-teren-so-germanija-taa-vodeshe-bitka-za-zivot-vo-borbata-so-kovid-19/ Fri, 02 Apr 2021 07:17:24 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197215

Фудбалска Македонија ги живее најблескавите моменти во својата репрезентативна историја. Победата во Дуизбург од 1-2  над моќната велесила Германија беше вечер за паметење за сите, но  селекторот  Игор Ангеловски – Мрме  длабоко во себе ја имаше можеби најтешката ноќ. За среќа, обете се завршија добро за нас, за него, но и за неговото семејство. Имено, предводникот на македонската фудбалска репрезентација, кој секако е еден од најзаслужните за блескавите игри на нашите фудбалери, по мечот со Германија откри под каков голем притисок беше низ мартовскиот собир и поради борбата на неговата сопруга со коронавирусот.
Сепак, Ангеловски и покрај се’, допатува во Германија затоа што и момчињата му ветиле дека ќе направат се’ за да победат и за неа… „Што да ви кажам. Не можам ништо посебно, од емоција, од среќа. Знам дека ги направивме сите во Македонија среќни. Дојдов со овие момци тука затоа што ми ветија дека ќе победат“ – рече по натпреварот популарниот Мрме и  додаде  дека сите сите мисли му се во Македонија. „Мојата сопруга лежеше во болница поради Ковид-19. За среќа, сега е подобро. Децата ми даваат поддршка, им благодарам на сите. Што да кажам повеќе, единствено да заплачам“ – истакна нашиот селектор кој на прес-конференцијата победата ја посвети на сопругата, која се бори со Ковид-19. Вчера пак  на социјалните мрежи се огласи и Тања Ангеловска, сопругата на Игор Ангеловски која на својот Фејсбук профил му честиташе на целиот тим, на сите играчи, стручниот штаб, лекарската екипа, а најмногу на својот сопруг, опишувајќи ја „своевидната драма“ која се случувала последните денови и тешките моментите кога таа се борела со коронавирусот , а нејзиниот сопруг, селекторот Ангеловски, требал да донесе тешка одлука: Да остане или да замине на пат за Германија? „Сакам да Ви честитам за победата над четирикратниот светски првак Германија. Две децении без пораз, а таа серија токму МАКЕДОНИЈА да ја прекине РЕСПЕКТ. Во овие Квалификации постигнати 9 голааа СЕКОЈА ЧЕСТ. Честитки до Стручниот штаб, медицинскиот тим и техничкиот персонал на А селекцијата, сите фудбалери на А селекцијата. Некои од нив за овие 5 години пораснаа во очите на Игор Ангеловски од голобради момчиња станаа мажи, татковци за прв пат горди и одважни свесни за уникатноста на нивните карактери. Сите овие момци се предводени од капитенот ГОРАН ПАНДЕВ, марк антна фигура, далеку пред своето време. Никогаш нема да ги заборавам овие Квалификации и периодот низ кој поминував заедно си моето семејство. …неканет гостин кој ви го зема здивот. Се' уште ми одѕунуваат зборовите на мојот сопруг, вечерта кога во полусвесна состојба ги добив резултатите од снимката на белите дробови и крвните анализи. „КАДЕ СИ ТРГНАЛА МАЛЕЧКА, ЈАС СЕ' УШТЕ НЕ СУМ ЗАВРШИЛ СО ТЕБЕ”?! Ти благодарам за секој миг поминат заедно со тебе и нашите деца, разбирање и поддршка, без оглед на се'. Благодарам за тоа што ја сакаш мајката на твоите деца. Имајте мирно небо и здрави и живи вратете се дома“ - порача преку Фејсбук порака во тие мигови Тања Ангеловска, која се' уште се опоравува од Ковид -19.  
   ]]>

Игор Ангеловски: Целта е да ја поминеме групата и да направиме ново изненадување https://arhiva.vistina.com.mk/igor-angelovski-celta-e-da-ja-pomineme-grupata-i-da-napravime-novo-iznenaduvanje/ Mon, 22 Feb 2021 13:59:09 +0000 https://vistina.com.mk/?p=190893

Фудбалската репрезентација на Македонија ќе биде дел од Европското првенство што ќе се игра од 11 јуни до 11 јули оваа година во 12 града ширум Европа. Нашата репрезентација е во групата Ц групата заедно со селекциите на Холандија, Украина и Австрија. Првиот меч на нашиот национален тим, кој воедно е единствениот дебитан на ЕП, го игра во Букурешт на 13 јуни против Австрија, а на 17 јуни исто така во овој град противник ќе ни биде Украина. Последниот дуел од групата го играме против Холандија на 21 јуни во Амстердам. Разговаравме со еден од творците на овој голем успех е селекторот Игор Ангеловски. На почетокот на неговиот мандат сите мислеа дека никој не може да ја „оправи“ работата во фудбалската селекција. По „македонски рецепт“ сите повторно мислеа дека ќе биде уште еден во редот. Најави дека ќе се обиде да направи селекција по свој вкус што ќе игра офанзивен фудбал, ќе се надигрува со секој ривал и нема да се плаши од „големите“. И тоа му успеа за разлика од негови претходници. Имаше храброст да им даде веднаш шанса и на дел од „златните момчиња“ од У21 тимот кој се пласираше на ЕП во Полска заедно во комбинација со поискусните на чело со капитенот Горан Пандев. Создаде одлична хемија и атмосфера во селекцијата, неверојатно заедништво и почнаа резултатите, а кулминираше на 12.11.2020 година по историската победа над Грузија од 1-0 и првиот пласман на нашата репрезентација на едно големо натпреварување како што е ЕП. Господине Ангеловски пред денешниот разговор честитки за новото признание и награда која пристигна од Агенцијата за млади и спорт каде бевте прогласени за тренер на годината за 2020 година. Ангеловски: Благодарам на честитките. Искрено признанијата и наградите годат и се како потврда за трудот и работата  што сте ја работеле и успешно сте ја завршиле. Особено за мене значи што јавноста го кажа за мојот труд и се работи што не се купуваат со пари и немаат цена. Посебна сатисфакција е тоа што сум успеал да ја добијам нацијата, нивната поддршка како и институциите кои што ги доделуваат тие награди. На што се должи овој неверојатен успех кој го направивте и која беше добитната формула за пласман на ЕП ? Ангеловски: Во неколку наврати реков дека најзаслужни се фудбалерите. Јас само направив нешто во репрезентацијата, а тоа е чесно да се работи во селекцијата, да играат најдобрите во моментот што сметаме ние како стручен штаб, да има едно големо почитување во неа и да му покажеме на нашиот народ дека влегуваме сплотени на секој меч. Репрезентацијата ја презедов во една многу тешка ситуација, точно пред пет години. На мојот прв натпревар како селектор против Црна Гора на Градскиот стадион во Скопје или Арена Тодор Проески имаше 70 или 80 гледачи максимум, што говори во тој момент каков бил интересот за селекцијата. Мојот прв работен ден како селектор прво што направив заминав за Џенова за да поразговарам со Горан Пандев кој до тогаш не настапуваше за националниот тим цели две години поради некои работи во работата на Федерацијата во тоа време. Отидов и му го кажав моето видување и дека треба да се врати. Од таа гледна точка по пет години се покажа како вистински потег и заедно со сите останати фудбалери изградивме култ на репрезентацијата. Сите сега не’ поддржуваат и се восхитуваат не само на начинот на кој ги играме натпреварите, туку и на начинот на кој функционираме како едно семејство, како браќа. Така на сите им се спротивставувавме, на секој противник и стигнавме до крајната цел, а тоа е пласман на едно големо натпреварување како што е ЕП, што беше сон на многу генерации. Долго време сум во фудбалот и сум ја следел селекцијата на сите натпреваро почнувајќи од првиот на домашен терен против Словенија, сон им било на сите да се пласираат, но само оваа група играчи успеа на што сме посебно горди. Пак се навраќаме на ноќта во Тбилиси и решавачкиот меч со Грузија. Што помисливте и што Ви помина низ глава пред самиот крај на натпреварот ? Ангеловски: Интересна игра на бројки. На 12.11.2015 година беше моето деби со Црна Гора кое го добивме со 4:1 пред некои 80 гледачи на стадионот во Скопје. На 12.11.2020  година натпревар со Грузија каде што  Македонија го обезбеди пласманот на ЕП, датум кој вечно ќе биде впишан не само во мојот живот туку и во аналите на македонскиот фудбал како датум на кој како држава за прв пат изборивме пласман на едно големо натпреварување во фудбал. Во тој момент не само во самиот финиш, туку и во текот на целиот меч бев максимално скоцентриран, особено кога го отворивме резултатот. Како да бидат извршени измените, да ја неутрализираме нивната игра, каде успеавме во тоа. Не шутнаа на голот, ние имавме посед на топката, имавме игра и две изворедни шанси. Моите совети тогаш беа да не се превзема безпотребен ризик и максимално да бидеме фокусирани на секој дел од теренот, да одиграме уште поголем пресинг на противничката половина за да ги натераме Грузијците на панични исфрлања. На крајот последниот судиски свиреж и дојде големото славје, не само во Грузија туку веднаш под трибинете видовме што се случува и во Македонија. Кога зборувам солзи радосници ми навираат во очи, бидејќи нашиот народ знае да се радува, а токму ние бевме тие што им ја приредивме таа голема и неизмерна радост. Цел живот ќе го паметам тој момент. На Европското првенство Македонија е во група со Австрија, Украина и Холандија. Дали нашата репрезентација има шанси против овие селекции? Ангеловски: Станува збор за квалитетни репрезентации. Имавме можност во претходните квалификации да играме со Австрија и знаете како поминавме. За Холандија пак не сакам да трошам зборови фудбалска велесила, додека Украина е една селекција која е во огромен подем. Тие се квалитетни, но и ние имаме квалитет на кој се гордееме. Јас не можам да ветам дека ќе бидеме европски шампиони, но можам со сигурност да ветам дека како игравме досега така ќе биде и на Европското првенство. Јас пред пет години како селектор поставив една цел за која многумина во тој момент и со потсмев ја гледаа, а тоа е пласман на Европско. Без разлика на се, во овој момент никој не бара од мене ништо, туку јас како Игор Ангеловски поставувам за цел да ја поминеме групата. Од фудбалерите ќе барам тоа што досега во правевме во овие изминати пет години истото да биде и на самиот шампионат каде ќе одиме од натпревар во натпревар. Од 15- ти до 17 февруари организиравте мини камп на кој беа повикани фудбалери од домашниот шампионат и неколку интернационалци. Колку сте задоволни од прикажаното на потенцијалните кандидати за националниот дрес? Ангеловски: Правилото на ФИФА кое сега е на сила е дека клубовите во мартовскиот собир да не им дозволат на фудбалерите да пристигнат во зависност од Ковид ситуацијата поради карантиот по враќањето во матичните земји каде настапуваат, клубот може и да не го пушти фудбалерот да настапи за репрезентацијата. Навистина проблем затоа што на две недели пред собирот нема да знаеме на кого ќе може да сметаме. Се ќе зависи не само од клубовите, туку и од земјте каде мерките поради пандемијата се менуваат од ден за ден. Од таа причина организирав мини камп кој траеше три дена и еден тренинг натпревар со скопски Работнички на кој фудбалерите кои што беа повикани имаа можност да се запознаат со методите и работата во репрезентацијата како и ние да ги запознаеме нивните квалитети. Може слободно да кажам дека имаме потенцијал кој може да го искористиме во зависнот од потребите во националниот тим во зависност од моменталната ситуација. Фудбалерите кои беа дел од кампот беа 95 проценти од домашното првенство, неколку интернационалци на кои клубовите им дозволија да дојдат бидејќи не беше редовен термин на ФИФА. Каков е планот на подготовките пред Европското Првенство ? Ангеловски: Планот за подготовките пред ЕП комплетно е разработен. Собирот е на 25 мај, додека на 29 мај е предвидена контролна пријателска средба со Словенија која ќе биде единствениот тест пред шампионатот дуел кој ќе се одигра во Скопје. Мечот го играме на домашен терен пред се поради фактот дека ова за нас ќе биде прво учество на големо натпреварување. Сакам репрезентацијата да биде дома блиску до навивачите, до Вас медиумите за да имате можност да известувате за текот на подготовките и сите заеднички да направиме една позитивна атмосфера, сите заеднички да отидеме на тоа ЕП каде ќе настапиме. Потребна поддршка ќе ни треба од целата јавност и како и од Вас медиумите. Ако сите така сплотени отидеме таму, шансите за добар резултат се далеку поголеми. Токму поради тоа решив комплетните подготовки да ги одработиме во нашиот главен град. Се одлучив за Словенија затоа што е квалитетна репрезентација и е одбрана за противник од причина што нивниот начин на игра наликува на австрискиот и украинскиот. Во меѓувреме во март ќе стартуваат и квалификациите за пласман на СП 2022 година во Катар каде ќе имаме два екстра силни натпревари со Романија и Германија во гости. Четири години сме заедно, костурот е тој и нема потреба од дополнителни тактички воигрувања. Нормално и да избегнеме непотребни евентуални повреди пред ЕП. На 8 јуни веќе селиме во Букурешт во нашата нова база каде ќе имаме период на аклиматизација и каде ќе тренираме се до премиерниот меч на 13 јуни против Австрија. Во овие пет години како што сте селектор кој натпревар ќе ви остане во длабоко сеќавање, а кој пораз најтешко ви падна? Ангеловски: Натпреварот во Грузија сите ќе го паметиме, нема дилема. Од останатите средби од тренерски аспект најмногу ме израдува мечот во Торино против Италија, дуел против фудбалска велесила репрезентација која на свој терен мораше да победи, затоа што во тој момент беше во трка со Шпанија за пласман на СП. Одигравме 1-1, се спротивставивме со игра и квалитет и ако добро се сеќавам во второто полувреме на тој меч домаќините на нивен терен немаа ниту еден удар кон нашиот гол. Пораз кој најтешко ми падна е токму против истиот противник Италија, но во Скопје каде ги надигравме, а крајот во самиот финиш бевме поразени. Вашиот договор го продолживте со Фудбалската Федерација на Македонија. Ангеловски: Што се однесува до мојот договор тој веќе е продолжен. Уште тогаш реков дека нема да поставувам услови и мојот личен интерес го оставам на страна и во преден план е националниот. Максимално бев посветен на својата работа и професионално си ги извршував своите задачи. Тој е со важност од шест месеци или поточно до 31.07.2021 година и за секој детаљ од договорот сум подготвен да одговорам. Во март оваа година стартува нов квалификациски циклус за пласман на СП 2022 во Катар. Какви се шансите на Македонија во конкуренција на Германија, Романија, Исланд, Ерменија и Лихтенштајн? Ангеловски: Во оваа група каде се наоѓаме ние Германија е голем фаворит, без конкуренција. Таа буквално е фудбалски тешкаш да се изразам во боксерски жаргон. Со сите останати репрезентации може да играме и да се вклучиме во борбата за второто место во групата. Романија би ја издвоил како една квалитетна селекција со која ги стартуваме квалификациите која заедно со Исланд е кандидат за второто место. Стартуваме на нивен терен каде ќе го покажеме сиот свој квалитет. Продолжуваме со Лихтенштајн на домашен терен, а завршуваме во мартовскиот циклус со Германија пак во гости каде за седум дена ќе одиграме три натпревари во еден краток временски интервал. На средбите ќе пристапиме фокусирани максимално затоа што имаат натпреварувачки карактер и носат бодови за пласман на СП, но воедно ќе ги искористиме како една своевидна подготовка пред ЕП. На крајот од нашиот денешен разговор која е Вашата најголема желба пред ЕП ? Ангеловски: На нешто што посебно сум среќен и горд е тоа што мечтаевме сите заедно кога ќе дојде тој ден кога ние како репрезентација облечени во националните дресови ќе бидеме дел од едно големо натпреварување. Се случи тоа, денот е 13-ти јуни 2021 година.,Ние се пласиравме на Европско првенство. Сигурен сум, а тоа го докажа многу пати македонскиот народ, кој максимално ќе ни ја даде својата поддршка. Силно посакувам оваа пандемиија што поскоро да заврши за да дојдат нашите навивачи во што поголем број на стадионот во Букурешт и во Амстердам. Кога тие се на трибините фудбалерите можат чуда да направат затоа што ја чувствуваат таа енергија. Мора искрено да ви кажам дека мечот со Косово и со Грузија го игравме пред празни трибини, но ја чувствувавме таа енергија во секој момент. Тоа се виде по последниот свиреж против Грузија каде во време на пандемија нашиот народ излезе на улиците во нашата држава и бурно го прослави успехот. Тоа доволно покажува дека Македонија имала голема желба за еден таков успех кој дочека после цели 30 години и тоа под мое водство и фудбалерите кои ги предводам како селектор. Автор: Бошко Тасиќ]]>

Почина кошаркарскиот стратег Марјан Лазовски https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-kosharkarskiot-strateg-marjan-lazovski/ Sat, 19 Dec 2020 14:00:53 +0000 https://vistina.com.mk/?p=181703

Кошаркарска Македонија денеска повторно е завеана во црно, откако на 58-годишна возраст почина Марјан Лазовски, искусен кошаркарски стратег кој беше селектор и на машката и на женската репрезентација. Лазовски ја загуби битката со коронавирусот, во изминатиот период беше сместен во клиниката во Скопје, каде за жал лекарите не успеаја да го спасат неговиот живот. Лазовски тренерската кариера ја почна на клупата на Вардар, долги години беше и асистент во македонската репрезентација, каде во 2012 година доби шанса и како селектор. На клупски план ги водеше и МЗТ Скопје, Амак СП, Пелистер, Торус и Работнички, а последниот ангажман го имаше како селектор на женската кошаркарска репрезентација на Македонија, од 2017 до 2019 година.

Јелена Карлеуша сурово за српскиот селектор: Со брутална порака го запали интернетот https://arhiva.vistina.com.mk/jelena-karleusha-surovo-za-srpskiot-selektor-so-brutalna-poraka-go-zapali-internetot/ Thu, 28 Jun 2018 07:35:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=34983

На Мундијалот српската репрезентација не се прослави, секако, Јелена Карлеуша тоа го осуди на свој начин. Познатата пејачка реагираше бидејќи нејзиниот сопруг Душко Тошиќ синоќа не играше во натпреварот против Бразил во Русија. Тошиќ играше во првите два натпревари, но селекторот Младен Крстајиќ не го стави во составот во вчерашниот дуел. -Така оди тоа кога наместо брутален дефанзивец игра некое дете, напиша Карлеуша на Твитер. Со тоа алудираше на одлуката на селекторот да му укаже шанса на Милош Вељковиќ, наместо на нејзиниот сопруг. ]]>

Голем скандал во хрватската репрезентација: Селекторот го врати дома еден од најдобрите фудбалери поради бизарна причина (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/golem-skandal-vo-hrvatskata-reprezentacija-selektorot-go-vrati-doma-eden-od-najdobrite-fudbaleri-poradi-bizarna-prichina-foto/ Mon, 18 Jun 2018 10:30:28 +0000 https://vistina.com.mk/?p=32971

Атмосферата во хрватската репрезентација е малку нарушена и покрај рутинската победа над Нигерија на почетокот на Светското првенство. Хрватските медиуми објавија дека селекторот Златко Далиќ го отстранил од националниот тим Никола Калиниќ. Оваа одлука на селекторот е резултат на одбивањето на Калиниќ да влезе во игра пет минути пред крајот на натпреварот со Нигерија. – Златко Далиќ по натпреварот со Нигерија изјави дека нема повредени играчи, туку постојат само неколку мали „проблемчиња“. Тешко дека одбивањето на Калиниќ да влезе во игра може да се нарече „проблемчиња“, пишуваат хрватските медиуми. Селектор Далиќ не сакаше да коментира за овој настан и се очекува својот став да го соопшти попладне на прес-конференција. извор:курир.мк]]>