сексуално задоволство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Wed, 24 Jan 2024 12:43:31 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сексуално задоволство – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Марија Луиса Тодоровска остана „(електро)шокирана“: EВН и скрати од бакшишот, ама не и од сексуалното задоволство (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/marija-luisa-todorovska-ostana-elektro-shokirana-evn-i-skrati-od-bakshishot-ama-ne-i-od-seksualnoto-zadovolstvo-foto/ Wed, 24 Jan 2024 10:44:04 +0000 https://vistina.com.mk/?p=336011

Македонската пејачка Марија Луиса Тодоровска  откако добро се „нафатира“ за Новогодишните празници и деновите потоа, целокупното заработено материјално добро реши да го складира во посебна кутија... За рози! Зашто нивниот мирис Марија го обожава... Навика стекната на работа во кафеана! Арно ама, како што е редот, секогаш мора да има некое непишано правило, некој ѓавол кој ќе ти го поремети раатот, па така и на пејачката се најде некој што непланирано и чепна во кутијата без да ја праша за да и набере понекоја „роза од букетот“! Ова и тоа како ја изнервира битолчанката со скопска адреса, која повеќето од денот го преспива, а ноќта заради природата на работата ионака не е дома. Имено, иако власта и ЕВН најавија поевтина струја и помали сметки, но пејачката кога ја доби последната сметка за потрошена електрична енергија, доби алергија. Сумата беше со таков  квантен скок, кој кај Марија Луиса предизвика „електрошок“! Откако онака шокирана и накострешена малку се присобра, зашто ЕВН решил „да ја изгаси“, фолкерката беше решена  да не им премолчи! Мобилниот врака и ја фотографираше сметката која ја сподели на своите  Инстаграм  приказни, на кои реши струјаџиите да ги казни со тоа што јавно ги прозва и им се закани: „Алооооо ЕВН, дали сте нормални јас сама да потрошам толку струја не е реално“ - ги прозва и вербално оние што се обидо да и „брцнат во џебот“  и безобразно да и чепнат од заработката на Марија Луиса Тодоровска. Сепак, сексапилната убавица реши уште еднаш да се преиспита за да утврди кој уред најмногу и троши?! Кој од домашните апарати е најголем потрошувач, па тргна од чиста логика дека најмногу би требало да троши оној уред, кој најмногу го употребува. Марија не е по готвењето, па секако не е шпоретот, фрижидерот не е голем потрошувач, бојлерот можеби, ама не во толкави количини... И тогаш и текна! Она што најмногу го користи од сите можни уреди е нејзината замена кога маж и недостига. Неговата замена во вид на играчка за слатки задоволства во секоја прилика и секое ќоше, нејзиниот силиконски пријател кого си го вика Тоше! Но  Марија Луиса само што помисли, веднаш сфати дека попусто се расфрла со „грешни мисли“  за сметка на нејзиниот најдобар силиконски „интимен пријател“, кога тој всушност струја и не користи, туку своите „неограничени можности“ ги напојува со батерии! Така што  EВН на Марија Луиса можеби и скрати од бакшишот, ама не и од она најслаткото, сексуалното задоволство! Фото: Инстаграм/luisa.todorovska    ]]>

Истражување: Канабисот го зголемува сексуалното задоволство кај жените https://arhiva.vistina.com.mk/istrazuvanje-kanabisot-go-zgolemuva-seksualnoto-zadovolstvo-kaj-zenite/ Tue, 07 May 2019 13:45:13 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86472

Жените кои користеле канабис непосредно пред секс имале зголемено либидо и подобри оргазми, покажа неодамна спроведено истражување, објавено во списанието „Секшуал Медесин“. Студијата покажала дека жените кои користеле марихуана пред секс двојно повеќе имале интензивни оргазми во однос на оние кои не користеле канабис. Исто така, жените кои редовно земаат марихуана имаат двојно поголема шанса за подобар оргазам во однос на оние кои само повремено користат. Со студијата биле опфатени 373 жени во медицинскиот центар во Сент Луис. Вкупно 127 жени или 34 отсто пријавиле дека користеле марихуана пред сексуалните активности. Сепак, истражувачите посочуваат дека се уште не е спроведен адекватен број истражувања кои би го разгледувале влијанието на марихуаната на сексуалното здравје и покрај фактот што канабисот дејствува на канабиноидниот рецептор во мозокот кој непосредно е поврзан со сексуалната функција. Студијата, спроведена под водство на доктор Беки Лин од Медицинскиот факултет во Сент Луис, се фокусирала на врската меѓу канабисот и задоволството на жената од нивниот сексуален живот, сексуален нагон, оргазми и болка за време на односите. Вкупно 197 жени опфатени со студијата, или 52 отсто, воопшто не користеле канабис. Преостанатите 49 жени или 13 отсто, користеле марихуана, но не го направиле тоа пред секс. извор: Миа]]>