секција на фризери-скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Mon, 06 Nov 2023 13:10:25 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png секција на фризери-скопје – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 „Movembеr бербер шоу“: Актери, спортисти и поп ѕвезди ќе седнат на берберски столици за подигнување на свеста за машкото здравје https://arhiva.vistina.com.mk/movember-berber-shou-akteri-sportisti-i-pop-zvezdi-ke-sednat-na-berberski-stolitsi-za-podignuvane-na-svesta-za-mashkoto-zdravje/ Mon, 06 Nov 2023 13:09:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=325622

Во организација на Фризерската секцијата - Скопје при Занаетчиската комора и Скопје Сити Мол, традиционално на 12 ноември ќе биде организирано големо „Бербер шоу“ со што ќе се одбележи движењето „Моември“. Настанот ќе трае од 12 до 17 часот. Ноември е месец посветен на машкото здравје, каде преку машкиот симбол - брадата и мустаќите се степенува важноста на здравјето кај мажите и се позачестената појава на ракот на простата и на тестисите, машкото самоубиство и депресијата. Фризерската секцијата - Скопје и Скопје Сити Мол и  оваа година се приклучува кон светското одбележување на „Моември“, каде насекаде низ светот се организираат популарни настани, кои покрај забавниот карактер имаат за цел да ја информираат и едуцираат машката популација. Моември е годишен настан, кој меѓу другото вклучува и растење на мустаќи во текот на месец ноември за да се подигне свеста за здравствените проблеми со кои се соочуваат мажите. Неопходна е промена за претставата на машкото здравје, преку различен тип активности. Треба да ги потикнеме на поголема физичка активност со што се подобрува и ментално здравје. Секој маж треба да стекне навика за редовна посета на уролог. Карциномот на простата е втора најчеста причина за смртност кај мажите низ целиот свет и доколку се детектира навреме, може да се намали бројот на смртни случаи. Затоа и организираме настан од забавен карактер, како би допреле полесно до пошироката популација на нашите сограѓани“, велат организаторите на настанот. Настанот ќе го модерира познатото актерско дуо Тино и Атанас и ќе се случува на приземјето од Скопје Сити Мол, каде на сцена ќе бидат поставени четири берберски столици. Мустаќите и брадата се симбол на движењето Моември. Па затоа, повеќе од 50-тина машки бербери од цела Македонија, вклучувајќи и неколку жени бербери ќе им ги стилизираат мустаќите и брадите на повеќе машки модели. На настанот ќе земат учество и учениците од средните стручни училишта „Димитар Влахов“ и „Шаип Јусуф“ од Скопје, кои ќе ги претстават стекнатите вештини на живи модели. Меѓу другите, на берберските столици ќе седнат и познатите актери од тв серијата „Преспав“,  Игор Ангелов и Дритон Вејсели, музичарот од позната поп група ДНК, Владимир Блажев – Панчо, националниот рекордер во пливање Мартин Стефановски и други јавни личности, со цел да се покрене свеста за машкото здравје. Членовите на Веспа клубот „Весписти Скопје“ го потврдија своето присуство на настанот, како и мотоциклистите од Христијанска мото асоцијација – CMA Macedonia. На посебна локација предвиден е засебен дел „Барбер корнер“, каде, секој заинтересиран посетител ќе може да добие бесплатна услуга, потстрижување и стилизирање на мустаќи и брада и наедно ќе може да ги испроба најновите козметички производи за нега. Настанот ќе биде заокружен со доделување на награди на сите учесници и бербери.      ]]>