сексот и градот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk Се друго е... Thu, 30 Nov 2023 10:37:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.6.1 https://arhiva.vistina.com.mk/wp-content/uploads/2018/06/cropped-Vistina_favicon-32x32.png сексот и градот – Вистина.мк https://arhiva.vistina.com.mk 32 32 Почина актерката Френсис Стернхаген која ја паметиме по улогата во „Сексот и градот“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-akterkata-frensis-sternhagen-koja-ja-pametime-po-ulogata-vo-seksot-i-gradot/ Thu, 30 Nov 2023 10:37:52 +0000 https://vistina.com.mk/?p=329298

Актерката од „Сексот и градот“ Френсис Стернхаген почина на 93 години. Според нејзиното семејство, Френсис починала мирно од природна смрт. Нејзините најблиски кусо рекоа: „Нејзината љубов кон животот ќе продолжи да не инспирира.“ Стернхаген беше најпозната по улогата на свекрвата на Шарлот Јорк, Зек Мекдугал, во „Сексот и градот“ од 2000 до 2002 година. фото: printscreen You Tube/ SEX AND THE CITY 𝓐𝓻𝓬𝓱𝓲𝓿𝓮𝓼]]>

Фановите на „Сексот и градот“ ја бараат Саманта назад, а овој лик не сакаат да го гледаат https://arhiva.vistina.com.mk/fanovite-na-seksot-i-gradot-ja-baraat-samanta-nazad-a-ovoj-lik-ne-sakaat-da-go-gledaat/ Fri, 01 Sep 2023 09:05:50 +0000 https://vistina.com.mk/?p=316296

И покрај негативните критики, „Ејч-би-о макс“ ја потврди третата сезона од серијата „И едноставно така…“ („And Just Like That…“). За продолжението на „Сексот и градот“ на интернет има многу коментари. Има гледачи кои со нетрпение ги очекуваат новите епизоди, но и многумина со совети за сценаристите и за подобрување на серијата. Така, Че – небинарниот лик е најчестата „цел за отстрел“. Се добива впечаток дека сите претпочитаат исфрлање на оваа личност со неодреден род (или пол) од приказната, на сметка на враќањето на Саманта – ѕвездата на „Сексот и градот“, како што се викаше оваа серија во 90-тите. „Може ли да се ослободиме од Че?“, „Се надевам дека Саманта ќе се врати целосно“, „Ве молам, Че – не“, „Че го уништува шоуто“, „Повеќе Лиза, помалку Че“, „Во третата сезона, Ејдан и Кери нека бидат заедно“, „Обидете се да ги натерате Миранда и Стив да го поправат својот брак“ – гласат дел од коментарите. Деновиве завршува втората сезона. Продуцентот Мајкл Патрик Кинг го потврди снимањето на новата сезона од серијата. (МИА) фото:Инстаграм принтскрин]]>

Сара Џесика Паркер откри зошто не сакала да снима 18+ сцени во „Сексот и градот“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/sara-dhesika-parker-otkri-zoshto-ne-sakala-da-snima-18-stseni-vo-seksot-i-gradot-video/ Tue, 04 Jul 2023 07:57:03 +0000 https://vistina.com.mk/?p=308763

Фановите на хит серијата Сексот и градот многу добро знаат дека на почетокот на серијата сите актерки во еден момент се соблекоа - освен Сара Џесика Паркер. Ѕвездата на серијата во неодамнешното интервју со Хауард Стерн објасни зошто одбила. Таа откри дека на почетокот се двоумела дали да го потпише договорот бидејќи не сакала да снима голи сцени. „Мислев дека сценариото е навистина интересно, возбудливо, различно и свежо и никогаш не сум видела нешто слично“, рече таа. „Мојата единствена грижа беше што едноставно не се чувствував удобно гола и се сомневав дека ќе биде дел од серијата иако не беше во пилотот“, додаде таа. Таа потоа изјави дека креаторот на серијата Дарен Стар и рекол: „Тогаш немој да го правиш тоа. Ќе имаме други актери, ако им е удобно да го прават тоа, тие ќе го направат тоа, но ти не мораш“. Мислам дека никогаш не сум се чувствувала удобно да се изложувам на тој начин“, рече таа и појасни дека не сака да снима такви сцени бидејќи е срамежлива. „Никогаш не сум осудил некој што го прави тоа. Не беше прашање на морал“, заклучи таа. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Саманта не сакала ни очи да им види на колешките за снимањето на продолжението на „Сексот и градот“ (видео) https://arhiva.vistina.com.mk/samanta-ne-sakala-ni-ochi-da-im-vidi-na-koleshkite-za-snimaneto-na-prodolzhenieto-na-sksot-i-gradot-video/ Tue, 06 Jun 2023 07:52:33 +0000 https://vistina.com.mk/?p=305047

Ким Катрал повторно ќе се појави во улогата на познатата и омилена Саманта Џоунс, во спин-оф серијата „And Just Like That…“, иако се зборува дека е во кавга со ѕвездата на остварувањето, Сара Џесика Паркер. Како што наведуваат странските медиуми, Саманта овојпат ќе одигра кратка, епизодна улога на самиот крај на втората сезона, а во завршната сцена ќе има контакт со Кери Бредшо, но само преку телефон. Познато е дека Катрал не сакала да го снима продолжението на серијата поради лошиот однос со колешките, особено со Сара Џесика Паркер, но се предомислила, а за продуцентите имала два услова. Првиот бил да не снима со поранешните колешки, а вториот да не го види режисерот Мајкл Патрик Кинг, кој е инаку близок со Паркер. „Ким имала два услова – да не глуми со ниту една од поранешните колешки и да не го види Мајкл“, раскажал извор за „Page Six“. За потсетување, како што пренесе „Variety“, Ким веќе ја снимила својата сцена во март, а во таа прилика не се видела ниту разговарала со Сара Џесика Паркер, Синтија Никсон и Кристин Дејвис. Исто така, сцената била снимена и без режисерот Мајкл Патрик Кинг. Саманта беше дел од првата сезона на серијата, исто така само преку телефон, односно преку текстуалните пораки кои Кери повеќепати ѝ ги испрати, во обид да го поправи нивното пријателство. Втората сезона на „And Just Like That…“ ќе биде премиерно прикажана на 22-ри јуни на платформата „Max“ (HBO Max). фото:Getty Images/Profimedia]]>

Во седмата деценија од животот изгледа сосема поинаку: Ејдан се враќа во животот на Кери Бредшо, дали би го препознале? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/vo-sedmata-decenija-od-zivotot-izgleda-sosema-poinaku-ejdan-se-vrakja-vo-zivotot-na-keri-bredsho-dali-bi-go-prepoznale-foto/ Fri, 07 Oct 2022 09:49:37 +0000 https://vistina.com.mk/?p=270537

Продолжението на култната серија „Сексот и градот“ разочара многумина, но се чини дека сепак има повеќе кои сакаат уште. Затоа, „And Just Like That“ ќе добие втор дел. Снимањето трае, а само што осамнаа првите фотографии од сетот. Центарот на приказната е, се разбира, Њујорк. Саманта не се враќа ниту овој пат, но затоа тука се Кери, Шарлот, Миранда и некои други ликови кои ги запознавме во последните епизоди. Сара Џесика Паркер, една од главните ликови и извршен продуцент на серијата, откри дека допрва ќе видиме некој што го познаваме од порано. Бидејќи Кери остана без Ѕверката, Ејдан ќе се врати во нејзиниот живот. Ја следевме нивната приказна во втората сезона и се сеќаваме дека заврши неславно, но сега љубовта може да понуди нова шанса. фото:Profimedia/Getty Images]]>

Цел свет го чекаше ова: Саманта конечно призна зошто го одби продолжението на „Сексот и градот“ (ФОТО) https://arhiva.vistina.com.mk/cel-svet-go-chekashe-ova-samanta-konechno-prizna-zoshto-go-odbi-prodolzenieto-na-seksot-i-gradot-foto/ Thu, 09 Jun 2022 09:58:32 +0000 https://vistina.com.mk/?p=253563

Актерката Ким Катрал, која се прослави со улогата на Саманта во хит серијата „Сексот и градот“, ги потврди претходните наводи дека не и се допаѓа заплетот на планираниот трет филм за Њујорчанките. Ким долго време одбиваше да зборува за причините поради кои повеќе не е дел од познатата серија и филмски продолженија. Иако често се шпекулираше за нејзината врска со Сара Џесика Паркер, која ја игра Кери во серијата, Катрал секогаш се воздржуваше од одговарање на вакви прашања. Пред да го види светлото на денот продолжението „And Just Like That“, Ким едноставно изјави дека не сака да биде дел од новите епизоди бидејќи знае „кога е доста“. Се пишуваше многу  за дополнителни причини зошто славната Саманта нема да се појави во продолжението, а една од нив беше поврзана со заплетот. Како што тогаш објавија некои медиуми, една од приказните требало да се занимава со непријатна ситуација кога 14-годишниот син на Миранда и испратил на Саманта експлицитни фотографии од целиот орган. Ким сега за прв пат ги коментираше овие наводи. „Тоа е потресно“, изјави актерката во интервју за „Variety“ и делумно потврди дека приказната е вистинита. Наместо тоа, самата Катрал смислила алтернативна верзија на сценариото, во која ја губи својата компанија за односи со јавноста, која ја сметала за подобар заговор. Актерката рече дека нејзината идеја за убедлив заговор би била дека Саманта мора да ја продаде својата компанија на „некој човек облечен во дуксер,  тоа е дилемата што таа  ја има“. „Тоа е заплет, наместо малолетно момче“, рече Ким, која на крајот ја одби улогата. Фото: Принтскрин/Профимедиа]]>

Почина еден од омилените ликови од серијата „Сексот и градот“ https://arhiva.vistina.com.mk/pochina-eden-od-omilenite-likovi-od-serijata-seksot-i-gradot/ Wed, 22 Sep 2021 08:50:20 +0000 https://vistina.com.mk/?p=220103

Познатиот актер Вили Гарсон познат по улогата Стенфорд од серијата „Сексот и градот“ почина на 57 години. Американските медиуми тврдат дека долго време се борел со карцином. Веста ја потврди и HBO, сервисот кој ги продуцира новите епизоди на серијата на кој работеше и Гарсон. На сет за последен пат бил виден во текот на јули. „Вили Гарсон, како на екраните, така и во животот, беше верен пријател и светла точка на секој кој беше во неговиот живот. Го создаде еден од омилените ликови на серијата и беше дел од нашето семејство речиси цели 25 години. Многу сме тажни поради неговата смрт и упатуваме сочувство до неговото семејство и блиски пријатели“ изјави потпаролот на HBO. Синот на актерот, Нејтен, кого го посвои во 2009 година,му оддаде почест на својот татко во емотивна објава на Инстаграм. „Те сакам многу тато. Почивај во мир и многу ми е мило што ги сподели со мене сите твои авантури. Горд сум на тебе“. „Секогаш ќе те сакам, но мислам дека е време да тргнеш во своја авантура. Секогаш ќе бидеш со мене. Ти беше најдуховитата и најпаметната личност што сум ја познавал. Мило ми е што ја сподели твојта љубов со мене. Тоа никогаш нема да го заборавам“.
 
View this post on Instagram
 
A post shared by Nathen Garson (@nathen_garson)

  фото: VINCE BUCCI / AFP / Profimedia/Tanjug ap]]>

Протекоа детали за новите епизоди на „Сексот и градот“, фановите се шокирани: Нѐ очекува „голема“ смрт! https://arhiva.vistina.com.mk/protekoa-detali-za-novite-epizodi-na-seksot-i-gradot-fanovite-se-shokirani-n-ochekuva-golema-smrt/ Wed, 11 Aug 2021 10:28:40 +0000 https://vistina.com.mk/?p=214679

Како што се снимаат нови продолженија на серијата „Сексот и градот“, во јавноста се појавуваат нови детали. Враќањето на славната „Ѕверка“ го потврди самата Сара Џесика Паркер, која објави заедничка фотографија на „Инстаграм“ и ги воодушеви фановите на серијата, но веста што избега од сетот веројатно нема да го има иститот ефект. Имено, „Daily Mail“ пренесува дека извор близок до тимот на серијата открил дека еден од главните ликови ќе умре во првата епизода, со што започнаа шпекулации за тоа кој би можел да биде.
Некои мислат дека тоа е „Ѕверката“, додека други веруваат дека е ликот на Саманта, бидејќи актерката Ким Катрал одби да учествува во новите продолженија. Изворот тврди дека продуцентката Сара Џесика Паркер сака „да ја размрда публиката и да им покаже нешто различно од она на што се навикнати во претходното издание, нешто каде што сè може да се случи и секој може да си замине, исто како и во реалниот живот“.]]>

Саманта дефинитивно нема да ја гледаме во „Сексот и градот“, а шпекулациите излегоа вистина https://arhiva.vistina.com.mk/samanta-definitivno-nema-da-ja-gledame-vo-seksot-i-gradot-a-shpekulaciite-izlegoa-vistina/ Fri, 07 May 2021 10:14:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=201676

Серијата „Сексот и градот“ беше премиерно прикажана во 1998 година и веќе со првата епизода постигна светски успех. Популарноста на приказната за животот на четвори њујорчанки продолжува и денес, па фановите беа воодушевени од веста дека ќе бидат снимени 10 нови епизоди. Но, без Саманта, затоа што Ким Катрал одби да се појави. Се подготвува нова реализација, но не беше во предвид Ким да ја прифати понудата да игра во продолжението на серијата, бидејќи е во кавга со преостанатите три главни актерки. Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким Катрал во новата продукција. Според странските медиуми, сите три актерки се црни, со цел да ја прикажат 2020 година од 21 век во Њујорк. Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким во оваа легендарна улога, па многумина коментираат дека нема ни да го погледнат продолжението на оваа веќе култна серија, која ќе се вика „И баш така“. Серијата ќе се снима на крајот на пролетта како дел од HBO Max. Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон повторно ќе ги играат истите улоги, а тие ќе бидат и извршни продуценти на серијата. Инаку, оваа популарна серија, која има и две филмски продолженија, се снимаше во шест сезони и има 94 епизоди. Уште во 2007 година беше прогласена за најдобра серија на сите времиња и освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.]]>

Дали славната манекенка ќе биде новата Саманта во продолжението на „Сексот и градот“? (фото) https://arhiva.vistina.com.mk/dali-slavnata-manekenka-kje-bide-novata-samanta-vo-prodolzenieto-na-seksot-i-gradot-foto/ Tue, 06 Apr 2021 09:29:44 +0000 https://vistina.com.mk/?p=197741

Најпознатата германска манекенка Хајди Клум на својот Инстаграм профил ги изненади своите следбеници со фотографија на која позираше со sвездите од серијата „Сексот и градот“ и напиша дека ќе ја замени Ким Катрал во улогата на Саманта Џонс. - Како велите Саманта на германски јазик? Беше толку тешко да се одржи ова изненадување, но конечно можам да споделам дека се приклучувам на новата сезона на „Сексот и градот“! Едвај чекам да испијам „космо“ коктел и да прошетам чевли Маноло Бланик со овие неверојатни дами - напиша Клум и воодушеви милиони нејзини обожаватели. Сепак, по неколку часа, таа објави видео и во описот напиша дека само се шегува, со оглед на тоа дека е 1 април. - Само се шегувам. Април-шега - напиша Хајди, сепак, обожавателите на серијата сè уште не и веруваат и тврдат дека сè е вистина, само што сè уште не смее да објавува детали за нејзината улога, но и дека Хајди е создадена за оваа улога. Да потсетиме, во новиот „Сексот и градот“ ќе ги следиме авантурите на Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристен Дејвис) во нивните 50-ти години. Како што е познато, некои ликови во оваа реализација, сепак, нема да ги видиме, како што се Саманта, Ѕвeрката и Стив Брејди.]]>