сексуално активни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Tue, 14 Sep 2021 12:37:17 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сексуално активни – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Зошто е добро да бидете сексуално активни и по 50-тата година? https://arhiva.vistina.com.mk/zoshto-e-dobro-da-bidete-seksualno-aktivni-i-po-50-tata-godina/ Tue, 14 Sep 2021 13:30:30 +0000 https://vistina.com.mk/?p=219109

Сексуално активните луѓе повозрасни од 50 години имаат подобра меморија, односно способност за помнење, според ново истражување објавено во стручното списание Archives посветено на сексуалноста. Марк Ален, професор на Факултетот за психологија при Универзитетот на Волонгонг, Австралија, го спроведе истражувањето на 6.016 лица, сите постари од 50 години. Податоците собрани во 2012 и 2014 година испитале 2.672 мажи и 3.344 жени во повеќе гледишта од нивниот живот, вклучувајќи го тука здравјето, исхраната и сексуалната дејност. „Ова посочува дека краткотрајно, честиот секс може да има позитивно влијание врз помнењето“, посочува написот. Споредувајќи два теста над истите луѓе од 2012 и 2014 година, д-р Ален дојде до заклучок дека иако сите повозрасни покажале знаци на губење на меморијата, оние луѓе со почести интимни врски се покажале како подобри на тестовите за помнење. Сепак, замислата дека зголемената сексуална активност може да го забави губењето на меморијата на долг рок, нема поткрепа. „Овие наоди се засновани на експериментални истражувања кои покажаа дека сексуалната активност ја подобрува епизодната меморија и кај животните што се различни од луѓето“, се вели во трудот. И друго истражување спроведено од Универзитетот „Мекгил“ во Канада, 2016 година, посочува дека жените кои имаат повеќе секс, имаат подобро помнење. Истражувачите откриле сооднос меѓу растот на хипокампусот – делот од мозокот што ги контролира емоциите, меморијата, нервниот систем и сексот. извор: кајгана.мк]]>

Што се случува кога ќе престанете да бидете сексуално активни? https://arhiva.vistina.com.mk/shto-se-sluchuva-koga-kje-prestanete-da-bidete-seksualno-aktivni/ Thu, 09 May 2019 11:35:57 +0000 https://vistina.com.mk/?p=86962

Ќе се чувствувате вознемирено. Сексот им помага на луѓето да се справат со стресот подобро. Шкотски истражувачи откриле дека луѓето кои се воздржуваат од полов живот се вознемирини како целина. За време на секс во мозокот настануваат различни хемиски реакции, се лачат хормони како ендорфин и окситоцин, кои му помагаат на човекот да се чувствува спокоен. Мажите треба да се проверуваат за рак на простата. Мажите кои не практикуваат секс, може да се здобијат со рак на простата. Според истражувањето на Американската уролошка асоцијација, ризикот од овој рак е за 20% поголем кај мажите кои се воздржуваат од љубовни милувања. Една од причините? Честата ејакулација може да ги исчисти потенцијално штетните материи од простатата. Ќе станете поподложни на настинки и на грип. Реткиот секс или недостатокот може да ве направи полесна мета за микробите. Многу истражувања докажуваат дека редовниот секс делува како имуностимуланс. Истражувачите од Универзитетот во Пенсилванија откриле дека луѓето кои имаат секс еднаш или двапати неделно се до 30% со подобар имунолошки систем, во споредба со оние кои имаат секс поретко или никогаш. Ќе почнете да се чувствувате несигурни во врската (ако сте во таква). Сексот влијае врз вашата среќа, чувството за близина со партнерот и безбедност во односите, тврдат експертите. Односот/бракот без сексуален живот може да ја погоди самодовербата на секој од партнерите, да расее чувство на вина, да се појават стравови и сомневања за изневери и др. Ризикот од еректилна дисфункција кај мажите се зголемува. Мажите кои немаат редовен секс се до двапати поризична група за развој на еректилна дисфункција, во споредба со мажите кои се радуваат на љубовни милувања барем еднаш неделно. Според авторите на едно американско истражување, пенисот е мускул, кој исто така сака физичка стимулација, за да остане во форма, слично на другите мускули во телото. Може да се чувствувате потиснати без причина. Жените се чувствуваат депресивни, ако долго време немаат секс, се тврди во истражувањето на списанието “Archives Of Sexual Behavior”. Екипата на студијата утврдила дека одредени соединенија, откриени во семената течност, вклучувајќи мелатонин, серотонин и окситоцин, можат да имаат однос кон зголемувањето на расположението после сексуален однос. извор: точка.мк]]>