сексуладна самодоверба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 13 Jul 2021 12:16:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сексуладна самодоверба – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Пандемијата имаше големо влијание дури и врз сексуалната самодоверба. Овие 3 чекори можат да ви помогнат https://arhiva.vistina.com.mk/pandemijata-imashe-golemo-vlijanie-duri-i-vrz-seksualnata-samodoverba-ovie-3-chekori-mozat-da-vi-pomognat/ Tue, 13 Jul 2021 12:15:42 +0000 https://vistina.com.mk/?p=210906

Пред да сакате да бидете интимни со некој друг, фокусирајте се на интимноста со сами себе. Колку повеќе го запознавате вашето тело, толку посигурни ќе се чувствувате за време на сексуалниот однос со партнерот. Според новото истражување на Рилејт, секој четврт човек кој бил сам подолго време се чувствува како "без пракса" во спалната соба, а тоа исто така се должи и на пандемијата. Изгледа дека сепак ситуацијата со корона вирусот имаше влијание и на сексуалната самодоверба и искуство. Истото истражување открива дека 13%од испитаниците сè уште не се подготвени за некаков вид на итимност. Неил Вилки, основачот на платформата за терапија The Relationship Paradigm објаснува дека полека се одвикнуваме од изолираниот и виртуелен живот кој го живеевме во изминатата година. - За време на пандемијата дојде до повлекување во сигурен и приватен свет на интернетската порнографија, како и можноста за воспоставување на сексуална врска на интернет. Сега за некои иднината може да претставува застрашувачка опција. Многумина се прашуваат: "Дали ќе ни биде убаво во живо? Што мислат за мене? Како изгледам гола?" Тоа се само дел од грижите кои луѓето ги имаат сега. Но, физичката поврзаност е исклучително важна за нашата благосостојба - ни овозможува изграда на длабоки, важни и долгорочни врски.

1. Запомнете дека не сте сами

Прво треба да се потсетите дека се наоѓате во иста позиција како многу други. Не сте единствени кои биле изолирани во изминатата година, па доколку се чувствувате неискусни во спалната соба тоа е нормално чувство.

2. Повторно откријте ги работите кои ги сакате

Пред да посакате интимен однос со други, бидете интимни сами со себе. Важно е луѓето да се поврзат со сопственото тело и да ги слушаат барањата на истото. На тој начин самодовербата ќе се врати и потоа полесно ќе можете да го поделите просторот со друга личност.

3. Запознајте го непознатото

Некои луѓе за првпат поради пандемијата поминале речиси 18 месеци без секс. Тоа е сосема нормално и не се плашете што би можело да се случи. Нашиот мозок е могу моќна алатка и колку повеќе размислувате за нешто, толку полошо за вас. Не им давајте моќ на вашите стравови. извор: точка.мк ]]>